Политичка платформа „Македонски концепт“ – шанса конечно да изградиме нормална и модерна држава
Објавено на од во Колумна
Дарко Арсов е поранешен Директор и основач на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање на тероризмот, Инспектор против најтешки форми на организиран криминал во МВР, Аналитичар и шеф на Кабинетот на директорот во Агенцијата за разузнавање, поранешен член на меѓународни релевантни тела за борба против организиран криминал и перење пари во Советот на Европа, Почесен Конзул на Република Молдова во Македонија, член на УО на БККС, член на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ, последните 5 години Менаџер во компанија од областа на Дистрибуција во Лондон, Велика Британија.
Screenshot_3

Дарко Арсов

Во новата политичка платформа „Македонски концепт“ препознавам шанса конечно да изградиме нормална и модерна држава втемелена на објективната реалност и историска вистина а тоа е “Македонија на Македонците”, и да ставиме крај на долгиот и уништувачки посткомунистички транзициски период на политичка безидејност. Концептот е уникатен, модерен и прогресивен, базиран на современите западни демократии, мотивирачки и дава шанса на сите наши професионално реализирани сограѓани без разлика на политичка определеност, да се вклучиме и дадеме безрезервна поддршка и придонес за нашата татковина.
Безбедноста е рамнотежа
Прво и најважно националната безбедност и сигурност, најголемите проблеми во македонскиот безбедносен сектор се испреплетени низ повеќе линии со различна мотивација и интензитет. Клучните од нив се однесуваат на транснационални ризици и меѓународни сфери на влијание. Енергетиката е несомнено една од најважните.
Безбедноста на земјата е рамнотежа помеѓу интересот на Русија од една страна да обезбеди снабдување со нафта и гас за добро развиените економии на Европската Унија и таканаречената “Shale diplomacy” на САД од друга страна која во моментот поради еколошки причини  со ретки исклучоци не наоѓа добар пазар. Енергетските експерти од САД велат дека производството на гас од шкрилци ќе се зголеми драматично во наредните години и ќе стане главен извор на енергија во светот.
Обновливите извори на енергија им даваат локални предности на помалите играчи, како што е Македонија и умешноста е да направиме точна и прецизна анализа помеѓу безбедноста, независноста и трошоците со цел да изработиме стратегија што и дава на нашата земја економски суверенитет. Треба да бидеме внимателни затоа што секогаш заедно со енергетските интереси влегува и политичкото влијание што е клучно за економијата, националната безбедност и секојдневниот живот. Современата Македонија треба внимателно да го следи овој сектор и да има контролен механизам и толерантност само за економски проекти со придобивки, а не за политички проекти со економска зависност.
Етничката рамнотежа во земјата е важен сектор, затоа што во годините на југословенскиот режим различните етнички, религиозни и културни слоеви беа форсирани и сплотувани со сила. Денес, голем предизвик со кој се соочува Македонија не е само интеграцијата, туку и да се направи земјата респектирано и богато место за живеење, земја во која  секој ќе сака да живее.
Токму затоа платформата “Македонија на Македонците и промоција на државен патриотизам” е уникатна и нуди трајно решение и стабилност на државата. Концептот ќе не извади надвор од досегашните политики и  влијанија на  соседни држави чии интереси се’уште се поттикнување на меѓуетнички конфликти и нетрпеливост. Политиката заснована врз јазикот на толерантноста и просперитет и добра дипломатија ќе нè носи во НАТО и во ЕУ како најголеми гаранции за мирен и успешен развој на земјата.
Проблемот е во иселувањето, а не во доселувањето
Мигрантските текови наидоа на слаба точка преку Грција, Албанија и Македонија за да се насочат кон Западна Европа. Тие текови неизбежно предизвикуваат ризици од увоз на радикален ислам, шверц и финансирање на криминалниот сектор. Ова директно влијае на активностите на безбедносните служби, подготовката на граничните сили, населението во овие области и агентурниот  апарат. Ако безбедносните служби не ги користиме за внатрешно-политички борби, но ги користиме за наменетата цел,  ќе завршиме голема работа.
Ова исто така ќе ја покаже нашата соодветност кон нашите сојузници. Играта меѓу Турција и Европската Унија за мигрантските текови што можат да бидат лансирани до нашите региони по конфликтот во Сирија се покажаа како пропаганда. Кај нас проблемот е миграцијата на младата популација, а не желбата на некој да се досели кај нас.
Географската локација на земјата на Западен Балкан ја прави атрактивна за појава на високи форми на организиран криминал и  подразбира сериозен ризик кои треба да биде приоритет не само затоа што ги збогатува криминалците, туку затоа што го зголемува ризикот од слободниот црн капитал да влијае врз социјалните и политичките процеси во земјата. Тука се вкрстуваат ризиците од криминалниот сектор и оние од националната безбедност.  Друг значаен сегмент е дека обемот на сивата економија и криминалниот капитал имаат тенденција да ја корумпираат власта и на тој начин правилата и законите почнуваат да ги поддржуваат криминалците.
На тој начин слободната пазарна економија се девалвира и шансите на луѓето за успех се намалуваат, државата останува  сиромашна и Македонците ќе емигрираат. Ова е голема закана и постојат механизми за уништување на овој процес од корен. Реформите во безбедносните служби, судските реформи, антикорупциското законодавство,  Министерството за внатрешни работи, службите и даночните власти се инфраструктурата што ќе ја чува и пази  Македонија да биде завладеана од внатре.
Предлагаме подигнување на нивото и формирање на специјализирана Национална Агенција за борба против организираниот криминал, избор на Републички Јавен обвинител на непосредни избори што ќе значи директна одговорност пред граѓаните наместо пред политичките партии како досега, предлагаме избор на локалните полициски началници на локални избори заедно со градоначалници што ќе значи одговорност пред избирачите. Изготвување сеопфатна Национална стратегија за борба против организираниот криминал, зајакнување на капацитетите на контраразузнавачките служби  и комплетно нов систем на менаџирање на истрагите.
Сајбер безбедноста е потценета
Сајбер безбедноста е сектор во кој заостануваме, а во моментов 21-от век е незамисливо без ваква заштита. Не зборувам само за мешање во јавното мислење, политика, избори, владини институции. Сајбер безбедноста е исто така потребна за болници (наши лични податоци и болести), хидроцентрали, гранична контрола, кражба на деловни податоци од компании. Треба да инвестираме овде, како во образованието на персоналот, така и во стекнувањето современи системи кои ни гарантираат безбедност во модерниот свет кој е дигитален на секое ниво. Фактот дека заостануваме ни дава шанса да ги искористиме најновите достигнувања, но додека ги спроведуваме новите технологии и обучуваме администрација, веќе ќе има понови системи. Ова е област на континуиран натпревар.
Лажните вести се покажаа како една од алатките на тековната хибридна војна. Обидот за пуч во Црна Гора, тензиите во Македонија, тепањето во парламентот, убиствата на новинари во околните земји се знак дека битката за умот на луѓето е оружје и ние мора да бидеме подготвени за оваа битка. Имајќи ги предвид и проблемите во развиените демократии, како што се САД (избори), Велика Британија (Брегзит), итн., Ние сме многу ранливи. За ова е потребна чесна соработка со медиумите, обука од рана возраст за критички прием на вести и модерна комуникациска политика, затоа што штетата од оваа невидлива пропагандна војна е многу сериозна. Промената на реалноста и фактите  доведе до појава и на фашизам и на комунизам со едноставна пропаганда, а денес методите се многу пософистицирани. Овде улогата на државата не треба да биде да цензурира, туку улога на воспитувач и фактор кој наметнува стандарди на комуникација. Службите во Македонија мора да ги зајакнат капацитетите со  експерти во секторот, бидејќи влијанието на лажните вести е практично на сè, од економија, култура, армија, политика, одгледување деца и така натаму. Со цел финално расчистување со претходниот југословенски режим и остатоците од старите служби, а во прилог на градење на добрососедски односи ке бараме Белград да ги достави досиејата од поранешната југословенска служба до сите ентитети кои произлегоа од бивша Југославија.
Во овој контекст,  силна поддршка на отвореното управување и слободен пристап на граѓаните до информации од јавен карактер. Главната цел на отвореното управување е да го поддржи учеството на граѓаните во креирањето на политики и анализа на постигнатите резултати, да се подобри испораката на услуги и да се зголеми ефикасноста на јавниот сектор. Клучни за имплементација се зголемувањето на јавното чувство за отвореност и одговорност, институционалниот капацитет на јавните власти, рамнотежа помеѓу пристап до информации од јавен карактер и отворање на податоци и заштита на лични податоци и класифицирани информации. Поддржуваме формирање на Агенција за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер како независно тело создадено од парламентот и управувано од директор.
Политиката што ја предлагам е да се одржуваме модерно, со доверба во општеството и нашите евро-атлантски сојузници. Ако не го сториме неопходното да се заштитиме и почитуваме себеси, нема да не почитуваат другите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×