Почна Бледскиот стратешки форум, насловен „Да ја сочуваме иднината”
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Во дeнешнината, каде владее голема несигурност, неопходно е лидерство, заеднички визии и барање општи сестрани решенија, гласи заклучокот од синоќешното отворање 11-от стратешки форум во словенечкиот град Блед, со наслов „Да ја сочуваме иднината”.

„Доколку не ги решиме ефикасно проблемите на безбедноста и миграцијата, нема да можеме да ги насочиме своите напори во однос на прашањата за развојот на економијата, како и на нашата иднина. Современите предизвици само се зголемуваат, и тие сега се почести и посложени, затоа решението треба да има глобален карактер“, истакна словенечкиот премиер Миро Церар.

Тој додаде дека во Европската Унија се повеќе расте популизмот, скептицизмот, па дури и изолационизмот, што бара сериозна анализа и зајакнување на довербата, за да може да се изгради „посилен и поефикасен сојуз”.

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, ќе учествува на Бледскиот стратешки форум, и, како што информираат од МНР, ќе се обрати на панел-дискусијата на тема „Западен Балкан – Дали ЕУ е се уште атрактивен фактор?“.

За време на Форумот, предвидено е Попоски да оствари и билатерални средби.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×