Почина Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН и поранешен новинар
Објавено на од во Економија
Ќе го паметиме како исклучително коректен професионалец, и пред се’ извонреден човек. Нека почива во мир. 
atanas-kovacevski
Со голем шок и неверување ја примивме веста дека денеска не’ напушти  новинарот и портпарол на компанијата ЕВН Атанас Ковачевски.
Од ЕВН потврдија дека Ковачевски починал ненадејно рано утринава, а претходно немал посериозни хронични и здравствени проблеми.
Ковачевски имаше 50 години. Долги години беше новинар во неколку медиуми меѓу кои и во Македонската радио телевизија, Канал 5 и др. Последниве десетина години беше портпарол на ЕВН Македонија.

„Ковачевски со својата исклучителна професионалност и колегијалност даде огромен придонес во отвореноста на компанијата и нејзината комуникација, а со тоа генерално и во развојот на енергетскиот сектор во земјава“, велат од ЕВН.

 

Редакцијата на Капитал искажува искрено жалење за прераната смрт на нашиот поранешен колега и соработник и упатува сочувство до неговите најблиски. Ќе го паметиме како исклучително коректен професионалец, и пред се’ извонреден човек. Нека почива во мир.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×