Почна CeBIT – во Хановер настапува и македонската апликација Claxi
Објавено на од во hi-tech & business

Claxi – првата македонска апликација за повикување такси, ќе биде претставена на еден од најголемите светски саеми за информатички технологии, CeBIT, што денеска почнува во Хановер, Германија.

Овогодишното мото на саемот е кованицата „d!conomi“ од поимите дигитално и економија, во согласност со намерата на организаторите на CeBIT, саемот повторно во својот фокус да ги има претприемачите, како што беше во средината на осумдесеттите години на минатиот век.

Во Хановер ќе настапат 3.300 изложувачи од 70 земји, а меѓу нив и гиганти како Samsung, Vodafon, Deutsche Telekom, Huawei, HP, Intel … до Dropbox и Xiaomi.

Инаку, апликацијата на македонскиот претставник, Claxi, (засега достапна само за Android)  ги поврзува патниците и такси возачите, елиминирајќи ја потребата од посредник, односно од диспечер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×