Победа најавуваат сите, ама дали за државата?
Објавено на од во МАГАЗИН

glasacki kutii-denari 1Предвремени избори што доцнат

Не треба да се имаат специјални познавања од тековите на македонската политичка сцена за да биде јасно дека и оваа кампања партиите ќе ги кршат копјата во меѓусебни препукувања и обвинувања, на сметка на вистинските прашања што заслужуваат одговор пред македонските граѓани. Ако се има предвид неофицијалниот почеток на кампањата, тешко е да се очекува дека овој пат претставниците во законодавниот дом (којшто патем ужива рекордно ниска доверба кај народот) ќе се избираат низ здрава и демократска дебата фокусирана на јавниот интерес.
Ќе треба да помине време за да може од дистанца да се анализира однесувањето на собранискиот спикер Талат Џафери за време на целата криза кога лично тој одлучи да се држи Собранието под клуч и да се дава упорно воздух на техничката Влада што се покажа како катастрофално решение.
Еднакво како што ќе треба да се анализира и неговата „спрега“ со претседателот на ДИК, Оливер Дерковски кој со ароганција порача дека нема намера да почитува одлуки на Владата давајќи му го ексклузивното право на Џафери да одлучи кога и дали ќе има избори.
Овие институционални „игри без граници“ заедно со фактот што најважните политички одлуки кај нас ги носат партиите преку се’ уште живиот формат на лидерските средби, зборува многу за позицијата на Собранието во оваа кревка демократија. Паралелно со овие настани, како математички аргумент за овој впечаток, излезе нова анкета на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ со крајно поразителни податоци за довербата на граѓаните во законодавниот дом и во пратениците.
Досегашниот пратенички состав, според анкетата, си заминува со оценка 2,6 на скала од 1 до 5. Анкетата спроведена од 17 февруари до 6 март годинава покажува дека над 70 отсто од граѓаните сметат дека избраните претставници во Собранието секогаш тргнуваат од своите лични или интересите на својата политичка партија, додека половина од граѓаните сметаат дека пратениците само понекогаш ги имаат предвид интересите на граѓаните. Според анкетата, над две третини од граѓаните се убедени дека во извршувањето на своите функции Собранието е до извесен степен контролирано од страна на Владата, и покрај тоа што уставната надлежност на законодавниот дом го предвидува токму спротивното, законодавниот дом да ја избере и да врши политичка контрола и надзор над Владата.
А изборите сега се токму парламентарни…
politika-3 pНови избори, стар модел
Едно од главните ветувања на СДСМ во претходната кампања беше воведувањето на отворени листи и промена на избирачкиот модел. Пред неколку месеци ова прашање се отвори повторно, но партиите не се договорија. СДСМ се залагаше за една изборна единица со отворени листи, ВМРО-ДПМНЕ за мнозински модел, ДУИ за шест, а опозициските партии на Албанците за три изборни единици.
Министерката за правда Рената Тренеска Дескоска вели дека е неопходен широк политички консензус за пропорционален  изборен модел со отворени листи, за што јасно беше дека нема да има време.
Во анализа на РСЕ на кандидатските листи се наведува дека ВМРО-ДПМНЕ од досегашниот свој партиски состав во Собранието во кој имаа 36 пратеници задржаа само седум. СДСМ, пак, од своите партиски редови досега имаа 35 пратеници, а од нив за во следните четири години кандидираа 11 пратеници. ДУИ за овие избори ќе се натпреварува во сите шест единици. Од нивните досегашни 10 пратеници, во игра за во новиот состав остануваат само партискиот лидер Али Ахмети и претседателот на Собранието Талат Џафери. На кандидатските листи сега како предводници се и сегашни и поранешни министри, актуелни градоначалници, поранешниот градоначалник на Чаир и партиски потпретседател Изет Меџити, сегашниот директор на Центар за јавно здравје Арбен Зибери, кој во последно време поради корона-кризата е се поприсутен во јавноста, потоа граѓанската активистка Мери Николова Буџаку.
Алијанса за Албанците на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши кои во коалиција ќе настапат на изборите, предводат избирачки листи, дел од нивните досегашни пратеници се најдоа на листите, но дел не. Од Алијансата најавија дека на избори ќе одат со личности кои веќе се познати и „уживаат голема популарност кај албанското гласачко тело во државата“, набројувајќи доктори, професори, магистри.
Од познати личности, на листата на ВМРО-ДПМНЕ, носител на листа е оперскиот пејач Игор Дурловски. На листата на новоформираната „Твоја“ партија се имињата на професорите Мирјана Најчевска, Ѓорѓе Марјановиќ, адвокатот Александар Тортевски. Доктор Тодор Ношпал се трка за „Глас за Македонија“. Водачите на протестите „Уа лопови“, се на листата на ГДУ. Нов обид за влез во Собранието прави и „Левица“. За пратеници се натпреваруваат и Јанко Бачев и Јове Кекеновски како дел од „Единствена Македонија“.
Поранешниот пратеник Насер Зибери вели дека изборниот модел во земјава е проблематичен, па откако се применува пропорционалниот модел со затворени листи во Македонија има проблем со квалитетот на претставување на граѓаните.
„Овој модел диктира послушност и дисциплина во партиските редови и секој што има намера да се кандидира треба да биде послушен на партиските структури, на лидерот. Тие партиски структури обично се склони да најдат луѓе кои што ќе бидат послушни, а не индивидуалци, луѓе кои ќе се наметнат со свое мислење“, вели Зибери.
Сите (демек) полни со самодоверба
Иако и официјално кампањата се уште не е почната партиите веќе одамна се де факто во кампања полна со размена на пораки и обвинувања. Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски откако на средба со коалициските партнери се пофали дека едногласно ја добил поддршката од нив и  ги прецизираа идните чекори, најави победа:
„Очекувам кампања во која ќе може да ги покажеме разликите кои ги поседуваме. Кој нуди стратегија за развој, а кој не нуди ништо. Изминативе години сме сведоци на влада која многу ветуваше, но освен капитулација, криминал и неправда ништо не направи. И тоа не е само мој став, така мислат и многу граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со стратегија како ја гледа иднината на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи. Овдека пред вас стои победник, кој е убеден дека на 15 јули заедно со народот ќе донесе историска победа за Македонија. Јас верувам во мудроста на народот“ рече Мицкоски.
И неговиот противник, лидерот на СДСМ, Зоран Заев е убеден во сигурна победа. СДСМ заедно со своите коалициски партнери и Беса велат не планираат  големи митинзи и собири се со цел заштитат граѓаните и порачуваат дека немаат дилеми во изборните резултати:
„Сторивме сè што беше до нас. Подготвени сме за почеток со преговорите, за тоа е потребно да овозможиме континуитет на паметните и храбрите одлуки, а не да се враќаме чекор назад. До 2024 очекуваме да отвориме 80 отсто од поглавјата за ЕУ. За шест години успешно ќе ги завршиме преговорите со ЕУ. Со вакво ВМРО-ДПМНЕ преговорите би траеле 60 години и никогаш не би завршиле. Отворањето ќе значи трансформација на целото општество, но и пристап до нови фондови и повеќе пари за инфраструктура, капитални проекти, плати и за подобар живот на народот“, вели Заев.
Од ДУИ пак со порака до партиите од македонскиот политички блок да се воздржат од било каков говор на омраза и да ја прифатат како што наведуваат во соопштението демократската реалност во трката за премиер Албанец.
„Првиот премиер Албанец ќе биде премиер на еднаквоста, премиер на сите, на развојот и на американското партнерство и ќе ги преставува интересите на секој граѓанин на најдоследен можен начин. Ние ги повикуваме македонските партии да се воздржат од говорот на омраза и да ја прифатат демократската трка за премиер на нашата земја.“ – велат од ДУИ.
Од Алијансата за Албанците и Алтернатива пак веќе го поздравија постигнатиот договор за датум за избори, но и со порака до ДУИ.’ – велат од Алијансата за Албанците.
„На 15 јули Албанците ќе отворат ново поглавје во креирањето политики, оставајќи го зад себе владеењето на ДУИ, која честопати не успеа да го претставува имиџот и интересот на нивните гласачи и на Албанците воопшто. Сега е време да се изгради нов политички легитимитет, заснован на нашата политичка програма и платформа.
Официјалната кампања почнува од 24 јуни и ќе трае до 12 јули на полноќ кога и почнува изборниот молк.

 


Фото рамка pНосителите потпишаа Кодекс дека ќе „војуваат“ фер

Иако ако се суди по неформалниот почеток и наративот којшто веќе се негува во меѓусебните обвинувања, кампањата е веќе далеку од пристојна и аргументирана дебата, носителите сепак потпишаа кодекс за фер и демократски избори.
По потпишувањето на кодексот, ќе биде извршена ждрепка за определување на билбордите за политичко рекламирање.
Потпишувањето на кодексот за фер и демократски избори е обврска што произлегува од член 8-в од Изборниот законик.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×