Почнува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Пратениците денеска ја почнуваат собраниската расправа за предлогот на Владата за ребаланс на буџетот за 2018 година. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат околу 180 амандмани, а партиите на Албанците десетина.

Според Деловникот, целата процедура за донесување на ребалансот на буџетот треба да заврши за околу 20 дена, или околу 15 ноември. Министерот за финансии, Драган Тевдовски рече дека актуелните случувања во Собранието поврзани со уставните измени нема да го пролонгираат донесувањето на ребалансот на буџетот и тој ќе биде усвоен во законскиот рок.

Владата го ревидираше планот за трошење на народните пари годинава така што ги намали планираните расходи за речиси 20 милиони евра, односно за 0,6%. Така, со предлог измените на Буџетот за годинава се очекува да се потрошат вкупно 3,4 милијарди евра, додека пак приходите се проектирани на 3,13 милијарди евра. Тоа значи дека буџетскиот дефицит, односно разликата помеѓу трошоците и приходите во државната каса ќе изнесуваат 293,5 милиони евра или 2,7% од бруто домашниот производ (БДП).

Меѓутоа, иако Буџетот се намалува незначително, сепак поголеми промени се направени со прераспределба на пари од една за друга намена. Најмногу пари се скратени од капиталните инвестиции и тоа дури за четвртина, па од првично планираните 392,6 милиони евра, се намалуваат на точно 300 милиони евра. Оваа промена доаѓа поради забавената реализација на планираните капитални инвестиции и по одделни проекти, најмногу пари всушност се скратени од изградбата на гасоводот, како и од планираната изградба на Клиничкиот центар.

Очекувањата се дека вака скратените инвестиции ќе се реализираат, оти кон крајот на годината, по правило, се покажува најголема активност.

Најмногу пари со ребалансот се дополнуваат за општините кои треба да добијат околу 50 милиони евра за да ги платат доспеаните долгови кои им го блокираат работењето. Повеќе пари ќе има и за долговите на општинските училишта, градинки и домови на кутура, но само ако не се распушти актуелниот собраниски состав.

Со ребалансот се обезбедуваат дополнителни 30 милиони евра за фондовите за здравствено и за пензиско осигурување, како и за Агенцијата за вработување, и треба да обезбедат непречено реализирање на обврските и намалување на долговите на здравствениот систем.

Ребалансот обезбедува дополнителни 3,2 милиони евра за политичките партии и истражувачки центри, како и пари за ОТА, до крајот на годината.

Проектираниот дефицит како и отплатата по основ на главница на надворешен долг во износ од 263 милиони евра и на домашен долг во износ од 200 милиони евра ќе се финансираат преку задолжување во странство и на домашниот пазар на државни хартии од вредност. Во споредба со иницијалниот Буџет, отплатата на надворешниот долг е зголемена како резултат на реализираниот предвремен делумен откуп на Еврообврзница што достасува во 2020 година.

Домашното задолжување кое е предвидено на ниво од 287,8 милиони евра, ќе се реализира за отплата на домашни хартии од вредност во вкупен износ од 200 милиони евра, додека останатите претставуваат нето задолжување за финансирање на потребите во тековната 2018 година.

Во однос на странското задолжување во буџетот предвиден е износ од околу 540 милиони евра. Дел од изворите за финансирање во странство се реализираа преку издавање на Еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал на почетокот на годинава во износ од 500 милиони евра со историски најниска каматна стапка од 2,75%. Останатиот дел од странските извори за финансирање се обезбедуваат со повлекување на средства од поволни кредити од меѓународни финансиски институции и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти.

Со предложениот ребаланс на Буџетот за годинава, Владата ја намали својата проекција за економскиот раст од 3,2% на 2,8%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×