Побиени митови:  Какви заблуди имаме за самовработувањето?
Објавено на од во луѓе и компании
Да се биде самовработен сѐ уште често во јавноста има негативна конотација, односно ова не се врзува со толку ласкави епитети. Ова е листата на најчестите митови врзани за самовработувањето

1.Луѓето се принудени така да се вработуваат

Бидејќи мнозинството самовработени се одлучиле на таков потег поради неможност да најдат работа во некоја компанија или државна институција раширено е ваквото верување. Но, последните истражувања на Global Entrepreneurship Monitor звучат нешто пооптимистички. Најмногу такви бизниси се почнуваат бидејќи луѓето имаат добри бизнис идеи или јасна визија за тоа со кое сакаат да се занимаваат, се вели во истражувањето. Исто така, анкетите покажале дека токму наведените причини се 5 пати почеста причина за почнување самостојна работа, отколку немањето други опции.

2.Самовработените не придонесуваат во економијата

Нивниот придонес кон државната каса неправедно е потценет. Денес самовработените во западниот свет се високообразовани индивидуалци кои придонесуваат за тамошните економии со милијарди долари профити. Ги користат своите вештини за да создадат нешто вредно, но, исто така, имаат можност повеќе време и пари да потрошат на семејните потреби и заедници, бидејќи ги немаат трошоци што ги бара вработувањето во некоја компанија – тврди Ема Џонс, основач на порталот EnterpriseNation.

3.Повеќето невработени го работат она за што не се потребни особени вештини

Истражувањата покажуваат дека и овој мит не е точен, бидејќи од 2008 година менаџер и информатичар се најзастапени професии меѓу оние кои се одлучуваат сами да тргнат во бизнис авантура. Но, ако е вашиот талент во некоја уметност или, пак, сметате дека сте извонреден мајстор за куќни поправки, нека не ве обесхрабрува овој податок – обидете се на овој начин да ја искористите својата вештина.

4.Луѓето се самовработуваат само поради материјална добивка

Само мал дел од она поради што луѓето се одлучуваат на ваков потег е врзано за финансиите, тврдат истражувањата на Кралскиот институт за уметност (RSA). Главната причина се поголемото лично задоволство, слободата и контролата на сопствениот живот.

5. Жените одбираат самовработување пред сѐ поради семејството

Во споменатите истражувања меѓу самовработените, дури 64% од испитаниците биле жени, но, од нив само 28% имале деца, што никако не оди во прилог на веродостојноста на овој мит.
Она што, според истражувањата, е најголема препрека кај самовработените, е недостатокот на самодоверба и верба во својот проект, додека споменатите митови и клишеа се работа на минатото. Од откачени уметници и чудаци, самовработените полека се наметнуваат во еден од столбовите на економијата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×