По колку се почестиле од ИПА, Јахија и раководителката?
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Државниот секертар во МИОА, Јахи Јахија и поранешната раководителка на секоторот за ИПА фондови се осомничени за примање поткуп.

Jahi-Jahiu-1Предметот го отвориле Евопската служба за спречување измама ОЛАФ, Европравда и Јавното обвинителство на Милано, Италија. Италијанска фирма од јуни 2014 до август 2015 година во три наврати на осомничените им платила патувања во странство кои изнесувале 7.000 евра со цел пристап до доверливите тендерски информации.

На фирмата која аплицирала за тендерот вреден над милион евра, пари од ИПА фондовите, и ги откриле сите доверливи тендерски информации.

Извршени се проверки и потврдување на сомненијата за корупција при доделување на ИПА Фондови во износ од 1.2 милиони евра, во период 2014-2016 година, каде инволвирани биле двајца македонски државјани. Јахија е обвинет за тоа зел поткуп од околу 40.000 евра. Раководителката која земала мито од 2500 евра, моментално не е во земјава.

Јахи Јахија од 2001ва е во Агенцијата за администрација, а од 2011 ја извршува функцијата државен секретар во Министерството.

„Координирано се спроведени се претреси на локации во Република Северна Македонија и во Република Италија и тоа на пет локации во Скопје и Куманово и на осум локации во Италија во седишта на фирми и во приватни станови. Притоа, МВР во врска со ова кривично дело заплени, десктоп и лап-топ компјутери, мобилни телефони, таблети, два пиштола, парични средства и обемна службена документација“, рече Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×