Почина поранешниот турски претседател Демирел
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Демирел седум пати беше претседател на владата во Анкара, кој по двата воени удари и тешката економска криза, успеа да се врати на политичката сцена како претседател на Турција во периодот од 1993 до 2000 година.

Една од најмаркантните личности во турската политика во последните пет децении, почина синоќа во 2 часот по локално време во болницата „Гувен“ во главниот турски град.

Демирел седум пати беше претседател на владата во Анкара, кој по двата воени удари и тешката економска криза, успеа да се врати на политичката сцена како претседател на Турција во периодот од 1993 до 2000 година.

Неговата влада во текот на 60-тите и 70-тите години од минатото столетие е одговорна за длабоката трансформација на турското општество и економија.

Во политиката влегува по државниот удар во 1960 година, со кој беше соборена власта на Аднан Мендерес. Станува лидер на новоформираната „Партија на правдата“, победувајќи на изборите во 1965. Познат е по неговиот популистички стил на владеење, внимателно употребувајќи ги исламските симболи кој му носат подршка од конзервативната внатрешност на земјата.

Во време на неговиот мандат, Демирел се соочува со два воени удари. Првиот во 1971, додека вториот со кој делумно е отргнат во политиката, во 1980. Во 1991 повторно станува премиер, а по смртта на Тургут Озал станува претседател на Турција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×