CEO Interview- Пол Полман, директор на Unilever: Подобро да кревате прашина, одошто истата да ја голтате!
Објавено на од во луѓе и компании
Што имаат заедничко „Ben & Jerry’s“, „Dove“, „Hellmann’s“ и „Lipton“. Секоја од нив е меѓу 400-те брендови во сопственот на „Unilever“, англиско-холандска компанија која ја води Пол Полман, правејќи профит од 48 милијарди евра само во минатата година.

 

Кога Полман во 2009 година ја презеде функцијата извршен директор на Unilever, тој направи неколку клучни одлуки за овој гигант, меѓу кои посветеност кон одржливоста. Тој вети дека до 2020 за половина ќе го намали влијанието врз животната средина, а истовремено ќе успее двојно да ги зголеми капацитетите на компанијата. Но, ниту една од оваа цел не е лесно да се оствари, во момент кога речиси 2 милијарди луѓе во светот секојдневно ги користат вашите производи.

За да се фокусира кон овие долгорочни цели, Полман стори нешто неочекувано – уште за време на првиот работен ден, тој ги шокира акционерите откако објави дека нема повеќе да издава приходни и квартални извештаи. Исто така, тој отворено зборува дека извршниот директор на еден начин е вишок во компанијата, велејќи за „Washington Post“ дека тој е „засрамен од цифрата која ја заработува“. Инаку, таа за 2014 година изнесува 10 милиони долари.

“Помалку од 30% од луѓето се среќни со својата работа, што е поразително“

Иако некои аналитичари беа разочарани од спориот раст на компанијата, сепак репутацијата на Полман како совесен лидер зајакна. Тој за „The Post“ говори за лидерскиот стил, мотивите и неговото назначување да раководи со Unilever.
“Првото прашање кое секогаш се поставува е: Што е успех? Мислам дека најважната работа е да го достигнете она што сте го зацртале. Да бидете извршен директор, само по себе не е успех. Јас не го поврзувам успехот со некоја титула или позиција која ја добивате“, вели Полман.
Неговата кариера е всушност спонтана. Тој за себе вели дека никогаш не планирал во животот однапред со години. Сите места каде што живеел – 12-13 земји – и компаниите каде што работел, претставуваат сплет на околности.
За тоа како одбира кадри за свои соработници и воопшто како Unilever регрутира вработени, тој го вели следново:
“Светот се менува со неверојатна брзина. За секоја позиција во една компанија, вклучувајќи ја и мојата, потребно е да се работи многу напорно, секојдневно да се стекнувате со нови вештини, но исто така и да заборавете на некои кфаливикации од минатото. Ние бараме луѓе кои се флексибилни и имаат доза на љубопитност“. Полман најмалку два пати неделно се обидува да направи интервју со кандидатите за да остане блиску до тој процес и да ги увиди вредностите со кои располагаат апликантите. Најдобрата шанса за успех, според него, е доколку индивидуалните вредности се усогласени со корпоративните.
“Тогаш луѓето се чувствуваат удобни и се прифатени“, вели Полман. “Помалку од 30 проценти од луѓето се среќни на своите работни места, што е една застрашувачка статистика според времето кое го поминуваме таму“.

-Велите дека работниците често се чувствуваат како да „ставаат маска“ за да ја завршат својата работа. Дали сметате дека многу извршни директори се борат со тоа чувство?

Многу компании различно ги привлекуваат луѓето и се чудите зошто е тоа така. Дали е тоа е поради платата? Најчесто не, бидејќи секој може ултимативно да ви плати она што треба да биде исплатено. Не е се’ во заработувачката, особено за новите генерации. Тие сакаат да направат разлика во живтотот, па бараат компании кои имаат јасна визија и цел. Тоа е голем предизвик за многу компании. Голем број фирми од приватниот сектор ги разочаруваат луѓето преку манипулација со стапката на работната сила и промената на девизните курсеви. Ние сме одговорни за 175 000 луѓе кои се на нашиот платен спиок.

-Дали сметате дека компаниите можат да се справат со ова?

Како компанија ќе гледаме да јакнеме и да продолжиме во таа насока. Но, доколку работите во осигурителна компанија која продава полиси што вие не би сакале да ги продадете ниту на сопствената жена или мајка, колку би биле да работите таму? Тоа со тек на време ќе почне да ве јаде и може да трае со години. Сето тоа нема да создаде енергија и ангажман кој долгорочно и треба на компанијата.

-Една од работите кои што ја направивте е тоа што прекинавте да ги издавате приходните и кварталните извештаи. Доколку некој друг извршен директор дојде и ви рече дека истото сака да го направи, каков совет би му дале?

Нашиот бизнис модел, кој вклучува безбедност на храна, санитарија и климатски промени, не може да се реши само со квартални извештаи. Тоа бара долгорочни решенија, а не тримесечен притисок. Една неоддамнешна студија покажува дека 75 проценти од американските финансиски службеници носат погрешна одлука во еден квартал, користејќи ги прирачниците. Исто така, последното истражување на Светскиот економски форум покажува дека мнозинството извршни директори имаат повеќе притисок од краткорочните цели, отколку од оние на долг рок. Интересно е тоа што, ако не дадете насоки или квартални извештаи, ќе имате повеќе шанси да привлечете вистинска акционерска база.

-Која е најголемата фрустрација која сте ја имале во кариерата?

Немам некоја фрустрација. Можеби звучи глупаво, но животот е премногу краток за такво нешто. Не се грижам за с$ што се случува. Во слободното време работам со луѓе кои имаат оштетен вид и поради тоа секојдневно ги „бројам“ благословите. Пресреќен сум што сум на оваа позиција, што сум едуциран и слободен да го правам она што го посакувам. Постојат само некои ситници, за кои ретко се грижам.

-Дали имате страв од нешто, за кој што размислувате во слободното време?

Мојот страв е оној од „застарување“. Живееме во свет кој брзо се менува и една од главните човечки задоволства е да припаѓа некаде и да биде дел од нешто. Веројатно тоа е една од нашите најголеми потреби после кислородот. Мојот најголем страв е од станување некорисен во однос на технологијата. Постојано мора да имате мала доза на параноја, која ќе ве принудува да раборите напорно секој ден.

-Дали вашиот лидерски стил се промени со текот на годините?

Апсолутно. Кога мојот татко почина, започнав да размислува за сите работи кои тој ме научи. Размислувате за искуствата во животот – понекогаш тоа е пријатно, понекогаш не – но е дел од вашиот карактер. Тоа е авантура низ која поминуваме додека живееме. Никогаш претходно не сум бил извршен директор. Моментот кога откривате дека животот не е само за вас, туку треба да инвестирате и во другите, е таа стабилна состојба која ве прави лидер. Поради тоа, сметам дека главниот квалитет на еден добар лидер е да биде човек пред се’.

-Што е она највредното што ви го пренеле родителите?

Моите родители пораснаа во војна, а поради тоа мојот татко никогаш се запишал на училиште. Бевме шест деца и тој инсистираше сите да се запишеме на студии. Тој во целиот животен век работеше по две работи истовремено, па веројатно и буквално се наработи до смрт. Една од работите кои дефинитивно ги научив е да не бидам мрзлив. Во моето место на живеење велат „Не го заборавај бројот на твојата куќа“. Тоа значи да не забораваш од каде доаѓаш.

-Ги замрзнавте вашите примања кога започнавте во Unilever за време на рецесијата. Дали сте задоволни со вашата плата или сметате дека не треба да заработувате толку многу?

Дефинитивно второто. Никогаш не заработував толку многу. Кога дојдов во компанијата, ниту прашав ниту преговарав за платата. Секогаш работев напорно и верував дека системот самиот ќе ги склопи коцките. Кога дојдов во Unilever, чувствував дека понудата е прилично великодушна. Луѓето на овие позиции не треба да бидат мотивирани од приходите. Ако им платите двојно, нема да можат да сработат дупло повеќе, бидејќи веќе максимално го користат своето време. Инаку да, јас сум среќен, но понекогаш засрамен од висината на парите кои ги заработувам.

-Зошто тогаш управните одбори сакаат да ги зголемат приходите на извршните директори?

Повеќето компании имаат платежна политика која вели: „Ние сакаме да го привлечеме најдобриот извршен директор, па ние требаме да им понудиме висока плата“, а потоа се тркате до врвот. Тоа е она што навистина се случува во последните две децени. И на крај, мора да се прекине со тоа. Има една филозофија на мојот живот која вика, подобро да кревате прашина, отколку истата да ја јадете.

-Кој е вашиот најдобар совет што би им го дале на младите професионалци?

Не работите за себе. Ако имате доволно среќа да бидете на позиција како мојата, веројатно ќе припаднете на тие 2 проценти од светската популација која е добро едуцирана, финансиски независна, која може да прави она што сака, може да живее и работи каде што сака. Доколку припаѓате на тие 2 отсто, тогаш вашата должност е да се ставите на услуга на останатите 98 проценти.

 

814-UnileverФакти за Unilever

1929г.
формирана со спојување на Lever Brothers и Margarine Unie

Седиште: Ротердам, Холандија

Индустрија: Стоки за широка потрошувачка

Најпознати брендови:Dove, Domestos, Lipton, Knorr, Hellmann’s…

Приходи во 2014: 48,4 милијарди долари

Чиста заработка во 2014: 5,15 милијарди долари

Број на вработени: 172.000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×