Почна Самит100 во Скопје. Бизнис и политичките лидери се залагаат за итно поврзување на регионот.
Објавено на од во Економија
“Самит100 во изминативе 6 години од основањето покажа дека е силен бренд за регионална соработка и важна платформа за размена на идеи и конкретни проекти за соработка во цела ЈИ Европа.“, истакна претседателот на УО на Самит100, Живко Мукаетов, прв човек на фармацевтската компанија Алкалоид. 
133911754

Живко Мукаетов, претседател на УО на Самит100 и генерален менаџер и претседател на бордот на Алкалоид, го отвори настанот

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Со поздравниот говор на првиот човек на Алкалоид и претседател на Управниот одбор на САМИТ100, Живко Мукаетов, утрово во Скопје почна најголемиот собир на бизнис и политичката елита во регионов. Годинава клучен збор на Самит100 е “поврзување“ (connectivity), за што и самиот Мукаетов се заложи на отворањето на настанот, односно, истакна дека на земјите од југоисточна Европа што побргу им е потребно добро поврзување и слободен проток на капитал, луѓе и идеи.

“Поврзување од многу аспекти и низ многу чинители во процесот. Транспортот и поврзаноста се едни од виталните елементи на регионална соработка. За да стигнете од Скопје до Сараево, потребни ви се околу 12 часа по копнен пат или со авион. Последниот пат кога патутвав со авион од Сараево за Скопје, транзитирав преку Истанбул и Виена, што слушнав дека е сличен случај со присутните тука. Сон на Самит100, кој се надеваме дека во догледно време ќе прерасне во реалност е побрз проток на добра и луѓе во регионот. Во изминативе години работевме многу да ги поттикнеме локалните власти да вложат напори во хармонизација на разни меѓугранични процедури и во решавање на предизвиците со кои луѓето и компаниите се соочуваат во поглед на поефикасна мобилност.“, рече Мукаетов.

 

133911773

Виолета Булц, еврокомесар за транспорт: “ЕУ има стратегија за проширување која ќе донесе позитивни сигнали за регионот. Иднината на Западен Балкан е позитивна. Искористете ја оваа прилика.“

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Тој истакна дека фокусот на Самит100 во Скопје, како и секоја година, ќе остане на регионалната соработка. За полесен пристап до нови пазари, на компаниите им е потребно здружување, а Самит100 е одлична иницијатива за постигнување на овие цели.
“Истовремено, Самит100 е силна платформа за структуирање на развојни програми кои би го приближиле регионот чекор понапред во исполнувањето на мисијата за градење на моќна бизнис заедница која би била генератор на поголем економски раст. Ние во Самит100 сме уверени дека само преку интензивирање на регионалната соработка и градење синергии меѓу компаниите, би ја подигнале конкурентноста на економиите, на нашите фирми би им овозможиле полесен пристап до нови пазари а за странските инвеститори, како унифициран пазар би биле далеку попримамливи.“, додаде Мукаетов.

Еден од главните говорници е Еврокомесарката за транспорт Виолета Булц на која ќе ѝ се придружат реномирани бизнис лидери, претставници на водечките компании  од регионот и пошироко, како Хидрија, АСА Груп, Атлас Фондација, Атлантик Група, Горење, БМВ, Подравка, Филип Морис, ББИ, Убер, Бамби и многу други, но и претставници од меѓународни финансиски институции како Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), Европската инвестициона банка (ЕИБ), Светската банка и многу други претставници од бизнис секторот. 

Виолета Булц истакна дека е се’  поубедена оти иницијативите како Самит 100 се многу важни за регионалната соработка и за побрзата интеграција на регионот во ЕУ.
“ЕУ има стратегија за проширување која ќе донесе позитивни сигнали за регионот. Иднината на Западен Балкан е позитивна. Искористете ја оваа прилика.“, порача Булц.

133911752

Самит100 го поздрави и претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, којшто истакна дека иднината на малите балкански земји е извесна само преку меѓусебна соработка и слободен проток на идеи, капитал и луѓе.

Програмата на САМИТ100 е поделена во два дена. Денес учесниците ќе имаат можност да дискутираат за важноста од поврзувањето на регионот, развојот на зелената мобилност како можност за брз раст, слободното движење на стоките и услугите и како локалните идеи можат да достигнат глобален успех, но и околу идеите и проектите за подобра координација и унапредување на соработката во рамки на нашиот регион и негово приближување кон Европската унија преку Берлинскиот процес, во чија цел е предвидено и потпишување на меморандум за соработка помеѓу САМИТ100 платформата и Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан 6, основан на неодамнешниот Самит во Трст.

Утре, 17 октомври, учесниците на САМИТ100 ќе бидатангажирани во 5 креативни работилници посветени на енергетиката, економијата базирана на знаење, брендирање на производите од секторот храна и пијалаци, како и дигиталната економија и туризам. Во текот на денот предвиден е и политички панел на премиерите од регионот– Македонија, Косово, Црна Гора, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина на кој ќе им бидат претставени заклучоците од креативните работилници,   а политичките лидери пред присутните ќе го дадат својот осврт на ‘‘Новиот договор за новото доба‘‘ во согласност со слоганот на САМИТ100.

Поопширно за тоа што ќе се зборува на панелите на Самит100 ќе може да читате во текот на денот на порталот https://kapital.mk, како и во печатеното издание на магазинот Капитал.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×