Политичката криза ги воздржува и бизнисмените и банкарите
Објавено на од во КАПИТАЛ АНАЛИЗА

16Нема инвестиции, нема кредити

Продлабочувањето на политичката криза до фаза во која нема никакво решение на повидок ги воздржува и бизнисмените да инвестираат и банкарите да одобруваат нови кредити. Народната банка во своето сценарио кое предвидува политичката криза да трае до крајот на годината, што е очекувано и реално, проценува дека банките годинава ќе одобрат само 3% повеќе кредити отколку лани. Пресметките покажуваат дека со тоа кредитното портфолио ќе се зголеми за околу 136 милиони евра, на 4,69 милијарди евра. Банкарите оценуваат дека проценките на Народната банка се реални и веќе се чувствува и намалување на кредитната активност и потешка наплата. Во исто време, пристапот до кредити ќе стане потежок и поради очекуваното зголемување на каматите за задолжување во банките откако Народната банка пред три недели одлучи да ја зголеми основната камата од 3,25% на 4%.

 

Продлабочувањето на политичката криза до фаза во која нема никакво решение на повидок ги воздржува и бизнисмените да инвестираат и банкарите да одобруваат нови кредити.

Народната банка во своето сценарио кое предвидува политичката криза да трае до крајот на годината, што е очекувано и реално, проценува дека банките годинава ќе одобрат само 3% повеќе кредити отколку лани. Пресметките покажуваат дека со тоа кредитното портфолио ќе се зголеми за околу 136 милиони евра, на 4,69 милијарди евра.

Bogov-863

Димитар Богов, гувернер на Народна банка

Во услови на неизвесност, се очекува дека побарувачката на кредити ќе биде пониска при претпоставка за помала склоност за задолжување на приватниот сектор, заради влошените услови на пазарот на труд и послабиот раст на инвестициската активност. Понеповолни движења се очекуваат и на страната на понудата на кредити, при воздржување на банките од поголем ризик и помал раст на депозитите. Оттука алтернативното сценарио покажува помал кредитен раст од очекуваниот во основното сценарио (годишен раст од 3%, наспроти околу 7% во основното сценарио)“, оценува Народната банка.

Според анализите на НБМ, во услови на зголемена неизвесност, се претпоставува дека може да дојде до воздржаност од нови инвестиции од страна на странските инвеститори, а можната воздржаност и кај дел од домашните приватни инвеститори и помалата побарувачка за корпоративни кредити, при зголемена одбивност кон ризик од страна на банките дополнително би довеле до намалена инвестициска активност на корпоративниот сектор.

Банкарите оценуваат дека проценките на Народната банка се реални и веќе се чувствува и намалување на кредитната активност и потешка наплата.

Toni_Stojanovski

Тони Стојановски, член на Управниот одбор на Стопанска банка и генерален директор за ризици.

Прогнозата за забавување на кредитниот раст е многу логична во услови на ваква  политичка криза во која се наоѓа Македонија. Последица од тоа е неизвесноста која трае и понатаму и влијае врз перцепцијата кај банките, компаниите и граѓаните за повисоки ризици во целокупното опкружување. Сигурно дека таквата перцепција ќе одложи многу деловни одлуки за нивно реализирање понатаму, со што директно ќе влијае на кредитниот раст. Во однос на наплатата на кредитите, посебно кај компаниите, треба да се каже дека се одвива отежнато, меѓутоа, барем засега, без поголеми промени во нивото на нефункционалните кредити, кои секако, се целосно покриени со резервации“, оценува Тони Стојановски, член на Управниот одбор на Стопанска банка и генерален директор за ризици.

Првите најави за можно забавување на кредитирањето од банките стигнаа уште пред еден месец откако кризата се префрли и во банкарскиот сектор па граѓаните и бизнисмените, само во април повлекоа дури 108,7 милиони евра депозити.

Генералниот директор на Шпаркасе банка, Глигор Бишев, изјави дека прва реакција на банките кога доаѓа до намалување на депозитната база, е да ја усогласат со активата и со својата кредитна активност.

„Продлабочената политичката криза можно е да го забави кредитирањето на компаниите.  Да се надеваме дека нема да биде екстремна контракција, да имаме пад на кредитната активност, а дека ќе дојде до успорување мислам дека веќе е очигледно. Доколку е од краток рок нема во голема мерка да ги погоди компаниите. Помеѓу политичката стабилност од една страна, и економската и финансиската стабилност постои меѓу зависност и таа не може да нема влијание“, истакна Бишев.

Генералниот директор на ПроКредит банка, Јованка Јолеска Поповска, вели дека „секое случување на политичко и економско поле има влијание на инвестициите на приватните фирми, и тие во бројни ситуации ги реобмислуваат или одложуваат плановите, но не престануваат да работат“.

Jolevska

Јована Јолеска Поповска, генерален директор на ПроКредит банка

Сепак, бизнис секторот знае дека треба да се реализираат започнатите активности, планови и испораки во било каква ситуација. Забавување на потребата за кредитирање нема. За 2016 година, планираме кредитен раст кај правните лица од околу 10%, кој во апсолутен износ изнесува 20 милиони евра. Наплатата на кредитите на бизнисите се одвива со нормален тек, благодарение на добро проценетите ризици при исплатените кредити. Процентот на нефункционални кредити на правни лица во ПроКредит банка заклучно со септември лани, е 3,37% во споредба со просекот на банкарски сектор од 11,69%“, изјави Јолеска Поповска.

Освен кредитирањето, Народната банка проценува дека послабиот раст на економијата и послабите девизни текови доведуваат и до послаб раст на депозитната база на банките во однос на основното сценарио.

„Се оценува дека растот кај депозитите годинава ќе изнесува 2,3%, наспроти оценката од 6% во основното сценарио“, пишува во најновиот извештај на НБМ.

Во исто време, пристапот до кредити ќе стане потежок и поради очекуваното зголемување на каматите за задолжување во банките откако Народната банка пред три недели одлучи да ја зголеми основната камата од 3,25% на 4%. Дел од банките калкулираат, а некои од нив веќе ја известија јавноста дека ги зголемуваат и пасивните и активните камати за најмногу 0,5 процентни поени.

Спорни за наплата 488 милиони евра

Иако банкарите потврдуваат дека потешко ги наплатуваат одобрените кредити, сепак статистиката до април не покажува драматично влошување на салдото на лоши кредити. Според податоците на Народната банка, до април спорни за наплата се вкупно 488 милиони евра.

Од нив, 388,3 милиони евра се спорни за наплата од бизнис секторот, додека останатите стотина милиони евра од населението.

Резултатите од стрес тестовите што ги спроведе Народната банка во третиот квартал лани, покажаа дека доколку се случи најлошото сценарио во економијата, дури третина од кредитите одобрени на приватните фирми би можело да станат спорни за наплата. Тоа значи дека банките не би можеле да наплатат од компаниите околу 775 милиони евра.

По одделни сектори, најпроблематични за наплата би биле кредитите дадени на компании што се занимаваат со хотелиерство и угостителство, односно  дури 42,8% од вкупните кредити, а според ова сценарио, инвеститорите во недвижности не би можеле да отплатат 42,7% од земените кредити.

Состојбата кај граѓаните е подобра споредено со бизнис секторот. Лошите кредити дадени за населението според најлошото можно сценарио би се искачиле од 5,6% на 20,2%. Најпроблематични кај населението би станале автомобилските кредити, со удел на лоши кредити од 38,8%.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×