Пленковиќ доби мандат за состав на новата хрватска Влада
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, од претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, доби мандат за составување на новата влада, откако денеска со 91 пратенички потпис докажа дека има поддршка од мнозинството во новоизбраниот Парламент.

Грабар-Китаровиќ по поводот изјави дека ова е многу важен момент за Хрватска, бидејќи граѓаните очекуваат нов процес што ќе биде експедитивен, како и нова влада што ќе преземе одговорност за процесите во земјата, поврзани со економските, демографските, социјалните прашања.

Пленковиќ рече дека до 91 потпис дошол по договор на ХДЗ со Мост, како и со сите осум малцински застапници и со партијата на градоначалникот Милан Бандиќ.

Како приоритети на идната влада тој ги најави економијата, работните места, конкурентоста, демографската обнова, функционирањето на правната држава, политичката стабилност и предизвиците со кои земјата се соочува однадвор и одвнатре.

Пленковиќ, кој е европарламентарец, до неодамна беше непознат за пошироката хрватска јавност, и „преку ноќ“ стана најпопуларен политичар во државата, а аналитичарите сметаат дека така е благодарение на фактот што е ново лице на политичката сцена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×