Платите на мажите и жените ќе се изедначат за 118 години
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

wage-gapСветскиот економски форум верува дека ќе бидат потребни уште 118 години за глобалната нерамномерност во платите меѓу мажите и жените да се изедначи.

Во Извештајот кој беше објавен во четвртокот за рамноправноста на половите за 2015 година, вклучува 145 земји во кои ја следи рамноправноста на половите во четири клучни подрачја: економија, политика, образование и здравство.

Заклучоците покажуваат дека жените денес заработуваат толку колку што мажите заработувале во 2006 година. Со години веќе не се остварува напредок во намалување на разликата во платите меѓу половите, тврди водечката авторка на ова истражување Садиа Захади, и покрај фактот што 250 милиони жени повеќе има денес на пазарот на труд во споредба со десет години порано.

Според Светскиот економски форум жените денес заработуваат годишно по 10.400 евра во просек на глобално ниво, во споредба со мажите кои заработуваат 19.400 евра.

На врвот на листата земји каде постои најмала разлика во платите меѓу половите, очекувано, се нордиските земји – Исланд, Норвешка, Финска и Шведска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×