По фамозната сторија за велешаните и Трамп
Објавено на од во НАУКА / ИНОВАЦИИ / БИЗНИС

E- commerce conceptКапитал анализира: како се заработува со привлекување реклами на интернет

Неколку влијателни светски медиуми објавија стории за тоа како стотина и кусур веб – сајтови регистрирани во  нашиот Велес, објавувајќи сензационалистички, многу често лажни или непроверени вести во корист на Доналд Трамп и неговата кампања за претседател на САД, заработиле многу пари од рекламите што се “лепат“ на овие сајтови заради големиот број на читатели. Buzzfeed.com објави дури  серија на  написи посветени на овие “велешки сајтови за Трамп“, што резултираше со прозивката на Facebook и Google дека всушност затаиле дозволувајќи лажни вести да влијаат врз изборната кампања во САД, а некој од тоа уште и заработил добро, и тоа во “некоја си таму Македонија“. На крајот, и Google и Facebook се огласија,  и ветија  дека ќе стават крај на информативните портали што дезинформираат и шират разни шпекулации. Но, “велешките е – бизнисмени“ си завршија работа…

 

Веста дека млади велешани заработиле купишта пари креирајќи веб- сајтови што пренесуваат пропагандистички вести за Доналд Трамп веќе сите ја знаеме и колку сето тоа предизвика сензација во јавноста деновиве, особено откако Трамп изненадувачки стана новиот претседател на САД.

За овие веб – страници прва во земјава пишуваше новинската агенција metа.мк уште пролетоска, кога јавија дека луѓе од неколку македонски градови, најмногу од Велес, направиле портали за вести  во потрага по повеќе кликнувања и по заработка. Петтемина млади велешани, со кои „Мета“ тогаш контактираше, посочија  дека финансискиот надомест им е најсилниот мотив за регистрирање на веб-сајтовите и дека нив ниту Трамп, ниту Хилари не ги интересираат.

“Смешно е да се верува во тоа дека овие луѓе водат легитимни медиуми и покрај тоа што на дневно ниво сериозните инвестираат повеќе од 8 работни часа, бидејќи страните што ние ги анализиравме (над 300 кои ги пронајдовме), а се дел од оваа шема го следат истиот концепт – инсталирање темплејт без никакви посебни подесувања ниту пак информација кој стои зад сајтот, крадење содржини (оние кои малку повеќе ќе навлезат преведуваат од македонски на англиски или пак минимално ги изменуваат) и комплетно спамирање на Facebook во секоја можна форма – преку групи, реклами, страни, приватни профили, лажни приватни профили и сл. “, пишува македонскиот информативен сајт за технологија it.mk.

Чести пракси се правење на групи кои се од општествен интерес или бараат или изразуваат поддршка, па откако ќе се стекне голем број на фанови, да се промени името на групата и да се користи за спамирање со линкови до содржина која содржи реклами. Се оди до таму дури и да се купуваат и нудат понуди за страни кои имаат голем број на лајкови, па така Daily Dot дури има и статија од август, насловена „Како спамери за малку ќе ја уништеа најголемата meme Facebook страна за Simpsons“ во која што има и слики од размена на пораки со извесен Александар Р. и Валентина Д. во кои тие му нудат пари на креаторот на групата за да ја откупат, објаснува It.mk.

Internet business 890 WEB 01

“Велешките сајтови за Трамп станаа светска сензација, а Facebook беше прозван дека покажал слабост и оставил лажни вести да влијаат врз избирачите во САД“.

Велешаните направија што направија пари, Facebook и Google велат нема повеќе на тој начин!?

Двете најголеми компании, Facebook и Google, кои се инволвирани во шпекулациите дека нивните платформи биле затруени со лажни вести кои влијаеле на изборите во САД, најавуваат драстични промени, како што јавија светските медиуми, а меѓу првите во земјава пренесе порталот it.mk. Google и Facebook ветуваат дека ќе стават крај на страниците кои дезинформираат и шират разни шпекулации, теории на заговор и т.н. clickbait линкови.

Речиси секој медиум кој ја третира темава, ја споменува Македонија и статијата на Buzzfeed. Несомнено, темата е разгорена и по шокот на многу Американци дека на изборите всушност победи Доналд Трамп, а не Хилари Клинтон, сега бараат објаснување како да го објаснат тоа што се случи – за многумина, лажните вести на Facebook се една од главните причини за победата на Трамп, нешто што дури и Марк Закерберг го негираше и го нарече лудост.

Околу идејата за како да се спречат овие сајтови најпрво се јави Google кој објави дека ќе стави крај на приходите на овие страници, елиминирајќи ги од AdSense платформата. Компанијата ќе ги исклучи можностите за користење на онлајн алатки за реклaмирање на овие веб страници, јави New York Times. За пример, дел од македонските веб сајтови кои во светските медиуми беа посочени како главни дезинформатори, тврдат дека немаат други приходи освен рекламите од Google, иако има многу сајтови кои користат и трети платформи за пласирање на реклами, кои исто така се на линија со етичкото пласирање на реклами. Земајќи го предвид фактот дека рекламните мрежи како ad.content и RevShare не познаваат баш етички граници како Google, ударот на Google со елиминирање на сајтовите од AdSense ќе влијае само делумно на нив.

Едноставно, спамирањето и објавувањето на лажни или ископирани (украдени) вести нема да функционира повеќе. Ваквите пракси лесно ќе се идентификуваат, со што Google ќе ги забрани  од своите алатки и AdSense, а и Facebook ќе ги избрише страните или пак ќе им го намали влијанието и дистрибуцијата на содржини. Ефектот кој е направен од ваквите лажни вести е преголем и е доста актуелен. Актуелна е генерално темата за политика и изборите во САД, но IT.mk идентификуваше скоро 1.000 сајтови за здрава исхрана поврзани со Македонија кои пласираат секакви информации, рецепти, лекови и бабини деветини што значи дека ударот од страна на Google и Facebook скоро сигурно ќе ги зафати и овие страни и сличните кои функционираат на ист принцип.

Како сега понатаму  “велешаните“ ќе прават пари? Промена на стратегијата, вели it.mk. Нудење квалитетна содржина и реален пласман на содржини – практично водење на легитимен онлајн медиум со јасно наведени извори, кој стои зад сајтот и слично.
Менување на стратегијата, стопирање на спамот и водење на онлајн медиум за скоро сите овие сајтови ќе значи шок – повеќе работа, помали приходи и повеќе проблеми. Па така претпоставка ни е и дека голем дел од сајтовите ќе си продолжат со истиот терк, наоѓајќи го приходот во други рекламни мрежи кои не се на Google.


google-adsense WEB

Adsense платформата на Google е моментално најактуелната алатка за заработка од реклами на вашиот вебсајт

Како со информативен веб – сајт се прават пари со помош на Google и Facebook?

Инкорпорирањето на платформата на Google, наречена AdSense, на вашиот  веб – сајт е само еден начин на заработка од онлајн рекламирањето – алатка од која што дечките од Велес ги направиле и најголемиот дел од парите всушност. Дискутабилно во нивниот случај е што многу се служеле со спамирање  (види  објаснуваме .

Што е АdSense? Тоа е платформа за објавувачи (publishers) односно сопственици на веб – сајтови или блогови што сакаат кај нив да бидат прикажувани реклами, односно Google Ads. Системот за оние што сакаат да ги рекламираат своите производи/услуги со помош на Google се вика AdWords.

Објавувачите добиваат за секој клик на реклама што се појавува на нивниот веб – сајт, односно, во моментов, тоа значи, дека ако огласувачот плати еден долар за секој клик на неговата реклама, објавувачот ќе добие 68 центи, а Google  32 центи. Објавувачите на AdSense се исплаќаат еднаш месечно од страна на Google.

За да се искористи оваа платформа треба прво да креирате своја сметка (account) и да ги следите правилата на AdSense.

Тука треба да се запознаеме со категоријата click through rate – CTR, односно колкав е одѕивот за тие реклами или колку од оние што ја гледаат рекламата, ќе кликнат на неа.

“На Facebook просечната CTR е од 0,7 до 1,5%, што значи дека на 100 појавувања на рекламата едвај еднаш ќе биде кликнато на неа. Кај прикажувањето на банерите просечен CTR е од 0,1 до 0,27%, додека на мобилни уреди прикажувањето на банерите има CTR од 0,37 до 1,5%. Што значи ова? Доколку огласувач употреби добар банер што ќе се вчитува на мобилен, поголема е веројатноста дека ќе има конверзија, односно дека некој ќе кликне, ќе “слета“ на сајтот што се вели во овој жаргон, ќе се случи некаква активност.“, објасни во неодамнешното интервју за Капитал, универзитетскиот професорот по е-бизнис , Димитар Јовевски.

Бројот на посети на вашиот веб – сајт може драстично да се зголеми со користење на социјалните мрежи. На пример, формирате fan page,на вашиот портал на Facebook, каде што ќе ги споделувате вестите што ќе ги објавите на веб – сајтот, и на тој начин можете да дојдете многу побрзо до повеќе читатели. Причината е тоа што луѓето што се постојано на Facebook, таму сакаат да им стигаат вести, информации, известувања за настани и сл. Ако “лајкнат“ на вашата фан страна, потоа ќе ги добиваат сите вести што вие ќе ги споделувате од вашиот вебс – сајт на Facebook. Всушност, веројатноста е многу голема да имате повеќе читатели преку Facebook, одошто на самиот веб – сајт. Штом фановите на Facebook ќе кликнат на веста што сте ја објавиле/споделиле, тие ќе “слетаат“ всушност на оригиналниот информативен веб – сајт, каде што ги чекаат рекламите поставени со помош на AdSense. E, сега, прашањето е колкумина што ќе ја видат рекламата, всушност и ќе кликнат на неа, а не само да ја забележат. Во, секој случај, треба голема база на фанови на Facebook, што се мери во рангот на стотици илјади и повеќе, за да може да сметате на сумите што од реклами се слевале во џебовите на младите македонски креатори на сајтови посветени на Трамп.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×