По ланската еврообврзница од 500 милиони евра, Македонија ќе се задолжува со нова еврообврзница
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

FDI“Република Македонија ги ангажирала Citigroup, Deutsche Bank и Erste Bank кои ќе работат на издавање на еврообврзница”, јави Ројтерс.

Македонија веќе има издадено една евробврзница која пристигнува за наплата во декември 2015 година.
Рејтингот на Македонија како држава според Standard & Poor’s e BB-, а според Fitch BB+.
Еврообврницата е една од опциите кои ја најави Министерството за финансии за покривање на буџетскиот дефицит за следната 2016 година од 309 милиони евра.

Ова би било четврто по ред задолжување на Македонија со еврообврзница. Во изминатите неколку  години Македонија издаде три еврообврзници со кои се задоложи за 825 милиони евра. Првата еврообврзница беше издадена во 2005, на износ од 150 милиони евра со камата од 4,6% и таа беше исплатена

Втората еврообврзница беше издадена во јуни 2009 година, на сума од 175 милиони евра со камата од  9,8% и таа беше отплатена во 2013 година. Третата еврообврзница изнесуваше 500 милиони евра и беше издадена во јули минатата година. Каматната стапка за враќање на позајмените средства изнесуваше 3,97% со рок на отплата од 7 години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×