Појавувањето на Трамп во Давос ќе го одбележи Светскиот економски форум што почнува утре
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Учеството на американски претседател, во случајов Доналд Трамп, за првпат во речиси две декади, ќе го одбележи Светскиот економски форум во Давос што почнува утре.

Одлуката на Трамп беше изненадувачка и поради неговите критики за Форумот, што, според него, ги собира богатите и повластени елити, без тие реално да прават нешто за да ги решат светските проблеми. Како и да е, Трамп годинава ќе биде во друштво на стотици политички и бизнис лидери од светот, меѓу кои неговиот француски колега, Емануел Макрон, индискиот премиер Нарендра Моди, британската премиерка Тереза Меј …

Темата на Форумот оваа година е „Да создадеме заедничка иднина во поделениот свет“, што претпоставува акценти како меѓународната безбедност, заштитата на животната средина, глобалната економија … Меѓу важните теми, според основачот на Форумот, Клаус Шваб, „со сигурност ќе биде иднината на глобалната соработка, поврзана со трговијата, со животната средина; борбата против тероризмот, даночните системи“.

Според СиЕнЕн, Трамп патува во Давос поради желбата да ги истакне успесите што тврди дека ги постигнал со политиката „Америка на прво место“.

Надвор од економијата, во која приврзаниците на американскиот претседател како сигурен знак за претстоен успех ја истакнуваат даночната реформа, критичарите предупредуваат дека европските лидери ќе ги постават пред прашалник неговите политики во областа на миграцијата, како забраната за влегување во САД на граѓани на неколку држави и спорната програма за заштита на мигрантите.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×