Платите на македонските директори 4.000 евра месечно
Објавено на од во Економија

Заради нетранспарентноста на акционерските друштва по ова прашање, во Македонија речиси е невозможно да се дознаат висините на платите на главните извршни директори. Неофицијално, тие изнесуваат во просек околу 50.000 евра годишно, со се бонуси  и се меѓу најниските директорски плати во Европа.

Околу 50.000 евра на годишно ниво во бруто износ, или нешто над 4.000 евра месечно,  е просечната плата на компаниските шефови во Македонија, вклучително и бонусот, кој што во просек учествува со 20% во оваа сума. Ова се неофицијални податоци базирани врз искуството што аналитичарите од Pedersen &Partners, светска консултантска компанија, го имаат истражувајќи го македонскиот пазар. Тие не можат да дадат официјален податок од нивното истражување, како за другите земји од Европа, бидејќи истражувањата на оваа тема во земјава одат малку потешко во споредба со другите пазари. Пред с$ заради високото ниво на доверливост во компаниитеоколу овие податоци, односно нивната затвореност по тоа прашање.

“Платите на главните извршни менаџери во Македонија се разликуваат од сектор до сектор и во зависност од големината на компанијата. Некои менаџери заработуваат помалку, некои пак многу повеќе од просекот“, вели Конрад Прамбок, менаџер на консалтинг за награди во Pedersen & Partners.

Платите на топ менаџерите во Македонија, како и на сите останати вработени, се меѓу најниските во Европа. Колку за споредба, годишна плата од 50.000 евра заработува поискусен личен асистент во Германија или инженер со три години работно искуство.

Од  понеделник читајте:

-Во Македонија платите на топ менаџментот најстрога тајна
-Колку заработуваат балканските топ менаџери
-Кои се најплатените директори во светот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×