Почнува Самитот во ЕУ. Ципрас ќе ја спасува Меркел?
Објавено на од во Политика

Cipras MerkelЛидерите на 28-те земји членки на Европската унија се среќаваат денес во Брисел за да договорат нови мерки со кои би се ограничиле влезот на мигранти преку Средоземното море, во услови кога растечкото незадоволство заради имиграцијата ги “притиска” владите на Германија и Италија.

Германската канцеларка Ангела Меркел очекува дека дводневниот самит ќе ја спаси нејзината позиција која е разнишана заради мигрантската криза.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е подготвен да потпише договор со Меркел со цел да и го олесни на Германија процесот на враќање на азиланти во други европски земји, пишува Фајненшл Тајмс (ФТ).

Ципрас за ФТ вели дека е отворен за специјален договор со Берлин за да се намали “секундарното движење” (кога азилант од земја ЕУ во која прво стигнал за да бара азил оди во некоја друга земја во Унијата).

Според Ципрас постојните правила на ЕУ за распределба на азиланти помеѓу земјите членки на Унијата се несоодветни.
ЕУ според нацрт соопштението ќе ги зацврсти своите надворешни граници и ќе потпише договори со кои ќе се зголемат паричните издвојувања за земјите за Северна Африка за да се спречи доаѓањето на мигранти во Европа, пишува Ројтерс.

Лидерите на ЕУ се длабоко поделени во врска со прашањето што да се прави со легитимните азиланти кои побегнаа од конфликтите на Блискиот исток и Африка. Тоа прашање длабоко ги поделува членките на ЕУ веќе три години и се уште нема некои сигнали дека тоа ќе се реши.

Разликите посебно се истакнуваа во последните денови, што покажува дека ќе има остри расправи зад затворени врати, додека лидерите од ЕУ ќе настојуваат да покажат единство во јавноста.

Според податоците на Обединетите нации, оваа година имало 44 илјади влегувања преку море, што е многу помалку отколку во 2015 година кога повеќе од еден милион бегалци и мигранти стигнаа на европскиот брег.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×