5 март, 2025
14 mins read

Лена Зикова, Основач на Институт Концепт

Институт Концепт е комплетно посветен на организацискиот развој на луѓето и организациите било во приватниот сектор или во јавната администрација. Слободно можам да кажам, со сето мое стекнато искуство откако ја создадовме оваа организација, дека денес Институтот Концепт е лидер кога станува збор за темите од организацискиот развој на компаниите, и администрацијата, како и специфичните и фокусирани вештини потребни во професиите и работниот процес.

По 12 години од основањето денес сме лидери во неформалното образование за градење вештини и знаење за голем број професионалци и компании!

Институт Концепт е комплетно посветен на организацискиот развој на луѓето и организациите било во приватниот сектор или во јавната администрација. Слободно можам да кажам, со сето мое стекнато искуство откако ја создадовме оваа организација, дека денес Институтот Концепт е лидер кога станува збор за темите од организацискиот развој на компаниите, и администрацијата, како и специфичните и фокусирани вештини потребни во професиите и работниот процес.

Во текот на секој месец се поставуваат десетина фокусирани обуки од различни сфери. Во текот на една година, реализираме повеќе од 100 еднодневни обуки, неколку конференции, десетина академии и модули и голем број на in-house обуки (организација на обуки внатаре во компаниите или во институциите).

Потоа, следуваат курсевите и академиите на кои се покриваат области за кои се потребни вештини. Посебно сме горди на нашите академии, а како најактуелни ќе ги издвоиме, Академијата за Човечки ресурси и Графички дизајн со вештачка интелигенција (midjourney).

Ова е приказната е за 12 годишното постоење на Институтот Концепт, преку кој поминаа повеќе генерации слушатели кои градејќи ги своите професионални вештини и стекнато знаење силно напредуваа во своите организации. Многумина од нив денес се и врвни раководители и менаџери. Што е важно и прептриемачи. Се ова потврдено со факти.

Лена Зикова е основач и менаџер на Институтот Концепт, и вели дека и таа и тимот не се свесни за важноста на оваа организација имајќи во предвид се што можело, и што се направиле за развојот на неформалното образование во Македонија, а што придонело за развојот на многу професионалци, лица и компании, институции кои денес можат да се пофалат со високо ниво на знаење, вештини и организациска способност.

„Со дванаесет години искуство, Институт Концепт има изградено силна репутација и доверба кај компаниите и индивидуалците. Од друга страна ние и денес работиме со енергија и ентузијазам како да сме почнале вчера. Таа енергија ја препознаваат нашите посетители кои откако еднаш ќе дојдат, во голема мерка, се враќаат и на други обуки. Со многумина од посетителите станавме и вистински пријатели. Видете, обуките во Институт Концепт се споделена енергија, знаење емпатија и забава„, раскажува Зикова.

Институтот Концепт промовира и нуди голем избор на обуки кои се прилагодени на потребите на различни индустрии. Од канцелариско и архивско работење до ИT вештини. Програмите покриваат широк спектар на области. Нивниот тим е составен импозантна бројка од реномирани експерти и професионалци со долгогодишно искуство. Тие ги водат обуките на начин кој е практичен и применлив.

„Институтот нуди флексибилни опции за обуки, вклучувајќи онлајн курсеви, in-house обуки и обуки на различни локации. Ова овозможува компаниите и индивидуалците да ги изберат најсоодветните начини за учење. Голем број на компании и учесници имаат позитивни искуства со нашите обуки и ги препорачуваат на други. Ова создава силна база на клиенти и партнери кои веруваат во нашата услуга„, вели Зикова, и објаснува:

„Постојано сме фокусирани на иновации и подобрување на програмите. Постои континуирано истражување и адаптирање на нови методи и технологии за подобрување на обуките. Следиме се што се случува во светот, собираме информации и знаење и ние внатре во организацијата постојано се усовршуваме со идеи за нови модули. И потоа брзо ги поставуваме и реализираме„.

Овие компаративни предности го прават Институт Концепт водечка организација во областа на неформалното образование во Македонија, која обезбедува врвен квалитет и поддршка за развој на компаниите и индивидуалците.

Нашите Академии се долги, траат повеќе месеци, и покрај теоријата, тие се реализираат преку 70% практична работа и вежби. Студентите од почетокот до крајот на студирањето доживуваат вистинска трансформација, од почетници до комплетно подготвен кадар за соодветната позиција. Институт Концепт тоа го гарантира.
Резултатите сами потврдуваат за ова што го кажувам. Обуките на Институт Концепт во текот на една година ги посетуваат, во просек, повеќе од 2.000 учесници. Во таа насока во изминатите 12 години, нашите обуки ги  посетиле повеќе околу 25.000 учесници. Обуките ги посетуваат различни субјекти, различни по големина, најчесто големи и средни компании и институции. Зависно од поставените теми не’ посетуваат и голем број на мали компании. Сите тие доаѓаат од различни сектори, од трговија, преку метална и хемиска индустрија, до фармација и други сектори. Присутен во голема мерка и јавниот и државниот сектор каде вработените ги имаат сосема истите потребни. Свесноста за нови вештини во голема мерка е присутна и во јавниот сектор.

Капитал: По дванаесет години која е вашата позиција на пазарот? Опишете го секторот на неформално образование во Македонија денес!

Зикова: Институт Концепт е деловен центар за тренинг и обуки, креиран за поддршка на развојот на компаниите во Македонија. Ние сме силно фокусирани да ги следиме потребите на деловните организации, и постојано да креираме обуки кои ќе го унапредуваат и поддржуваат развојот на компаниите. И тоа е нашата мисија поставена од првиот ден и трае до денес со сите промени – такви како што ги бара времето и моментот во кој сме.

Навраќајќи се назад низ годините, можам да кажам дека дадовме сериозен придонес на ова поле во вкупната сцена на македонското стопанство и пошироко во општеството. Сметам дека на компаниите им додадовме нова вредност. Многу наши посетители заминуваат среќни од тука, и пак се враќаат. Многу компании и учесници имаат позитивни искуства со Институт Концепт и ги препорачуваат нашите обуки. Ова создава доверба и мотивира други компании да ги користат нашите услуги. Не мотивира и нас во тимот што е особено важно.

Капитал: Зошто неформално образование?

Зикова: Неформалното образование е важен дел од целокупниот процес на учење и развој на лицата и организациите. Според студиите на UNESCO, околу 80% од луѓето во светот се вклучени во некаков облик на неформално образование во текот на својот живот.

Дополнително, истражувањата покажуваат дека луѓето кои учествуваат во неформално образование имаат 17% поголеми шанси за подобрување на своите професионални вештини и кариерно напредување. Што е многу важно и за професионалците во компаниите, во државната администрација, но и за сегашните и идните претприемачи. Потребно е повеќе знаење особено кај нас за да може да се покренуваат клучни процеси на реформите и развојот. Оваа потреба е детектирана одамна од многу инстанци дома и во странство.

Понатаму … во Европската Унија, околу 64% од возрасната популација учествува во неформални обуки и курсеви, а оваа статистика се зголемува секоја година.

Во Македонија, неформалното образование станува сè попопуларно. Пазарот и кај нас и во регионот на Балканот, а да не зборуваме за пазарите на ЕУ бара се повеќе и повеќелица со нови вештини и фокусирани конкретни знаења. Денес, особено во областа на технологијата, ИТ технологијата, АИ, и воопшто разните сектори во бизнисот.

Овие статистики покажуваат дека неформалното образование игра клучна улога во личниот и професионалниот развој на луѓето и придонесува кон нивната конкурентност на пазарот на трудот и овде и во регионот. А да не зборуваме за ЕУ.

Треба да објаснам дека, неформалното образование е флексибилно, достапно и често се прилагодува на индивидуалните потреби на учесниците, што го прави неопходен дел од современото образование.

На пример, според податоците на Државниот завод за статистика, најактивната возрасна група во неформалното образование во Македонија се лицата на возраст од 18 до 24 години, со учество од 28.1%. Оваа група е најактивна во различни форми на неформално образование, вклучувајќи курсеви, работилници и обуки на работното место. Овие податоци покажуваат дека младите луѓе се најзаинтересирани за подобрување на своите вештини и знаења преку неформално образование, што е позитивен знак за иднината на работната сила во земјата. И воопшто за идниниот развој на Македонија.

Капитал: Колку часа обука годишно треба да посетуваат вработените?

Пазарот на труд во моментот бара различни професии. Во македонската економија и институциите недостасува работна сила. Потрагата  по квалификуван, па ако сакате и неквалификуван кадар, е огромна. Можеби најсериозен проблем на компаниите е да дојдат до работен кадар, а уште потешко до добро оспособен кадар. Проблем е потоа и да го задржат тој кадар. Тоа е аспектот на компаниите.
Додека од страната на невработените, тие најчесто имаат интерес за сектори во кои можат лесно да се вработат, кои се добро платени или им овозможува поголема мобилност.

Зикова: Во ЕУ, вработените во просек поминуваат околу 10,5 часа на обуки годишно. Оваа бројка варира во зависност од земјата и индустријата. Генерално, компаниите во ЕУ активно инвестираат во развојот на своите вработени.

Во регионот на Балканот, вработените поминуваат помалку време на обуки во споредба со ЕУ. На пример, во Македонија, вработените во просек поминуваат околу 8 часа на обуки годишно. Оваа разлика може да се должи на различните економски услови и приоритети на компаниите во регионот. Овие податоци покажуваат дека постои простор за подобрување во однос на инвестициите во обуки и развој на вработените во регионот. Целта на која треба да се размислува е дека во македонската економија и општеството воопшто потребно е да се постигне повисоко ниво на конкурентност и продуктивност.

Во секој случај, препораките за бројот на часови на обуки кои вработените треба да ги поминуваат годишно може да варираат во зависност од индустријата, компанијата и спецификите на работното место.

Инаку треба да се знае дека особено за менаџерите и оние кои работат во професионални услуги се препорачува вработените да поминуваат од 40 до 80 часа годишно на обуки. Ова може да вклучува тренинзи за лидерство, проектен менаџмент, продажни и маркетинг вештини.

Во ИТ секторот, поради брзите промени и развој на технологиите, ИT професионалците често и сега поминуваат од 60 до 100 часа годишно на обуки и сертификации за да останат во тек со најновите трендови и алатки.

Производство и инженерство, се препорачува вработените да поминуваат од 40 до 60 часа годишно.

Воопшто земено, препораката е вработените да поминуваат најмалку 40 часа годишно на обуки и професионален развој. За да се видат ефектите во иднината.

Она што денес, после толку години го гледаме е фактот дека компаниите во Македонија се свесни и ја чувствуваат големата промена во опкружувањето што се случува забрзано. Зборувам за инвестициите, воведување нови технологии, и иновации, како и промени во пристапот на организирање! Оттука, е и потребата за брза реакција и прилагодување. Сите гледаме дека промените веќе се одвиваат, ако не на месечно тогаш на квартално ниво во годината. Почетокот на годината не е ист со крајот на годината. Постои флуктуација на работната сила, професиите мора да се сменат оти едни професии пропаѓаат, но други се раѓаат. Живееме и работиме во брзи времиња кои бараат секојдневно стекнување на нови знаења и вештини.

За среќа, голем дел од бизнисите сфаќаат дека промените може да ги направат исклучиво со ново знаење, па во таа насока и потребата од континуирана едукација.

Капитал: Која е предноста на неформалното во однос на формалното образование, дали се тие своевидна конкуренција едно на друго, или само се надополнуваат?

Зикова: Институт Концепт е силен поддржувач на формалното образование. Тоа треба да е столбот за креирање квалитетен кадар. Но, сметаме дека формалното образование треба брзо да се адаптира на промените, и да ги следи потребите на компаниите, бидејќи образованието само по себе не е цел. Целта е после формално образовниот процес економијата и општеството да создаваат професионалци.

Знаете …неформалното образование, и формалното образование, заедно имаат свои уникатни карактеристики и придобивки, кои ги прават различни. Но треба да знаеме дека ги прават и комплементарни. Тие се упатени едни кон други. Тој механизам, микс и комбинација е формулата за развојот на економијата и општеството која ние овде што живееме и работиме мора да ја разбереме.

Е сега … за разлика од формалното образование кое е строго дефинирана структура со курикулуми, наставни програми, испити и официјални квалификации, неформално образование е многу пофлексибилно, без строги структури и формални испити. Обуките и курсевите можат да бидат прилагодени на индивидуалните потреби.

Главна цел на формалното образование е да обезбеди акредитирани дипломи и квалификации и главно се насочува кон деца и млади луѓе.

Неформалното образование се фокусира на стекнување на практични вештини, личен и професионален развој, и е насочено кон луѓе од сите возрасти, особено возрасни лица и професионалци кои сакаат да ги подобрат своите вештини и знаења.

Она што е проблем кај нас, и тоа веќе сите го знаат е што, за жал, кадрите кои излегуваат од студентските клупи, излегуваат со застарено теоретско знаење, без реализирана студентска пракса, без вештини и без допир со ниту една компанија. При нивното вработување потребно им е околу 3-6 месеци да се адаптираат на работната средина и комплетно да ги исполнуваат работните задачи, што е изгубено време и трошок за компаниите. Тука е клучно да се развиваат реформите во формалното образование.

Но, за среќа, студентите се свесни за овој момент и многу често уште во текот на студирањето бараат да се стекнат со дополнителни вештини, во просторот на неформалното образование. Тоа е таа комплементарност меѓу формалното и неформалното образование.

Сите отворени и  inhouse  обуки ги реализираат врвни експерти. Најголемиот фокус на тимот на Институт Концепт, покрај тоа да постави добра тема, е да ги обезбеди најдобрите тренери кои ќе ја предаваат темата, ќе споделат искуства, ќе работат практично и ќе бидат фокусирани на остварување конкретни резултати. Тоа се универзитетски професори, судии, експерти со долгогодишно искуство, експерти од реалниот сектор.
Нашата листа на предавачи брои повеќе од 200 домашни експерти и експерти од поширокиот регион на Југоисточна Европа со кои соработуваме долги години. Тие преку своите високо квалитетни предавања придонесуваат сите наши учесници на крајот од обуката да излезат со ново знаење, кое ќе ги промени состојбите во нивните организации, ќе ги надминат дилемите или ќе го унапредат своето работење.

Капитал: Како всушност функционира Институт Концепт?

Зикова: Институт Концепт е еден од малкуте центри кои комплетно се посветени  на организацискиот развој. И слободно можам да кажам, со сето мое стекнато искуство откако ја создадовме оваа организација, дека денес Институтот Концепт е лидер кога станува збор за темите од организацискиот развој на компаниите и администрацијата, како и специфичните и фокусирани вештини потребни во професиите и работниот процес.

Во текот на секој месец се поставуваат десетина фокусирани обуки од различни сфери. Во текот на една година, реализираме повеќе од 100 еднодневни обуки, неколку конференции, десетина академии и модули и голем број на in-house обуки (организација на обуки внатаре во компаниите или во институциите).

Потоа, следуваат курсевите и академиите на кои се покриваат области за кои се потребни вештини. Посебно сме горди на нашите академии, а како најактуелни ќе ги издвоиме, Академијата за Човечки ресурси и Графички дизајн со вештачка интелигенција
(midjourney).

Инаку, сакам да потенцирам, дека нашите Академии се долги, траат повеќе месеци, и покрај теоријата, тие се реализираат преку 70% практична работа и вежби. Студентите од почетокот до крајот на студирањето доживуваат вистинска трансформација, од почетници до комплетно подготвен кадар за соодветната позиција. Институт Концепт тоа го гарантира.

Резултатите сами потврдуваат за ова што го кажувам. Обуките на Институт Концепт во текот на една година ги посетуваат, во просек, повеќе од 2.000 учесници. Во таа насока во изминатите 12 години, нашите обуки ги  посетиле повеќе околу 25.000 учесници.

Обуките ги посетуваат различни субјекти, различни по големина, најчесто големи и средни компании и институции. Зависно од поставените теми не’ посетуваат и голем број на мали компании. Сите тие доаѓаат од различни сектори, од трговија, преку метална и хемиска индустрија, до фармација и други сектори. Определени теми се заеднички за сите типови на организации, па оттука и фактот дека не’ посетуваат различни компании, но со исти потреби. Присутен во голема мерка и јавниот и државниот сектор каде вработените ги имаат сосема истите потребни. Свесноста за нови вештини во голема мерка е присутна и во јавниот сектор.

Капитал: Кои се најважните вештини што ги бара пазарот во моментов, но и коишто во иднина ќе бидат потребни за новото дигитално време, а коишто може да се стекнат или усовршат со помош на програмите што ги нуди Институт Концепт? 

Зикова: Пазарот на труд во моментот бара различни професии. Во македонската економија и институциите недостасува работна сила. Потрагата  по квалификуван, па ако сакате и неквалификуван кадар, е огромна. Можеби најсериозен проблем на компаниите е да дојдат до работен кадар, а уште потешко до добро оспособен кадар. Проблем е потоа и да го задржат тој кадар. Тоа е аспектот на компаниите.

Додека од страната на невработените, тие најчесто имаат интерес за сектори во кои можат лесно да се вработат, кои се добро платени или им овозможува поголема мобилност.

Од програмите на Институт Концепт, најголем интерес има за дигиталните вештини, за човечки ресурси, а последните две години има силен интерес за обуките за вештачка интелигенција.

Капитал: Како го организирате follow up процесот на обуките, односно дали следите што се случува со кариерниот пат на вашите слушатели – пример, ако биле невработени, дали и колку брзо нашле работа! Ако не биле задоволни со моменталното работно место, дали промениле квалификација/професија?

Зикова: Институт Концепт има развиено сеопфатен follow-up процес за следење на напредокот и успехот на учесниците во обуките. Ова вклучува неколку клучни активности и методи:

После завршувањето на обуките, учесниците пополнуваат анкетни листови во кои даваат повратни информации за квалитетот на обуката, методите на предавање и примената на стекнатите вештини.

Што е важно … Компаниите кои ги испраќаат своите вработени на обуки исто така даваат повратни информации за влијанието на обуките врз продуктивноста и ефективноста на работното место.

Од друга страна … За учесниците кои не се задоволни со своето моментално работно место, Институтот нуди програми за преквалификација кои им овозможуваат промена на професијата и подобрување на вработливоста.

Кариерниот советник се’ повеќе има улога и на matchmaking на студентите со компаниите. Се’ поголем број на компании се обраќаат кај нас со цел да ги поврземе со нашите студенти. Тие се партнери на Институт Концепт! Преку потпишани меморандуми за соработка, тие за нив обезбедуваат пракса и можност за вработување. 

Овој тип на соработка е од интерес  за компаниите кои на полесен и побрз начин добиваат можност да вработат квалитетен стручен кадар, а додека студентите, полесно да се вработат. Институт Концепт постојано го промовира партнерството и е во потрага по нови партнери кои добро вмрежени, се од интерес на сите. Во моментот Институт Концепт има повеќе од 20 партнери и оваа листа секојдневно се проширува.

Капитал: Какви се вашите планови за понатамошен раст и развој на Концепт, дали можеби ќе развивате и други области во портфолиото?

Зикова: Во изминатите дванаесет години, ми се чини дека нема тема, мала или голема, која не беше поставена и реализирана. Дури и теми кои беа интересни само за мали сегменти, сериозно ги третиравме. Поставувавме различни обуки, кои ги реализиравме само еднаш, но и теми кои беа сфера на интерес долги години. Во таа насока, постојано ги следиме промените и веднаш реагираме. Кога има нови законски промени, нови потреби од обуки, веднаш ја прошируваме листата наслови и теми за обработка. Во таа насока, и во оваа година, најавуваме нови теми кои ќе бидат актуелни за компаниите.

Планираме да ја проширеме листата нови обуки и програми во области како што се дигитални вештини, иновации, вештачката интелигенција и зелените технологии. Ова ќе  овозможи да се задоволат потребите на пазарот, како и да се поддржат компаниите во нивниот развој.

Планиратме да ги прошириме програмите кои не само што ќе се фокусираат на професионален развој, туку и на личен развој, како што се обуки за емоционална интелигенција, лидерство и тимска работа.

Овие планови за развој и проширување ќе ни овозможат да останеме конкурентни на пазарот и да продолжиме да бидеме водечка организација во областа на неформалното образование. Со фокус на иновации, квалитет и личен пристап, Институт Концепт ќе продолжи да биде доверлив партнер за развој на компаниите и индивидуалците.


Академија за човечки ресурси

За оваа Академија сметаме дека е врвна во државата! Тоа го поткрепуваме со фактот декада успешно ги подготвуваме студентите за успешна кариера во ХР секторот.

Факт е дека по завршувањето на Акаедемијата најголем дел од студентите се вработија, мигрираа во други компании, а некои дури станаа ХР менаџери.

Академијата трае 12 недели и вклучува 11 модули, кои покриваат теоретски и практични аспекти на ХР. Студентите имаат можност да учат од врвни предавачи, и да работат на реални проекти, што им овозможува да стекнат практични вештини и знаења кои веднаш можат да ги применат на работното место.

Академијата за ХР на Институт Концепт е позната по својата флексибилност, со можност за следење на предавањата и онлајн, како и пристап до снимени материјали за сите пропуштени предавања. Институт Концепт исто така обезбедува поддршка за вработување преку својот Кариерен центар, кој ги информира студентите за отворени позиции во партнерските компании.


Капитал: Каков е вашиот став лично околу целиот тој концепт на обуки и воопшто работа од дома, околу што сега се кршат копја и на светско ниво? Кој модел е за вас поприфатлив и поодржлив на долг рок?

Зикова: Работата од дома стана особено важна во последниве години, особено со пандемијата COVID-19 која ги натера многу компании да прифатат модели на работа од далечина.

Овој модел нуди неколку предности.  Многу истражувања покажуваат дека работата од дома може да ја зголеми продуктивноста и задоволството на вработените, а исто така ги намалуваат трошоците за патување, и времето поминато во сообраќај. Вработените можат подобро да ги организираат своите времиња и да создадат баланс меѓу работата и приватниот живот.

Од друга страна, тоа ги крати трошоците на компаниите. Во услови на тешка економска година, со драстично зголемување на цените на сите енергенси, намалувањето на трошоците за компаниите е многу значајно.

Други компании пак, користат комбиниран модел. На пример, еднаш неделно се состануваат со физичко присуство со цел координација, поставување на нови планови и цели.

Идеалниот модел за иднината може да биде хибриден пристап кој комбинира работа од дома и работа во канцеларија. Овој модел овозможува флексибилност и ги искористува придобивките од двете страни. Компаниите може да организираат одредени денови за работа во канцеларија за тимска соработка и интеракција, додека останатите денови да се работи од дома за фокусирана работа и флексибилност.

Редакција Капитал

Редакција Капитал

...само идејата е Капитал, а сè друго е пари...

Напишете коментар

Your email address will not be published.

оди наВРВ

Не пропуштај