Под силен притисок од ЕК, Словенија мора да продаде две третини од акциите на Нова Љубљанска банка
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

nlbПоради роковите утврдени од Европската комисија, словенечката Влада донесе нова одлука за отпочнување на продажба на две третини од акциите на Нова Љубљанска банка (НЛБ) преку иницијална јавна понуда на акции (ИПО), објавија словенечките медиуми.

Владата на техничкиот премиер Миро Церар во понеделникот задачата да спроведе постапка за продажба ја предаде на Словенечкиот државен холдинг (SDH), кој управува со државниот имот, со оглед на фактот дека државата во Нова Љубљанска банка (НЛБ) е 100 процентен сопственик. Целта на постапката е преку методот на IPO да се продадат најмалку 50% до крајот на оваа година, а следната година 25%, минус една акција на НЛБ, по што државата ќе остане малцински, но влијателен акционер.
Словенечката Нова Љубљанска банка е сопственик на третата по големина банка во Македонија, НЛБ.

Започната постапка за приватизација минатата година, која беше управувана од Дојче банк со овластување на Владата, беше прекината кон крајот на минатата година, со објаснување дека така биле советувани од финансиските консултанти кои процениле дека потенцијалните инвеститори би можеле да понудат до 400 милиони евра помалку за акциите на НЛБ ако не се реши прашање за старите девизни заштеди поради тужбите поднесени против Загребчка банка и Привредна банка Загреб против НЛБ и “стара” Љубљанска банка во Хрватска.

Словенија барањата на овие банки за враќање на долгот поврзан со пренесените девизни депозити ги смета за неоправдани, бидејќи смета дека станува збор за сукцесиско прашање на наследничките држави на поранешната СФРЈ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×