„Плати на пријател“ и „Подели сметка“ – нови опции на мобилното банкарство на НЛБ Банка
Објавено на од во Компании
„Сега, при секое излегување во град, шопинг, посета на кино или ресторан, или за каква било друга финансиска потреба, клиентите ќе можат да платат на пријател или да ја поделат сметката, а изјавите „не носам готовина“, „го заборавив паричникот, ќе ти вратам утре“ или „јас ќе платам сега, утре ти“, со НЛБ мКлик стануваат дел од минатото“ – изјави г-дин Антонио Аргир, Претседател на Управен одбор на НЛБ Банка.
NLB_Plati_na_prijatel
НЛБ Банка од денеска за сите свои клиенти воведе нови начини на брзи плаќања во рамките на НЛБ мКлик – мобилното банкарство. Станува збор за две иновативни платежни решенија „Плати на пријател“ и „Подели сметка“ кои на клиентите им овозможуваат да префрлат средства или да поделат сметка со своите пријатели, едноставно само со избирање на контакт од нивниот телефонски именик.
 „Како лидер во дигитализацијата на македонскиот пазар, постојано работиме на надградба на дигиталните канали и воведуваме современи, иновативни и технолошки напредни решенија. Со тоа Банката како стабилна институција која ужива висок степен на углед и доверба, користејќи го своето искуство и знаење, полека ги добива карактеристиките на финтек компанија. Со новите функционалности на клиентите им овозможуваме да го искусат најсовремениот начин на плаќање и притоа на брз и едноставен начин да префрлат пари на своите пријатели или со нив да ја поделат сметката само со бирање на телефонски број од нивниот именик. Сега, при секое излегување во град, шопинг, посета на кино или ресторан, или за каква било друга финансиска потреба, клиентите ќе можат да платат на пријател или да ја поделат сметката, а изјавите „не носам готовина“, „го заборавив паричникот, ќе ти вратам утре“ или „јас ќе платам сега, утре ти“, со НЛБ мКлик стануваат дел од минатото“ – изјави г-дин Антонио Аргир, Претседател на Управен одбор на НЛБ Банка.
 Новите функционалности се во насока на подобрување на корисничкото искуство и имаат за цел да понудат нови, брзи и едноставни начини за плаќање, достапни во секое време. На овој начин мобилното банкарство полека го презема приматот на главен канал за извршување на сите банкарски трансакции.
 НЛБ мКлик – мобилното банкарство за физички лица овозможува вршење на сите типови на трансакции, како и постојан увид во сите сметки на клиентите. Претставува основна апликација за комуникација меѓу Банката и клиентите и клиентите се во постојана интеракција со Банката преку различни нотификации за реализирани трансакции и приливи, пораки и известувањата. Апликацијата е достапна и може да се преземе на Google Play и Apple store.
Повеќе информации во врска со новите функционалности може да се добијат на следниот линк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×