По Загрепска и Белградска, и Македонска берза се подготвува да го олесни пристапот до crowdfunding финансирање
Објавено на од во COVER STORY

Cower 956 WEBПазарите на капитал од регионов отвораат нови можности за стартапите

По примерот на она што веќе година и половина го прави Загрепската берза, а Белградската штотуку го промовираше, и Македонската берза е во почетна фаза од подготовките за нудење на crowdfunding платформа. Оттаму ни рекоа дека детали с$ уште не може да дадат, бидејќи потребно е допрецизирање на идниот регулаторен третман на ваквиот тип прибирање на капитал, но процените се дека кон крајот на годинава, или почетокот на следната, и македонските стартапи ќе може да почнат со апликации за прибирање капитал преку овој тип на финансирање, а под покровителство на Берзата.

 

Извршниот директор на Македонската берза, Иван Штериев, за Капитал открива дека по примерот на она што веќе го прави Загрепската берза, а Белградската штотуку го промовираше, и тие се подготвуваат за нудење на т.н. crowdfunding или групно финансирање во релативно блиска иднина, но во моментов не може да открива поконкретни детали затоа што сè уште работите се во почетна фаза.

“Ние како институција споделуваме стратешка визија со уште неколку берзи од регионов, а тоа е да се даваат услуги на различни корпоративни сегменти одошто беше досега вообичаено. Остануваме и понатаму примарно на определбата да се привлечат компании во котација на официјалниот пазар, тоа што е, да го наречам, најпрестижниот дел од пазарот на капитал, но јасно ни е на сите во регионот дека нема да се случи којзнае каков наплив на нови акционерски друштва во периодов што следи. Затоа сметаме дека треба да ги прошириме услугите кон помалите компании, од делот на средни, мали, па сè до микро субјекти. “, вели Штериев.

Тој додава дека во недостиг на оперативни crowdfunding платформи во Македонија, Берзата ќе се обиде да го олесни овој процес.

“Тоа ни е стратешка визија. Загрепската берза засега е предводник во овие напори во регионот, тие пред две години формираа заедничка компанија за crowdfunding финансирање со естонската фирма Funderbeam, и веќе имаат успешни проекти зад себе. Ние внимателно ги следиме тие трендови, правиме и конкретни подготовки ваква платформа да им понудиме на македонските компании, но и на заинтересираните домашни инвеститори да вложат во проекти со добар потенцијал.“, вели Штериев.

Cower 956 WEB frejmЕстонска компанија во партнерство со Загрепска берза менаџира иновативна crowdfunding платформа

Инаку, Funderbeam е всушност нов модел за финансирање на стартапи, односно crowdfunding платформа која доаѓа од Естонија, а во Хрватска има 80% удел во компанијата Funderbeam SEE (South East Europe), додека останатите 20% ги поседува Загрепската берза.

Кон крајот на 2016 година беше претставена на хрватската јавност, а набргу потоа стигнаа и првите апликации од стартапи.

Прва компанија којашто покрена crowdfunding кампања на новата платформа е Include, позната по своите паметни клупи, креација на младиот претприемач Иван Мрвош (22 годишен) од малото место Солин крај Сплит.

Неговата компанија успеа да собере и повеќе од потребните 400 илјади евра, сума која што ја одреди како таргет во својата кампања за прибирање капитал.

Шест дена пред крајот на кампањата, 28 март 2017-та, свој интерес и поддршка за бизнисот на Include покажаа преку 160 инвеститори, со вложен износ од преку 420 илјади евра, а компанијата се вброја меѓу најуспешните на оваа платформа воопшто.

Како функционира всушност Funderbeam, платформа чијшто потенцијал го препознал и основачот на Skype, Јаан Таалин, којшто меѓу првите финансиски го поддржал овој концепт.

Funderbeam SEE, која што во перспектива се насочува и кон останатите берзи од регионов, го користи бизнис моделот којшто подразбира дека за потребите на финансирање на некој стартап се формира т.н. SPV (Special Purpose Vehicle) фирма со седиште во Естонија, објаснуваат од Загрепска берза. Оваа SPV практично претставува единствен сопственик којшто настапува пред сите инвеститори. Причина за ова се ниските трошоци и избегнувањето на бирократските бариери (Естонија е инаку позната како најдигитализирана држава во светот, каде што фирма се основа буквално за само неколку минути, нуди виртуелно државјанство за бизнис цели, итн. н.з.), а стартапот што е во потрага по финансиери, нема десетици или стотици инвеститори со коишто треба да комуницира, туку еден, наречен водечки, којшто е и директор во SPV. Вложувачите пак, и водечкиот и сите останати, по отворањето на својот инвестициски профил во секој момент имаат надзор над своето портфолио, во стартапите во коишто вложиле преку Funderbeam. Минималното вложување за поединечен мал инвеститор во еден стартап изнесува 100 евра. Платформата користи blockchain технологија, а уделите на инвеститорите претставуваат дигитални записи, т.н. токени. На пример, за 100 евра вложен и се добиваат 100 токени, со коишто патем, ќе може потоа да се тргува откако компанијата ќе излезе на платформата и вложувачите може слободно да си ги дадат своите удели на продажба, доколку сакаат. Отворањето на инвестицискиот профил за вложувачите е бесплатно, а уште една посебност на овој иновативен систем на прибирање капитал е тоа што тргувањето не вклучува посредници, брокери и сл., а трансакциски надомест за време на тргувањето вложувачите плаќаат само во ситуација ако на трансакцијата остварат добивка, со тоа што надоместот во тој случај е 1%.

Pametna klupa WEB 956

Хрватскиот стартап Include, познат по своите паметни клупи, креација на младиот претприемач Иван Мрвош од малото место Солин крај Сплит е првиот што имаше успешна кампања на иновативната crowdfunding платформа Funderbeam SEE, заеднички потфат на Загрепска берза и естонски партнер.

Белград по стапките на Загреб

Пред неколку денови и Белградската берза објави дека до крајот на месец март ќе понуди “crowdfunding” платформа, своевидна берза за финансирање на стартапи, микро, мали и средни компании во соработка со една од водечките платформи од тој вид во светот.

Директорот на Белградската берза, Синиша Крнета, изјави за агенцијата Бета дека целта на овој деловен потег е да им се помогне на младите иновативни компании и претприемачи да дојдат до пари за понатамошен раст и развој.

“На прагот сме да станеме лидери во Србија во пружањето помош на компаниите во раните фази на развојот. Берзата ќе биде своевиден информациски пункт и катализатор којшто на стартапите, микро, малите и средни компании на коишто конвенционалните извори на финансирање им се недостапни, ќе им овозможи да дојдат до свеж капитал“.

Крнета не откри во овој момент кој ќе биде нивниот партнер во лансирањето на оваа платформа, заради почитување на договорот, но судејќи според најавите дека Funderbeam SEE има амбиции за проширување во регионот, како и искуството од меѓусебната соработка преку партнерската поврзаност на Белградската, Загрепската, но и Македонската берза во платформата SEELink за тргување со акции, многу веројатно е и во овој случај, оваа најава на Крнета да се реализира преку Funderbeam исто така.

Каролина Каровска – Божиноска, стручен соработник за анализи и развој во Македонската берза објаснува дека за да профункционира crowdfunding платформа и во Македонија зад којашто ќе застане оваа институција, треба пред сè да има поддршка и разбирање од регулаторните органи.

“Постојат многу детали што ќе треба да се ‘испеглаат’, односно да се допрецизира идниот регулаторен третман на ваквиот тип прибирање на капитал од една страна и начинот на вложување од друга страна, имајќи предвид дека не станува збор за класично акционерство. Исто така, потребно е да се направат некои анализи наспроти прописите за девизно работење, од аспект на можноста македонските граѓани да инвестираат во crowdfunding платформите во регионот и пошироко “, вели Каровска – Божиноска.

Во секој случај, додава таа, crowdfunding финансирањето е одличен начин Берзата, како институција со кредибилитет на пазарот на капитал да застане зад овој алтернативен тип на финансирање на растот и развојот на бизнисите, односно да биде присутна во сите фази – од претставувањето на самата компанија, односно бизнис идеја, прибирањето свеж капитал, па до моментот на преминување во зрела компанија што еден ден би можела да емитува и акции, односно да котира на берзанскиот пазар.


Македонски компании со успех ги користат глобалните crowdfunding платформи

Екипата што стои зад “Mama’s“ и “Tip of the week“ собра 8000 долари на Kickstarter

Cower 956 WEB 01

Калин Бабушку и Петар Лазаров од “Македонија Експорт“, со нивниот фамозен прирачник “Tip of the week“

“Македонија Експорт“ е компанијата што стои зад брендирањето на веројатно најпознатиот македонски ајвар во светот, Mama’s, но позната е и како издавач на прирачникот за личен и професионален развој “Tip of the week”, којшто покрај домашното издание, досега се објави и на српски и хрватски јазик. На крајот од минатата година тие лансираа кампања на глобалната crowdfunding платформа Kickstarter, за да ги соберат потребните 8.000 долари за подготовка, печатење и промоција на интернационалното издание на прирачникот. Кампањата што траеше 30 дена, на нивно задоволство излезе успешна, бараната сума е собрана и сега екипата на “Македонија експорт“ интензивно работи на англиското издание на “Tip of the week”.

“Според аналитиката на Kickstarter, 105 поддржувачи, или backers, дале свои пари во нашата кампања, односно вкупно 8.259 долари. Најголемиот дел се од Македонија, 60, 10 се од САД, 3 од Австралија, итн. Седумдесет и тројца првпат поддржуваат проект на оваа платформа, а 32 имале искуство и претходно. Тоа не значи дека меѓу овие што се од странство, нема Македонци што работат и живеат во тие земји, коишто се запознаени со она што го работиме, се наши пријатели, познајници и сл., но има и тотални странци, на коишто едноставно им се допаѓа проектот Tip of the week, и сакаат да добијат за возврат на својот влог, соодветен пакет, како што е пред тоа дефинирано. На пример, за поддршка од најмалку 10 долари, дигитална верзија на прирачникот, за 20 долари книгата потпишана од авторите плус некои ситни подароци, итн. “, објаснува Калин Бабушку, еден од основачите и бизнис партнер во “Македонија Експорт“.
Да појасниме, принципот на Kickstarter e всушност финансиските поддржувачи на еден проект, главно од областите како музика, филм, технологија, дизајн, издаваштво, итн., да имаат бенефит од своите влогови со тоа што ќе добијат производ, услуга, искуство, од страна на луѓето/компаниите коишто бараат поддршка за своите креативни идеи. Платформата не гарантира дека тие што аплицираат со проекти, навистина и ќе ги реализираат откако ќе ги соберат парите, или дека ќе ги исполнат очекувањата на поддржувачите.


Cower 956 WEB frejm 01Што е crowdfunding?

Crowdfunding е начин на финансирање на проект, стартап, идеја, преку прибирање на голем број помали суми на пари, обично преку онлајн платформи. Ова е еден вид на алтернативно финансирање, а процените на Светска банка се дека до 2020 година глобалниот crowdfunding пазар ќе има промет од преку 100 милијарди долари. Има повеќе модели на crowdfunding, но главно се дели на два вида: т.н. rewards crowdfunding, односно финансиска поддршка која за возврат на тие што вложуваат пари им дава продукт или услуга што ја развиваат оние што прават кампања за таа поддршка, без да се стекнува удел во самиот стартап. И equity crowdfunding, каде што поддржувачот, или bаcker, добива удел во компанијата што ја финансира, обично во раната фаза. Меѓу најпознатите платформи од првиот вид во светот денес се Kickstarter, Indiegogo и др., додека од equity типот водечки се AngelList, CircleUp, Fundable, итн. Овој тип на платформи не се само можност за финансирање, туку и за бесплатна промоција на самите бизниси, како и можност за тестирање на пазарот т.е. добивање на првиот фидбек од потенцијалните потрошувачи за производот/услугата кој се нуди.
Во Македонија првата crowdfunding платформа Letsfundit.mk беше лансирана во 2014 година, од страна на група млади ентузијасти од СВТ Алумни Македонија. На почетокот, на платформата имаше неколку успешни обиди за финансирање на проекти, но според моменталните информации на нивниот вербсајт вкупната бројка на успешно затворени кампањи досега е премала за да може да се зборува за поголем одѕив во јавноста.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×