По десетти пат доделени наградите за општествена одговорност на компаниите
Објавено на од во Компании
Изминатава деценија најнаградувани компании за општествено одговорни практики се ЕВН Македонија кај големите, и Раде Кончар – Теп кај малите и средни фирми.
133967231

 

 

 

 

 

 

 

“Алкалоид“ во категоријата “Однос кон вработените“, “Раде Кончар ТЕП“ за “Етичко управување“, Рамстор Македонија за “Односи на пазарот“, “Скопски легури“, “Адора инженеринг“ и Градежен институт Македонија за “Однос кон животната средина, како и “ЕВН Македонија“, “Фармахем“ и ОКТА во категоријата “Вложување во заедниците“, се добитниците на статуетките за најдобри општествено одговорни практики за 2017 година, на 10-то јубилејно доделување што се одржа денес во организација на Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата.

Признанието за најинвентивна практика го доби претпријатието Скопски Легури, со проектот „Од ‘отпад’ до производ“.

“Радува фактот што сe’ повеќе компании во Македонија се свесни дека со вложувањето во општествената одговорност инвестираат во својата конкурентност, најмногу заради тоа што овие практики станаа предуслов за работа и извоз на странските пазари, особено на оние во ЕУ“, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање денеска на настанот.

Годинава на конкурсот за наградите се пријавија вкупно 34 проекти, од коишто 24 на големи компании, а 10 на мали и средни. Најголемиот дел од фирмите што аплицираат се од услужниот сектор, финансискиот и ИКТ секторот, а најбројни биле апликациите со проекти во категоријата “Вложување во заедницата“.

133967225

 

 

 

 

 

 

“Наградата постепено ги остварува своите цели. Таа не само што овозможува да се споделат и афирмираат добрите практики на нашите компании, туку поттикнува и здрава доза на конкуренција во областа на општествената одговорност. Со тоа постепено се проширува семејството на фирми кои се запознаваат со значењето на општествено одговорното работење и секојдневно го практикуваат“, истакна Александар Николов, претседател на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата.

Инаку, изминативе десет години вкупно 173 домашни компании аплицирале со 540 општествено одговорни практики, од коишто наградени се 252.

Во категоријата големи компании, за 10-те години откако се доделува наградата, ЕВН Македонија е најнаградувана кај големите компании, со 8 статуетки и 9 плакети, пред Цементарница Усје (6,6), Фени Индустри (4,8), Адора инженеринг (3,10) и Алкалоид (3,5).

Кај малите и средни компании најнаградувана е Раде Кончар – ТЕП, со Дуна Компјутери (3,1) и Раде Кончар – Сервис и поправка (3,1).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×