Почнува Македонскиот економски самит 2015
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

По трет пат по ред во Македонија денес започна Македонскиот економски самит во организација на Македонија2025, кој има за цел да ја поттикне и напредне дискусијата за економскиот развој, да ги претстави динамичните сектори и предностите на земјата.

Како што велат од организацијата, оваа година е многу важна за економскиот развој на земјата.

„Во изминатите неколку години дојдоа повеќе странски инвестиции, а во домашната економија се почувствува нова динамика. На ред е да се консолидираат домашните компании, односно да се поттикнат нови, понапредни и подинамични компании што ќе бидат проактивни во извозот на производи и услуги“.

Самитот, велат од Македонија2025, е силен бран што го продолжува континуитетот преку замислување како би изгледал натамошниот економски развој за нашата земја.

На самитот ќе учествуваат околу 40 експерти од Македонија и 20 други земји, меѓу кои има навистина влијателни луѓе што се активно инволвирани во трансформативни процеси низ светот. Некои од нив се Томи Т. Ахонен кој е советник за мобилна телефонија на земји како Сингапур, Ника Гилаури кој како премиер на Грузија остварил значителни промени во земјата, Џон Битов кој е еден од најуспешните канадски претприемачи со македонско потекло, Хери Кремер, Професор по лидерство на Келог Школата за Менаџмент и други.

„Самитот е прекрасна можност да видиме што прават најдобите во светот и да научиме од нив“,  изјави Мајк Зафировски, еден од основачите на Македонија2025.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×