Пола милион луѓе на улица: Романците сега бараат оставка на владата
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Romania protest

Околу 500 илјади луѓе во неделата вечерта се собраа на протестите во Романија, иако романските власти ја повлекоа спорната одлука со која се ублажуваа одредени одредби од анти-корупцискиот закон. Ова е шести ден од најмасовните протести во Романија по падот на комунистичкиот режим наНиколае Чаушеску во 1989 година.

Повлекувањето на  указот кој им дозволуваше на политичарите да избегнат судско гонење не го намали бесот на илјадниците луѓе собрани во Букурешт пред седиштето на владата и низ други пеесетина градови низ Романија.

rOMANIA 2

Демонстрантите сега бараат оставка од социјал-демократската влада, со објаснување дека на власт која донела вакво контроверзно законско решение не може повеќе да и се верува, бидејќи може да се обиде повторно да го направи тоа.
Истовремено, неколку стотици про-владини демонстранти се собраа да демонстрираат пред зградата на романскиот претседател во Букурешт за да протестираат против одлуката на претседателот Клаус Јоханис да се приклучи на демонстрантите и да побара повлекување на спорната одредба.

Владата во Романија изминатата недела заобиколувајќи го парламентот со итна уредба декриминализираше повеќе дела и злоупотреби на власта. Некои од тие дела стануваат казниви со затвор само ако со нив е предизвикана штета поголема од 44 илјади евра.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×