По Мегле, уштедве странски компании најавија гасење на бизнисите
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Glavna balkanХрватска на нозе: си заминуваат инвеститори

Германски Мегле (Meggle)и италијански Саипем (Saipem)се повлекуваат од Хрватска, а британски Бритиш Американ Тобако (BAT)сериозно се заканува со истата одлука. Иако не сакаат тоа јавно да го признаат, има и други странски компании што разгледуваат можност за гасење на своите операции во Хрватска. Според аналитичарите, корона – кризата е само забрзувач на овие одлуки, а главната причина е лошата деловна клима во земјата.

 

Најавата на Мегле (Meggle), германскиот гигант во млечната индустрија, дека до крајот на годинава ќе го запре своето производство во Хрватска, открива уште една последица од корона – кризата за којашто во хрватската јавност не се разговараше премногу последниве месеци, а тоа е заминувањето на странските инвеститори од земјата, како што пишува загрепски Лидер. Иако, како што велат соговорниците на весникот, никако не треба да се исклучи ни можноста и некои од домашните компании да тргнат по примерот на Мегле. Дека такво сценарио почнало да се одвива, покажуваат одлуките на две компании во странска сопственост од пред еден месец – Саипем (Saipem) и Бритиш Американ Тобако (British American Tobacco) – БАТ.
Додуша, БАТ, тоа не го потврдил се’ уште официјално, но познавачите на состојбите се загрижени дека ова нема да биде крајот на повлекувањето на странските инвеститори, затоа што како што вели претседателот на Здружението на странски инвеститори во Хрватска, Младен Фогец, „не треба да се исклучи и можноста и други мултинационални компании да разгледуваат разни опции на работење во Хрватска, па и гасење на активностите“. Притоа би било несериозно да се обвини короната како главен кривец за нивното заминување, затоа што се работи за сериозни компании коишто одлуките не ги носат преку ноќ и пандемијата сигурно не е таа која ги натерала да ги затворат бизнис операциите. Пандемијата, всушност, само ја забрзала нивната одлука, за којашто споменативе компании размислуваат последниве неколку години.

Megle

Најавата на германскиот млекарски гигант Мегле дека го гаси своето производство во Хрватска ги изненади сите во државата.

Во Мегле потврдија за Лидер дека се разгледувала и продажба за да се сочуваат работните места по нивното повлекување од производство, но не успеале да најдат заинтересиран купувач. Но, порачуваат дека и понатаму се спремни на разговор околу тоа прашање доколку се појави некој заинтересиран.
Со кои компании преговарал Мегле за продажба на осиечката млекарница, не откриваат. Ниту Виндија, ниту Дукат не одговориле на прашањето дали преговарале околу ова. Речиси е сигурно дека таквата одлука ја забрзала корона – кризата затоа што Давор Гечиќ, претседател на Управата на Л и П Технологија, врз основа на долгогодишното бизнис искуство верува дека за Мегле Ковид – 19 бил само конечниот тригер.
„Зад таа одлука сигурно стојат многу дополнителни елементи, коишто веројатно ги имало и пред пандемијата“, смета Гечиќ.

Saipem

Саипем, компанија во италијанска сопственост, којшто се бави со поставување на цевководи, како и други технолошки инсталации, потврди дека во првата половина на 2021 година ќе ја затворат подружницата во Риека.

Слична приказна и во Риека
Слична е приказната и со риечки Саипем, технолошки гигант во италијанска сопственост, којшто се бави со поставување на цевководи (нафтоводи и гасоводи во море и на копно), како и други технолошки инсталации. Во компанијата потврдија дека во првата половина на 2021 година ќе ја затворат подружницата во Риека, во рамки на пошироката компаниска програма за рационализација на своите инженерски центри и дека повеќето од 200-те работници ќе ги преселат во други центри. И тие веќе неколку години ја разгледувале можноста за заминување од Хрватска, па пандемијата, очигледно го забрзала донесувањето на таквата одлука од пред месец дена.
За евентуалното заминување, пак, на БАТ, се дознава неофицијално. Во оваа компанија, како што пишуваа хрватските медиуми пред некој месец, не се задоволни поради растот на акцизите за тутун и тутунски производи, коишто последниве неколку години постојано се зголемуваат. Капката, што наводно ја прелила чашата за менаџментот е растот на акцизата од 1 април годинава, во екот на пандемијата, кога од државниот буџет се слеваа пари кај компаниите со цел да се спасат работните места, а на некои им беше овозможено и отпишување на придонесите. Ако си замине БАТ, ќе биде катастрофа за општината Канфанар крај Ровињ, но и за 500-те семејства што зависат од производството на цигари. Да не зборуваме за ефектите по државниот буџет каде што секоја година се слеваат милионски суми на име акцизи, даноци, итн.
Овие три примери говорат дека секоја од компаниите од свои причини веќе со години ја разгледува опцијата за заминување од Хрватска и дека корона – кризата само ги забрзала овие одлуки. Во секој случај, заминувањето на Мегле, се плашиме дека е само продолжение на започнатиот тренд на повлекување фирми во странска сопственост од Хрватска, велат од Лидер.
„Сигурен сум дека секоја од овие компании во ситуација на корона – кризата има план А, Б или Ц, а еден од тие планови е и спремност за повлекување од земјава. Причините се неизвесност и непредвидливост. Разговарав со претседателката на Германско – хрватската индустриска и трговска комора, и заклучивме дека за првпат во историјата, или барем колку што ни е нам познато, деловната заедница се соочува со несигурност и непредвидливост затоа што не знаеме што ни носи есента поради корона – кризата“, вели Фогец од Здружението на странски инвеститори.

 


Foto RamkaСо гасењето на Meggle во Хрватска ќе згаснат околу 300 млекарски фарми

Мегле очигледно проценил дека во Хрватска производството не му се исплати повеќе, затоа што е поевтино своите брендови да ги довезува од отворениот ЕУ пазар и да ги произведува во помалку скапи земји од регионот.
Најавата на германската компанија Мегле дека го гаси своето производство во Хрватска како да ги изненади сите во државата, пишува загрепски Лидер. Тоа што сите се изненадени и се чудат на оваа деловна одлука е само доказ дека земјата не го контролира секторот агро – бизнис и производство на млеко и го препушта на случајот, затоа што тоа оди се’ побргу кон својот крај, сметаат некои од хрватските познавачи на секторот. Затоа што држава којашто од околу 50.000 кооперанти во последниве 20 – тина години паднала на околу 4.500 производители, а производството го намалила на околу 40% од самодоволноста, очигледно нема план како ова производство да го сочува, зголеми и одржи рентабилно, вели Мирослав Кускуновиќ од консултантската куќа Kombinat 1969 за Лидер.
Падот на производството на млеко во Хрватска трае подолго од 13 години, а обидите на малите производители да се здружат и да направат мини млекарници не успеаја (има неколку ретки позитивни примери што одолеваат на увозната конкуренција) и во тој период не е најден стратешки начин производството да се сочува.
„ЕУ има вишоци на млеко, тие се зголемени затоа што се укинати производните квоти, а корона – кризата создаде огромни залихи и пазарни вишоци. Мегле очигледно проценил дека во Хрватска производството не му се исплати повеќе, затоа што е поевтино своите брендови да ги довезува од отворениот ЕУ пазар и да ги произведува во помалку скапи земји од регионот каде што земјоделците се’ уште се бават со производство на млеко затоа што државата се грижи за нив. “, смета Кускуновиќ.
Со гасењето на оваа млекарница во Осиек, ќе згаснат повеќето од 340 млекарски фарми што сега се нејзини кооперанти, со вкупно производство од околу 26 милиони литри млеко, односно околу 6% од целата количина на млеко што на годишно ниво се испорачува во хрватските млекарници.
“Ретки ќе бидат тие што ќе најдат нови млекарници на коишто ќе им испорачуваат, а некои ќе бидат и среќни што ќе престанат со оваа работа којашто е макотрпна и се работи 365 дена во годината. Она што загрижува е дека и покрај сите државни институции, комори, Министерство за земјоделие, и какви ли не чуда на администрацијата, државата нема поим дека во третата по големина млекарница во земјата се случуваат вакви процеси и дека производителот планира да си оди.“, забележува Кускуновиќ.
Тој додава дека сега сите се дигнале на нозе и тврдат дека ќе најдат решение.
„Но, решение нема и нема да има се’ додека во Хрватска конечно не почне да се зборува за производство и извоз, а не за дистрибуција на пари за земјоделието. Во Хрватска освен полјоделството, пропаѓаат повеќето земјоделски производства, но за тоа се молчи. Овој пристап ќе доведе до тоа еден ден да не изненадат и Дукат и Лакталис со своите одлуки за заминување. Хрватското млекарство со години бара решение, а отворениот пазар не’ демантира и потврдува дека нешто во земјоделските политики со години не штима. Затоа би требало да се престане со зборување за субвенции, а да се зборува за производство и зашто го имаме се’ помалку“.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×