Почнувате бизнис во 2016? Избегнете ги овие почетнички грешки
Објавено на од во луѓе и компании

Ако планирате да почнете бизнис оваа година, сигурно сте полни со возбуда. Додека возбудата, посветеноста и одлучноста се одлични карактеристики, сепак треба да бидете сигурни дека пристапувате со многу внимание, со цел да не се доведете до брзо пропаѓање.

Enterpeneur.com дава совети –кои почетнички грешки да ги избегнете со цел да го стартувате добро вашиот бизнис.

  1. Не очекувајте успех преку ноќ

2015_business_riskМногу малку компании можат од лансирање до одличен успех да дојдат преку ноќ. Да, ова се случува, но не така често како што вие мислите. Медиумите секогаш преферираат да зборуваат за старт ап кој почнал со нацрт на хартија, па брзо стигнал до вредност од 100 милиони долари, отколку за компанијата која се справува со тешкотии во изминатите неколку години, се со цел да остане над вода и да не пропадне.

Затоа, прифатете дека најверојатно ќе ви е потребно подолго време за да го мрднете вашиот бизнис од почетната позиција. Ако тоа се случува брзо, тоа е бонус, но секогаш е подобро да не се потпирате на нереални очекувања, за да не бидете разочарани.

  1. Да не преземате акција, а да очекувате дека продажбата ќе оди од рака

Без разлика колку се добри вашите продукти или услуги – ако никој не знае ништо за вас, вашиот бизнис ќе умре. Вие треба да го рекламирате вашиот бизнис и да најдете начин директно да го привлечете вниманието на вашата таргетирана публика.

  1. Направете добра длабинска анализа

Дали името на вашата компанија ги крши правата на интелектуална сопственост на некој бренд? Постои ли добар домејн кој е слободен, а кој ќе може лесно да ве донесе до вашите клиенти?  Дали името на вашата компанија е слободно на сите популарни социјални мрежи?

Ова се само дел од прашањата што треба да си ги поставите при правењето на длабинската анализа на пазарот за да одбегнете проблеми на самиот почеток.

  1. Да немате план на долг рок

Да почнете бизнис во занес без добро промислен план на долг рок е претприемничко самоубиство. Без ваков план многу лесно може да направите огромни трошоци, што на крај ќе донесат вашиот брод да потоне.

Додека не може да ги предвидите (или да ги превенирате) сите пречки со кои ќе се соочите, создавањето на план на долг рок, ќе ви помогне да ги избегнете грешките за кои нема оправдување. На пример, маркетинг буџет на долг рок ќе ви помогне да си обезбедете план со кој ќе имате постојано средства да го покриете рекламирањето, а истовремено и да си оставите доволно средства за да се справите со дневните трошоци и платите на вашите вработени.

  1. Прифатете го лајфсталот што доаѓа со овој чекор

Да се биде претприемач во денешно време најчесто се перцепира како нешто „кул“, благодарение најмногу на медиумите и милијарда долари вредните компании како Facebook, Uber и Snapchat.

Но, почнувањето на бизнис бара повеќе од тоа. Долги часови работа, постојаното решавање на проблемите и стресот се само дел од работите што можете да ги очекувате. Но и ова:

-          Кажете збогум на дружењето со пријателите и времето за долг сон

-          Подгответе се дека времето со фамилијата и пријателите ќе ви биде значајно ограничено

-          Хобито и личните интереси ќе мора да ги ставите на пауза

-          Вашиот бизнис и развивањето на истото ќе ви станат врвен приоритет

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×