ПОДГРАНТОВИТЕ ФИНАНСИРАНИ ОД ИПА ПРОГРАМАТА НА ЕУ ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ ЈА ЗГОЛЕМАТ КОНКУРЕНТНОСТА НА ТУРИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА
Објавено на од во Економија
Преку финансиската поддршка во рамки на проектот Локална и регионална конкурентност – ПЛРК ќе се генерираат дополнителни инвестиции во приватниот сектор и ќе се зголеми бројот на работни места во туризмот, но исто така тој ќе придонесе и  кон зголемување  на учеството на туризмот во локалниот економски развој, велат оттаму. „Ќе создадеме и цврста и одржлива основа за понатамошен развој и зголемување на конкурентноста во областа на туризмот.“, истакнува директорката на ПЛРК, Антонија Шишак. Во следниот број на магазинот „Капитал“ од 17.05.2019  со неа разговараме опширно за „Локална  и регионална конкурентност“ и неговите придобивки.
LRCP-Slider1-1

 

Проектот Локална и регионална конкурентност (ПЛРК) претставува четиригодишна финансиска инвестиција финансирана преку Инструментот за претпристапна помош на Европската унија (ИПА II) во износ од 18 милиони евра и национална контрибуција од страна на Владата на Република Северна Македонија во износ од 3,2 милиони евра. Исто така, се очекува и корисниците на подгрантовата шема да придонесат со свое ко-финансирање при реализација на потпроектите. Најголем дел од средствата се наменети за подгрантова шема преку која  разните корисници исто така ќе придонесат со свое ко-финансирање при реализација на потпроектите, со што се очекува преку овој Проект во туризмот да бидат вложени околу 24 милиони евра.
Која е целта на овој проект?
„Целата на Проектот е да го зајакне придонесот на туризмот во локалниот економски развој и да ги унапреди капацитетите на Владата и државните институции кои се надлежни за секторот туризам со што ќе се поттикне развојот на овој сектор и ќе се олесни управувањето со дестинациите.“, вели за Капитал, директорката на ПЛРК, Антонија Шишак.
Инаку, ПЛРК е составен е од четири компоненти, од кои првата компонентата вклучува техничка помош за развој на туризмот во земјата и истата ја спроведува Светска банка, којашто воедно е и администратор на целиот Проект. Останатите три компоненти ги спроведува Владата односно Кабинетот на Заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори (КЗПВРСМ) преку Единицата за спроведување на проектот (ЕСП).
Првата компонента на Проектот ќе го подобри капацитетот на институциите и деловното опкружување за поддршка на развојот на туризмот на национално ниво, преку советодавни услуги, аналитичка помош и совети за јавни политики.  Подрачјата во фокусот произлегуваат непосредно од дијагностиката која ги нагласи клучните предизвици.  Оваа компонента вклучува техничка помош за следниве активности:
а.  Подобрување на институционалната координација, вклучувајќи и помош за спроведување на препораките за зајакнување на механизмите за и резултатите од хоризонталната и вертикалната институционална координација кај институциите на централно ниво, помеѓу централното и регионалното односно локалното ниво и кај единиците на локална самоуправа.
б.  Прегледување и дава мислење за нацрт Националната стратегија за туризам за периодот од 2016 година па натака, која е во подготовка, нејзиниот акционен план и влијанијата врз социјалните аспекти и животната средина.
в.  Подобрување на достапноста и користењето на податоците во насока на подобро изготвување на јавните политики, вклучувајќи и помош за поддршка на Владата во спроведувањето на препораките на тековната состојба со собирањето на податоците во секторот и нивната примена во творењето на јавни политики засновани на докази.
г.  Подобрување на деловното опкружување, вклучувајќи и финансирање на одредени анализи и совети за мерки поврзани со туризмот, особено во областите на индустриските стандарди, лиценцирањето, акредитацијата и регулаторното оптоварување на микро и малите претпријатија.
д.  Поддршка и навремен технички совет на ЕСП и агенцијата за спроведување, вклучувајќи ја тука и поддршката на Светска банка за спроведувањето на активностите на проектот.  Ова подразбира, меѓу другото, изготвување на прирачник за грантови за финансиските инструменти во рамките на компонентата 3.
Преку втората компонента е планирано и јакнење на капацитетите на институциите кои се надлежни во секторот туризам, пред сe’ преку спроведување на реформи во неколку области, како и преку ангажирање на соодветна техничка помош која во соработка со државните институции ќе придонесе за надминување на одредени пречки за непречено функционирање на чинителите во секторот туризам. Крајната цел преку преземените активности е  унапредување на деловното опкружување, јавно – приватниот дијалог, и стратегиското планирање во секторот туризам.
Третата компонента предвидува поддршка на инвестиции во туристичката инфраструктура и поврзување во дестинациите и всушност ја претставува подгрантовата шема, додека  четвртата компонента се однесува на ангажманот и функционирањето на самата единица за спроведување на проектот.
„Во рамките на третата компонента за која беа предвидени средства во износ од 16,4 милиони евра, беа распишани два јавни повика на кои можност да аплицираат имаа широк спектар на корисници, вклучувајќи ги општините, јавните установи, регионалните плански центри, образовните установи, центрите за обука, невладините организации и микро и малите претпријатија.  Утврдени беа три типови на подгрантови и тоа за: инфраструктурни инвестиции, за подобрена испорака на туристичките услуги и локални економски влијанија за организациите од туристичкиот сектор и образовните установи.“, истакнува директорката Шишак.
 Од ПЛРК сметаат дека преку финансиската поддршка ќе се генерираат дополнителни инвестиции во приватниот сектор и ќе се зголеми бројот на работни места во туризмот, но исто така  ќе придонесеме кон зголемување  на учеството на туризмот во локалниот економски развој и ќе создадеме цврста и одржлива основа за понатамошен развој и зголемување на конкурентноста во областа на туризмот.
„Секако значителни резултати очекуваме и од спроведувањето на реформите кои ќе се идентификуваат преку консултативниот јавен – приватен дијалог во процесот на управувањето со дестинациите.“, додава Шишак.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×