Почна новата рунда разговори за името во Охрид
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, и неговиот грчки колега Никос Коѕиас, претпладнево во владината вила во Охрид ја почнаа новата рунда разговори за надминување на проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија.

Средбата Димитров – Коѕиас се очекува да трае околу два часа по што е предвидено двајцата министри да дадат изјави за медиумите.

И двајцата дипломати во пресрет на денешната средба во Охрид истакнаа дека очекуваат позитивен напредок во разговорите, во насока на натамошно зближување на позициите.

„Се надевам на прогрес и мислам дека однесувањето на Грција и на Македонија во однос на процесот сигнализира дека истиот е во деликатна фаза, и фокусирани сме токму на овие разговори“, изјави Димитров пред средбата со Коѕиас.

Шефот на грчката дипломатија, пак, вчера во Белград, пред да отпатува за Охрид, рече дека дека е направен чекор напред во решавање на спорот за името и оти за негово затворање е потребен компромис.

„Реализам и прагматизам е клучот на решението. Потребен е компромис, но не гнил компромис. Двете страни мора да разберат дека не можат да добијат сѐ“, рече тој по средбата со српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

Ерга омнес и ревизија на македонскиот Устав, се неопходните предуслови што ги бара Атина за постигнување решение, додека пак за Скопје јазикот и идентитетот се критичните точки. Овие четири прашања, според текстовите во грчките медиуми од изминатиот период, се главните разлики што постојат во позициите на двете земји во пресрет на денешната средба во Охрид.

Коѕиас синоќа допатува во Охрид, каде имаше работна вечера со неговиот домаќин Димитров. Во рамките на неговата мини балканска турнеја, тој од Охрид треба да замине за Приштина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×