Почнува самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Шестиот самит на држави од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес почнува денеска во Познањ во Полска, која претседава со процесот. Во рамки на самитот денеска ќе има форум, а утре и Бизнис форум ЕУ-Западен Балкан и Форум на цивилното општество.

news_logo_balkany_enБерлински процес и Самит на земјите од Западен Балкан годинава ќе се одржи до 5 јули. Тоа е иницијатива што поддржува регионална соработка на Западен Балкан и ја дополнува политиката на проширување на Европската унија.

„Конференцијата организирана во рамките на Берлинскиот процес претставува платформа за европски дијалог и соработка, која дава поддршка на политиката на проширување на ЕУ“, изјави полскиот заменик министер за надворешни работи Шимон Шинковски вел Сенк.

Тој додаде дека целосна европска интеграција е можна само ако граѓаните се вклучени во процесот.

Во процесот се шест партнери од Западен Балкан, Европската комисија, одделни земји на ЕУ, меѓународни финансиски институции, меѓународни и регионални организации.

Полска се приклучи на процесот во 2018 година, а во 2019 година го предводи тој процес.

Претходните самити се одржаа во Виена (2015), Париз (2016), Трст (2017) и Лондон (2018).

Берлинскиот процес е покренат од страна на германската Влада во 2014 година. На овогодинашната конференција, како што претходно беше најавено, ќе присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел.

Портпаролката на германската Влада, Мартина Фиц во петокот изјави дека е предвидена и заедничка прес-конференција на премиерите на Полска, Матеуш Моравијецки, на Северна Македонија, Зоран Заев, на Бугарија, Бојко Борисов и германската канцеларка Ангела Меркел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×