Почнува првата TEDx септемвриска сесија
Објавено на од во Start-up

На 16.03.2016 (среда), од 19.00, ќе се оддржи првиот од серијата шест TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани на тема “Социјални иновации – Нов пристап кон решавање на општествени предизвици” во просториите на Регионалниот центар за социјални иновации во Скопје, соопштуваат од TEDxSeptemvriskaSesijaSalon.

Настанот е предводен од страна на група волонтери и со поддршка на Бизнис Академија Смилевски, Smart Up – Creating the geeks of tomorrow, Social Innovation Hub и ФИНКИ. На официјалниот лиценциран настан на TEDxSeptemvriskaSesijaSalon ќе се прикажат 2 TED говори, проследени со панел дискусија.

Но, што всушност се “социјални иновации”?

Владите зборуваат за нив. Бизнисите се охрабрени да ги пробаат. Невладините организации се директно вклучени и веќе ги развиваат. Но, што всушност се “социјални иновации”? Од каде потребата за нивното настанување и на што се должи нивната популарност? Зошто токму тие се новиот пристап кон решавање на општествените предизвици со кои се соочуваме?

„На првиот од серијата шест TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани за оваа година ќе зборуваме на тема „Социјални иновации – Нов пристап кон решавање на општествените предизвици”  Целта на настанот е да преку дискусија поттикната од експерт гостите, а насочена помеѓу учесниците ги дефинираме поимите социјални иновации и социјално претприемништво, да зборуваме за примери и интернационални и домашни активности во полето на социјални иновации и да се инспирираме помеѓу себе. Истотака, ќе ги разгледаме социјалните иновации од два аспекти, академски и бизнис односно корпоративен аспект преку разгледување на бизнис моделите и ефектите од нивната имплементација во општеството и релевантните истражувања поврзани со темата“, се вели во соопштението.

FBCover_TedXSeptSesijaSalon_nastan01

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×