По 11-ти пат доделени националните награди за општествено одговорни практики
Објавено на од во Економија

Дваесет и пет компании пријавија вкупно 38 проекти на овогодишниот конкурс за најдобри општествено одговорни практики во организација на Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност. 

7

 

 

 

 

 

 

Општествено одговорните проекти на ЕВН Македонија (ЕВН волонтира), Шпаркасе банка Македонија  (PET-FRIENDLY банка), Елколект Скопје (Биди супер херој), Пакомак-Скопје (Хокус покус, рециклирањето е во фокус), Адора Инженеринг (Најголемата внатрешна градина во Европа), Охридска банка АД Скопје (За чист град пазари со нашата Мастеркард), Универзитет „Американ Колеџ“ – Скопје  (Хумантирана акција на уметнички дела), Интерворкс ДООЕЛ Битола (Чист воздух – здрави деца во Битола) и  НЛБ Банка –Скопје (Пријателство со Специјална Олимпијада Македонија) годинава се закитија со Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата во Македонија 2018, во вид на статуетки во петте различни категории.

„Деловната заедница во Република Македонија станува комплетно свесна дека секоја водечка компанија треба да биде општественоодговорна.  Прво, затоа што тоа е во интерес на претпријатијата, бидејќи  обезбедува придобивки за компаниите во управувањето со ризикот, заштедите на трошоци, пристапот до капитал, односите со клиенти, управувањето со човечки ресурси и нивната способност за иновации. Потоа, затоа што концептот на општествената одговорност е во интерес на националната економија, создавајќи повеќе одржливи и иновативни компании, но и на економијата на ЕУ – онаму каде што сакаме да бидеме. И трето, општествената одговорност е во интерес на општеството, на заедницата во која живееме, бидејќи нуди збир на вредности врз кои можеме да изградиме повеќе кохезивно општество и да ја продолжиме транзицијата кон одржлив економски систем“, рече министерот за економија Крешник Бектеши на единаесеттата традиционална годишна манифестација – Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата во Македонија, во организација на Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност (КТООП).

Плакети, пак, годинава добија проектите на ДУНА ДОО (ДУНА Тим), Оне.Вип (Mamforce стандард), Охридска банка (Култура и однесување), ГЕМАК Трејд (Skopje Cocktail Week), ТАВ Македонија (Стимулации за авиокомпании и туроператори на ТАВ Македонија), Евросуровина ПА ДООЕЛ Битола (Општество без отпад), ОКТА АД Скопје (Фиторемедијација на почва измешана со јаглеводороден талог), РАМСТОР Македонија – Скопје (Планирај глобално, делувај локално), Раде Кончар ТЕП (Како да ја згрееш симпатијата), Охридска банка АД скопје (Натпревар за најдобра бизнис идеја „ЧИСТА 10-ка“) и Оне.ВИП Скопје (Интернетот не е само игра…Кликај безбедно).

Признанието за најинвентивна практика го доби проектот „ЕВН волонтира“ на ЕВН Македонија – Скопје.

Годинава за оваа награда на конкурсот беа пријавени 38 проекти, од 25 претпријатија, а радува фактот што бројот на мали и средни претпријатија кои аплицираат со општествено  одговорни проекти се зголемува, па дури и го надминува бројот на големи фирми, така што годинава односот е 13 мали и средни наспрема 12 големи претпријатија, додека според бројот на проекти, големите се во предност (23:15). И оваа година аплицирале 7 новодојдени во друштвото на искусни општествено одговорни претпријатија, што покажува дека интересот за Националната награда континуирано расте.

Претседателот на КТООП Александар Николов, во своето излагање истакна: „Секоја година има стабилен број на претпријатија кои првпат аплицираат за Наградата и од нови сектори во стопанството. Тоа покажува дека претпријатијата ги следат позитивните примери од своите конкуренти и се почесто ги применуваат општествено одговорните практики во своето деловно работење. Особено сме задоволни што во категоријата ‘Однос кон вработените’, е констатиран евидентен напредок на поднесените проекти. Во оваа категорија годинава претпријатијата конкурираат со проекти кои пред сè се однесуваат на благосостојбата на вработените“.

Кус осврт на годинешната награда даде и претставникот на Секторот за ООП при Министерството за економија, д-р Маја Ќурчиева: „Од 25 компании, 12 се големи, што претставува 48% од вкупниот број субјекти, а 13 се МСП (52%), поточно три  микро, едно  малo и девет средни. Од вкупно 38 проекти, 23 се на ГП (61%), а 15 на МСП (39%). Притоа, 22 субјекти се од Скопје (88%), а три од други градови. За првпат аплицираат седум компании што претставува 28% од вкупниот број на апликанти. Од седум дебитанти, шест  се МСП, а едно е големо претпријатие. Во сите пет категории конкурираа Рамстор Македонија и Охридска Банка; во три  категории Раде Кончар ТЕП, во две категории Адора Инженеринг, Шпаркасе Банка и Оне.ВИП“, сумираше Ќурчиева.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×