Политичката криза во сѐ потензично статус кво
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Politika 906 WEB 01Што ако не „надвладее мудроста“?

Додека Могерини се надева оти „мудроста ќе надвладее“, при што како инструмент на решението ја спомена „мудроста на претседателот Иванов“, аналитичарите стравуваат дека може да прерасне во нешто поопасно итрината со која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, успеа ситуацијата што беше фокусирана на начинот на кој владееше, а на која се изгради резултатот на опозицијата на изборите, да ја сврти на кампања за спасување на Македонија од наводна федерализација

 

Пробиен рокот за распишување на локалните избори со ризик од парализирање на општинските власти; несвикување на Собранието да ја заврши конститутивната седница и да избере свој претседател и нова влада, иако новото парламентарно мнозинство е обезбедено; во меѓувреме подгревање на меѓуетничките тензии што во вторникот резултираа и со молотови коктели врз Музејот на албанската азбука во Битола …

Ова е контекстот што сам по себе претставува и безбедносен ризик, а да не зборуваме колку е примамлив за одредени надворешни сили, фактори, кои гледаат дека во моментов не им треба ништо повеќе од чкорче, ако таквиот развој на настаните работи за нивните интереси.

Politika 906 WEB

Во услови на протести „За заедничка Македонија“, и на истекот на рокот за распишување на локалните избори немаше иницијатива за свикување на Собранието

Додека партиите се обвинуваат дека поради нивната „патолошка желба за власт“, односно, „стравот од губење на власта и од соочување со одговорност за несовесното владеење“, прават ризични потези за државата, меѓународниот фактор (под што се подразбира западниот, зашто и официјално сѐ уште натаму стремиме) е едногласен што треба да се направи за да се избегнат опасните сценарија.

„Она со што се соочува Скопје е политичка и институционална криза, која сум загрижена да не се претвори во меѓуетничка криза“, изјави високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, по дискусијата на Советот за надворешни работи на ЕУ за Република Македонија, а откако беше и оствари увид во овдешната ситуација.

Таа говореше во име на ЕУ, но и во име на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и рече дека има поддршка од шефовите на дипломатиите на ЕУ-членките за пораките што ги искажа во Скопје. Се очекува засилен притисок во контекстот на овие пораки во четврток (текстов е затворен пред тоа), откако Могерини ќе се сретне и со премиерите на членките на Унијата.

Нејзините пораки до македонските политичари по Советот за надворешни работи на ЕУ, беа сосем јасни:

„Да не си играат со оган и меѓуетничка конфронтација, што ќе ја повлече земјата. Има инструменти за решение, како што е мудрост на претседателот, капацитетот на Парламентот да продолжи со избор на спикер и деблокирање на состојбата, за институционалната и политичка криза да се менаџира со инструментите што ги има Скопје, без мешање“.

Додека Могерини се надева дека „мудроста ќе надвладее“, при што како инструмент на решението ја спомена „мудроста на претседателот Иванов“, аналитичарите стравуваат оти може да прерасне во нешто поопасно итрината со која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, успеа ситуацијата што беше фокусирана на начинот на кој владееше, а на која се изгради резултатот на опозицијата на изборите, да ја сврти на кампања за спасување на Македонија од наводна федерализација.

Аналитичарите притоа потенцираат дека ако Груевски успееше да се договори со ДУИ за Специјалното јавно обвинителство, платформата на албанските партии, со истото, ако не и поголемо ниво на прифатеност од она на СДСМ, тој релативно лесно ќе ја „продадеше“ на јавноста со тезата дека Зоран Заев го кренал прагот на албанските очекувања, но оти ВМРО-ДПМНЕ извлекла максимум со нечепкањето на Уставот.

Во меѓувреме партиите се во фаза на чекање – активна е само ВМРО-ДПМНЕ со честите соопштенија во кои се повторува дека „предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните се најдоброто решение за излез од актуелната состојба“.

Politika 906 WEB 02

Подгревањето на меѓуетни-чките тензии во вторникот резултираше со молотови коктели врз Музејот на албанската азбука во Битола

„Нема предавство – има страв од промените“

Во СДСМ и натаму очекуваат претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, да ја преиспита и повлече одлуката за недавање на мандатот на Заев, зашто, како што вели членот на Извршниот одбор на партијата, Максим Димитриевски, „јасно е дека оваа негова одлука дополнително ја продлабочува поделбата во општеството“.

„Секако дека новото парламентарно мнозинство има институционални можности да дејствува; можеме да ја продолжиме конститутивната седница на Собранието, да извршиме избор и конечно да отпочнеме со реализацијата на изборните програми што треба да ја подобрат животната состојба на граѓаните, но претходно и да направиме меѓукоалициски договор. За жал, евидентна е желбата за конфликт од страна на досегашната власт, која сакајќи да ги затскрие криминалите се крие зад дел од членството и поддржувачите. Сето ова е проследено со масовна медиумска пропаганда“, вели Димитриевски.

Зад дестабилизацијата на ситуација во Македонија тој вели дека не стои никакво предавство на националните и државите интереси, туку степенот до кој се спремни да одат за да избегаат од промените оние кои се плашат од нив.

Димитриевски смета дека ситуацијата дополнително ја компликува тоа што државите, особено од соседството, делуваат како деструктивен фактор во македонската ситуација.

„Сите без исклучок ловат евтини политички поени на нашата политичка состојба, а во функција на изборните процеси во соседството. Секогаш во вакви состојби се користат екстремистичките елементи за заплашување и сеење страв и свесна дестабилизација“, вели Димитриевски.

(Се обидовме на овие теми да добиеме поконкретен став и од ВМРО-ДПМНЕ, но оттаму нѐ упатуваа на партиските соопштенија)

Politika 906 WEB 03

Високата претставничка потенцираше дека пораките што ги испраќа се усогласени на ниво на ЕУ и на НАТО

На прашањето, треба ли да стравуваме од поголеми тензии, од БЕСА одговорија дека се надеваат оти препораките на меѓународниот и на домашниот фактор ќе бидат слушнати за ситуацијата да се нормализира.

„Нашите заложби се да се стабилизира државата, да нема ексцеси што можат да ја извадат ситуацијата од контрола. БЕСА ги даде потписите на своите пратеници за опозицискиот лидер Зоран Заев да добие мандат за да почне да се консултира за формирање влада. За сѐ да оди институционално, односно, институции да почнат да работат и државата да добие на стабилност. Иванов го прекршува Уставот со недавањето на мандатот на Заев, но се надеваме дека сите препораки од странските и домашните фактори ќе се земат предвид и ќе се најде решение и ќе се нормализира ситуацијата“, изјави портпаролот на БЕСА, Фатон Фазлиу.

Професорот Владимир Пивоваров смета дека поединечните инциденти, во ситуација кога на улиците има маса луѓе, претставуваат конкретен ризик.

„Лидерите на политичките партии упатуваат пораки со наводно смирувачки тонови, но со хушкачки карактер. Не е случајно она што го имаме на улиците – психологија на толпа, каде едно лице ако почне да прави инциденти толпата го следи. Ако продолжи ова статус кво, ситуацијата ќе биде неодржлива. Ова е експанзија, проблемот се зголемува, прашање е кога ќе експлодира“, вели Пивоваров.

Според него дезинформација со цел ширење страв од страна на центрите што ја пласираат, е дека во Македонија влегле терористи од Косово и од Албанија.

„Ова е само една јамка за што посилно да се оттргнува вниманието на јавноста од суштинските проблеми во општеството. Затоа вакви информации за наводно влегување вооружени групи треба да се очекуваат и понатаму. Тоа е испробан модел, со користење на пропагандната машинерија, која дејствува врз база на тоа кој која телевизија ја гледа“, вели професорот.

Тој смета дека единствен начин да му се врати конструктивноста на процесот е претседателот Ѓорѓе Иванов да се врати на почитување на Уставот и на законите.

„Иванов донесе аболиција со цел да ја онеспособи работата на СЈО; потоа му го врачи мандатот на Груевски иако тој немаше обезбедено мнозинство како што бара Уставот, а на Заев не му го дава мандатот, иако тој однесе доказ дека го има исполнето уставниот услов. На Заев му постави дополнителни критериуми – зачувувањето на унитарноста на државата, а само тој ја знае дефиницијата за тоа“, вели Пивоваров.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×