Пивара Скопје со инвестиција од 1,4 милиони евра во нова современа опрема
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Пивара Скопје ја претстави новата опрема за полнење во чија набавка и инсталирање се вложени над 1,4 милиони евра, со што вкупните инвестиции на компанијата во производството на пиво и безалкохолни пијалаци во изминатата деценија надминаа 40 милиони евра.

Со капацитет за полнење кој достигнува и до еден милион шишиња за едно деноноќие, новата софистицирана опрема го зголеми за 30% вкупниот капацитет на постојната линија за полнење на пиво во Пивара Скопје. Дополнително, поради својата флексибилност, новата опрема овозможува зголемување на можностите и иновациите во проширување на асортиманот на пакување на пивото во стаклена амбалажа со нови форми и димензии.

FOTO_Nova oprema 2

„Сведоци сме на еден исклучително значаен момент за сите нас во Пивара Скопје, за нашите партнери, за потрошувачите и секако за целата домашна индустрија за производство на пијалаци. Оваа нова, технолошки напредна опрема за полнење е многу повеќе од обична машина. Тоа е инвестиција која отвора ново поглавје во развојот на Пивара Скопје, но и нов поттик за развојот на целокупната пивска индустрија“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ, нагласувајќи дека „со најновото вложување, вкупните инвестиции на Пивара Скопје во иновации, модернизација на производството и останатите сегменти, во последните 10 години надминаа 40 милиони евра, со што долгорочно се гарантира одржливиот развој на компанијата, се зајакнува нејзината конкурентност, како и силното позитивно влијание врз зедницата и домашната економија“.

Новата современа опрема за полнење на пиво во стаклени шишиња е произведена специјално за потребите на Пивара Скопје, од страна на реномираниот светски производител на ваков вид опрема – компанијата Кронес. Официјалниот почеток со работа на новата опрема следува по скоро тримесечни темелни подготовки, калибрирања и тестирања на нејзините перформанси, со што се обезбедени сите гаранции дека новата опрема, со своите напредни технички и технолошки можности, ќе го зголеми нивото на сигурност и брзина во производството и ќе обезбеди да се задржи високиот квалитет на пивото.

„Пивара Скопје отсекогаш применувала најсовремена технологија за производство на пиво, која во комбинација со знаењето, вештините и искуството на вработените, стекнати во изминатите 93 години, ни овозможува да создаваме пиво според највисоките стандарди и критериуми за квалитет. Оваа нова современа опрема, со своите врвни перформанси и напредни техолошки решенија е одлично продолжение на успешната приказна за создавањето на пивото со кое сите ние се гоордеме и во кое уживаме“, вели менаџерот за производство на пиво во Пивара Скопје, Кирчо Стојанов.

Значајна карактеристика на новата опрема за полнење на пиво е нејзината висока ефикасност. Таа е целосно компатибилна со системите за заштеда на вода и енергија во Пивара Скопје, со што компанијата уште еднаш ја потврдува својата долгорочна определба за заштита на животната средина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×