По аферата Ибица, изгласана недоверба на владата на канцеларот Курц
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Австрискиот Парламент денеска изгласа недоверба на преодната влада на канцеларот Себастијан Курц.

au parЗа недоверба гласаа пратениците на Социјалдемократската партија на Австрија (СПО), која го поднесе предлогот за гласање недоверба, поранешниот коалициски партнер Слободарска партија (ФПО) и пратениците од листата  Јецт.

Членовите на Народната партија (ОВП) на Курц, но и опозициската Неос гласаа против барањето на СПО.

Лидерката на СПО, Памела Ренди Вагнер синоќа изјави дека претседателството на таа партија и сугерирално на својата пратеничка група денеска да поднесе барање за гласање недоверба на целата влада.

Претходно, Јецт соопшти дека СПО ќе поднесе барање за гласање недоверба само на канцеларот Себастијан Курц, а не и на целата влада, откако од неа излезе Слободарската партија (ФПО) по т.н. Ибица скандал.

Вагнер одлуката ја образложува со тоа што Курц не ги искористил последните 10 дена од кризата за да создаде стабилност, да придобие мнозинство за својот предлог за нова влада, туку Парламентот го ставил пред свршен чин.

Со падот на Владата, Курц влегува во историјата како канцелар кој поминал најкратко време на таа должност, пократко и од претходниот рекордер Кристијан Керн.

Курц до денеска беше вкупно 525 дена на функцијата премиер.

Досега, овој рекорд го држеше Керн, кој помина 580 дена на канцелариската функција.

Исто така, и новите министри во преодната влада ќе бидат запаметени како министри со најкратко поминато време на функцијата во повоената историја на Австрија.

Министрите Екарт Рац, Валтер Пелтнер, Јохан Луиф и Валери Хакле, вклучувајќи го и денешниот ден, беа на министерските функции само пет дена.

Во повоената историја на Австрија, до Владата се поднесени 185 барања за гласање недоверба, но досега немало потребно мнозинство за усвојување.

Во претходните години, иако беа распишани предвремени избори и раскинување коалиции, дотогашните владејачки партии едногласно ги отфрлаа барањата за гласање за недоверба на владата.

Инаку, претседателот на Австрија Александер ван дер Белен се изјасни против „уривање“ на преодната влада и при полагањето заклетва на новите министри апелираше до политичарите да не размислуваат партиско-политички, туку државотворно до предвремените избори.

По одлуката на Парламентот, тој ќе го довери мандатот за формирање нова влада на некој друг.

Гласањето следеше по убедливата победа на партијата на Курц на европските избори во Австрија.

На вонредната седница усвоена е и одлука за распишување предвремени избори во септември.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×