Плевнелиев: Северна Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ, Макрон греши
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Северна Македонија мора да ги почне преговорите со Европската Унија, а францускиот претседател Емануел Макрон не треба да го блокира тоа, смета поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев.
плевнелиевВо изјава за БГНЕС, Плевнелиев вели дека ЕУ треба да донесе одлука за старт на пристапните преговори и со Северна Македонија и со Албанија со што ќе го покаже својот кредибилитет и стабилизирачка улога на Балканот.
-Отсекогаш сум бил против кога некоја од земјите членки на ЕУ, како што е сега случајот со Франција поради внатрешно-политички причини ги блокира проширувањето на Унијата и заедничките проекти кои се од општ интерес. Сите знаеме колку е важно Северна Македонија и Албанија сега да добијат покана за почеток на преговори. Во момент кога има многу силен геополитички судир на Балканот, ЕУ мора да ја покаже својата сила и моќ, вели Плевнелиев.
Потсетува дека своевремено и Бугарија била жртва на таквата политика, од страна на Холандија.
Плевнелиев ја повика Франција да не подлегнува на внатрешно – политичките битки и да мисли на заедничкиот, а не само на сопствениот интерес.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×