По 10 години од четврток повторно директна авиолинија на релација Скопје – Атина
Објавено на од во Економија

aegean-a320 (1)На 1 ноември во четврток во 18 часот на Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде одбележано воспоставувањето на директни летовите помеѓу Скопје и Атина од страна на грчката авиокомпанија „Ејџиан Ерлајнс“ (Aegean Airlines), најави денеска ТАВ Македонија, концесионер на аеродромите во Скопје и во Охрид.

На новата авиолинија, согласно зимскиот ред на летање, ќе се реализираат летови двапати неделно, секој четврток и вторник, а летовите ќе бидат со авион „кју400“ со капацитет од 78 патници.

На настанот се најавени обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот за земски операции во Aegean Airlines Панос Николаидис и на генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој.
„Ејџиан Ерлајнс“ ја најави линијата во октомври минатата година, а авионското поврзување помеѓу двата града се случува по повеќе од 10 години.
Претходно од 2003 година неколку години постоеше директно авионско поврзување меѓу Скопје и Атина, со редовна линија, пет пати седмично, кое беше прекинато.
Авионот секој вторник од Атина ќе тргнува во 9 часот по локално време, а во 9.45 од Скопје по македонско време.
Во четврток летот од грчкиот главен град е во 18.40 часот, а од македонската во 19.25 часот.
Од Скопје до Атина, и обратно, ќе се стигнува за 1 час и 15 минути.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×