По Анкара, Ердоган го губи и Истанбул
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Претходно, партијата на Ердоган, исто така, изгуби и во главниот град Анкара, што е прв пат откако беше формирана партијата.
The extraordinary summit of the Organisation of Islamic Cooperation (OIC)Кандидатот на главната опозициска Републиканска народна партија за градоначалник на најголемиот турски град Истанбул води на првичните резултати по вчерашните локални избори во Турција против кандидатот на Партијата на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Ова го објави шефот на Изборната комисија на земјата Сади Гювен, цитиран од “Ројтерс”.
Ѓувен прецизира пред новинарите дека Екрем Имамоглу од Републиканска народна партија освоил 4 159 650 гласа, а Бинали Јилдирим од АКП има 4 131 761 гласа. Тој, сепак, не прецизирал колку проценти од гласовите биле изброени.
Претходно Ердоган со половина уста признал дека Истанбул е изгубен.
Ердоган, кој доминираше во турската политика откако дојде на власт пред 16 години и ја водеше својата земја, за време на изборната кампања ги нарече изборите “прашање за опстанок” за Турција.
Турските телевизии објавија дека кандидатот на Националната народна партија Мансур Јавас победил во Анкара.
“Луѓето гласаа за демократијата, избраа демократија”, рече водачот на Национал-либералната партија, Кемал Калидароглу, истакнувајќи дека неговата секуларна партија ги освои Анкара и Истанбул и го придоби и приморскиот град Измир, трет по големина турски град.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×