Почна со работа првиот малопродажен парк во земјава
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Во Скопје денеска беше отворен првиот малопродажен парк (Point Retail Park) во земјава.
поинтСе работи за инвестиција вредна околу девет милиони евра, а инвеститор е компанијата „Али Тобако“. Паркот се простира на површина од 9.500 квадратни метри и ќе има 300 паркинг места. Тој е лоциран во Општина Бутел, во поранешно ТИПО, на крстосницата меѓу булеварите „Словенија“ и „Македонско – косовска бригада“.
На отворањето присуствуваа сопственикот и инвеститор Али Ќаили, градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски и генералниот директор на компанијата ФОРТОН МКА/Кешман енд Вејкфилд,  Влатко Богоевски.
Според Ќаили, малопродажниот парк е инвестиција што ќе влијае позитивно на Градот Скопје и на државата генерално, позиционирајќи не како лидер во регионот.
„Поинт Ритеил Парк е инвестиција што ќе ги отвори вратите за околу 200 лица и која вреди околу девет милиони евра. Во Поинт ќе можете да видите познати и реномирани домашни и странски брендови“, изјави Ќаили и изрази благодарност на сите закупци кои го препознале нивниот план и инвестиција.
Градоначалникот Смилевски изрази задоволство што паркот се отвора во Општина Бутел и смета дека со оваа инвестиција ќе се влијае на локалниот економски развој и на модернизација на оваа локална самоуправа.
Богоевски, пак, потенцира дека овој концепт е развиен насекаде во светот, посебно во Европа и регионот околу нас, како Србија, Хрватска, Косово и Црна Гора.
„Успеавме за кратко време да го наполниме целосно со голем број брендови кои се светски познати, но и локални кои навистина имаат што да понудат. Од самиот почеток и најавата за идејата побуди голем интерес кај потенцијалните закупци и интересот беше навистина голем. Оваа инвестиција која е прва од ваков тип, со сигурност ќе влијае на економијата во државата и ќе ја направи горда, позиционирајќи го Скопје како лидер во регионот“, изјави Богоевски.
Посетителите ќе можат да купуваат домашни и странски брендови. Во рамки на паркот ќе има и ресторан, супермаркет, игрoетка и продавница за деца на површина од 2.500 квадратни метри. Вечер, со почеток од 19:30 часот, е предвидено свечено отворање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×