Платите на македонските топ менаџери помали годинава
Објавено на од во Компании

Во 2015 година има тренд на благо намалување на просечната плата на топ менаџерите во Македонија, покажува истражувањето на Педерсен и Партнерс. На светско ниво, просечната плата на топ менаџерите во светот пораснала за 3,8%  на 1.45 милиона евра. 

Во Македонија платите на топ менаџерите годинава опаѓаат со мал процент, покажува студијата на хедхантинг компанијата Пердерсен и Партнерс (Pedersen & Partners), спроведено на светско ниво.

“Тоа се должи на многу причини, но можеби најважно е тоа што економијата во земјата е повеќе фокусирана на поддршката на нови инвестиции, со што и бројот на менаџери се зголемува. Тоа на долг рок сигурно ќе ја донесе земјата на ниво каде што ќе може да ги следи светските тенденции по ова прашање, а тоа е движење на платите во зависност од големината на профитите и бројот на вработените, но засега, тие механизми и формули сe’  уште се повеќе правило за поголемите и поразвиени економии, отколку за останатите.“, објаснува Конрад Прамбок, менаџер на Консалтинг за награди во Педерсен и Партнерс, автор на студијата.

Инаку, студијата покажува дека средната парична награда за високо поставен менаџер во голема, глобална корпорација изнесува бруто 1.45 милиони евра со средно покачување од 3.8% споредено со минатата година. Оваа сума вклучува 711 600 евра основна плата и 738 000 евра краткорочен бонус, бруто, годишно. Во просек основната плата се покачи за 4.5.%, а варијабилната компензација за 2.7%.

Истражувањето на Педерсен и Партнерс е спроведено меѓу 1800 менаџери во 380 компании и 18 држави. Истражувањето покрива високо поставени менаџери во најголемите светски компании со просечно 133 300 вработени, промет од 42.7 милијарди евра и профит од 4.1 милијарди евра.

Топ менаџерски пакет 2015 2014 Промена
Основна плата € 711,600 € 681,000 + 4.5%
Бонус € 738,400 € 719,000 + 2.7%
Вкупно кеш € 1,450,000 € 1,400,000 + 3.8%
Инфо за компанијата 2015 2014 Промена
Број на вработени 133,300 133,000 + 0.2%
Годишен промет €  42.7 млрд. €  42 млрд. + 1.6%
Профит на компанијата € 4,08 млрд. € 4,1 млрд. - 0.4%

Американските менаџери добиваат повисоки покачувања од тие во Западна Европа

“Стагнирачката економија диктираше платите на топ менаџерите во повеќето западни држави да растат релативно благо, обично 3 – 4% на година,” вели авторот на студијата.  “Американските компании се голем исклучок тука, со плати на топ менаџери коишто се покачија со 5.6 % во просек, споредено со минатата година. Нема објективни причини за тоа, бидејќи и профитите на компаниите и бројот на вработени се намалија за малку“.

Платите се зголемуваат со поголем збир на одговорности 

Збирот на одговорности е решавачки фактор за определување на нивото на пакетот на топ менаџерот. Во сите индустрии, платите на топ менаџерите во поголемите компании се доста повисоки од тие на менаџерите во помалите компании. Во просек, топ менаџерската плата се зголемува за 650 000 евра со секои 50 000 вработени.

Профитот на компанијата ги определува бонусите на менаџерите

Краткорочниот бонус е важна компонента на топ менаџерскиот пакет, при што бонусот за постигнати таргети обично е колку и основната годишна плата. Бонусот на повеќето топ менаџери се премеруваат со профитот на компанијата, особено EBIT. Генерално кажано, намалувањето на профитите на компанијата доведува до значително намалување на бонусите на топ менаџерите, додека растечките профити водат до значително повисоки бонуси.
Меѓународна споредба
Компаниите од Западна Европа и САД им предлагаат на своите топ менаџери слични пакети во смисла на основна плата и бонуси. Во просек, вкупната парична награда (вклучувајќи ги краткорочните бонуси) е помеѓу 1.4 и 1.5 милиона евра.

Најголемите разлики во структурата на пакетите се гледа во долгорочните придобивки, коишто се најмногу во формата на опции за акции. Компаниите од САД им доделуваат опции за акции на своите топ менаџери со вредност од 470 000 евра во просек, додека топ менаџерите во Европа добиваат опции за акции со вредност од само 109 000 евра во просек.

Од глобална гледна точка, платата на топ менаџер е највисока во САД и Западна Европа. Во просек платите на топ менаџерите во најголемите компании во  пазарите во развој, како што се Кина, Индија и Јужна Африка, се значително под нивото на западните држави, но нивните покачувања се повисоки.  „Моментално, платите на високо поставените менаџери се зголемуваат за просечно меѓу 3 и 5% во западните земји, и меѓу 7 и 10% во пазарите во развој.“ потенцира Прамбок.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×