По шест години изградба, денеска се пушта во употреба делницата Демир Капија – Смоквица
Објавено на од во Uncategorized

Коридор 10 1По шест години изградба, денеска ќе биде пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица, последната делница од Коридорот 10 во должина од 28,2 километри.
Новоизградената автопатска делница ја чини Македонија 270 милиони евра, од кои 107 милиони евра се обезбедени  со кредит од Европската банка за обнова и развој, 130 милиони евра  се од Европската инвестициска банка, 45 милиони евра  се грант од ЕУ, а шест милиони евра  се обезбедени од буџетот на Македонија.

На овие 28,2 километри ќе има и две патарини, кај Гевгелија и кај Демир Капија, а вкупно по целата должина на Коридорот 10 кој минува низ Македонија ќе има пет патарини.
Автопатот има два тунела од по 1.200 метри и шест мостови. Изведувач на работите беше грчката компанија „Актор“. Финансирањето и изградабата на автопатот беше проследено со афери, по што се отворени две истраги за злоупотреба на европските пари – една во Грција и една во Македонија.
Најавено е дека на церемонијата ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, делегација на ЕУ во Скопје и претставници на грчките власти.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×