Политичката несигурност и корупцијата ја “рушат” бизнис климата
Објавено на од во Бизнис и политика

Germanski-ivestitori-WEBГерманските инвеститори очекуваат влошување

Половина од германските инвеститори во Македонија очекуваат полоша економска состојба годинава отколку лани, а само 10% од испитаниците се оптимисти, покажа најновата анкета на Германската стопанска комора спроведена меѓу 59 менаџери на германски компании во земјава.
Најлоши оценки тие даваат на неколку клучни услови за водење на бизнис во Македонија, и тоа политичката и правната несигурност, борбата против корупцијата, дисциплината при наплата на побарувањата, транспарентноста во јавни набавки и непредвидливоста во политиката која се води во стопанството. Од друга страна, најдобри оценки германските бизнисмени даваат на условите на пазарот на труд.

 

„Всушност задоволството повеќе е поврзано со работната сила додека пак незадоволството главно е поврзано со државата“, изјави претседателот на Германската стопанска комора, Мартин Кнап посочувајќи ги продуктивноста и работниот капацитет на вработените, нивните квалификации, нивното академско образование и ниските трошоци за придонеси. Со позитивна оценка е оценет и даночниот систем и даночните оптоварувања, како и квалитетот и достапноста на локалните добавувачи.

Загрижувачки е негативниот тренд во последните три години. Ако во 2014 година, само една четвртина од германските инвеститори ја оцениле бизнис климата како лоша, денес тој процент е двојно поголем.

Се намалува и бројот на германски инвеститори што кога би одлучувале, повторно би ја избрале Македонија за нивните фабрики. Пред три години дури 85% од нив повторно овде би ги вложиле парите, додека денес тој процент е 75%.

Важно е да се каже дека анкетата е спроведена во периодот меѓу февруари и март годинава додека се уште решението на политичката криза се бараше на маса, а не на улица.

Претседателот на Комората Кнап, вели дека во екот на политичката криза, нема ниту една германска компанија што пројавила интерес да инвестира во Македонија и да отвори фабрика што би вработила 500 или 1.000 луѓе, но тоа било случај со цел регион а не само со Македонија.

„Политичарите мора да сфатат дека капиталот е како плашлива срна, тој лесно може да избега“, истакна Кнап и додаде дека голем проблем за Македонија и за сите земји во Југоисточна Европа е што премногу енергија се троши на политиката и изборите а во исто време страда бизнисот.

„Преголем фокус на изборите се одразува на економската активност. Тајната на успехот на западно европските земји е што бизнис секторот се интересира за политика само на маргините. За нив резултатите од изборите се информации од втор ред“, истакна Кнап.

Истражувањето на Германската комора покажа и дека бизнисмените многу попозитивно ги оцениле состојбите во својата дејност и во сопствените компании отколку општата економска состојба.

Сопствената деловна состојба скоро половина од оценетите компании ја оценуваат како добра, 47% како задоволителна, а само 8% ја оценуваат како лоша. Скоро идентични како и минатата година се плановите на компаниите во врска со отворањето на нови работни места и плановите за инвестиции: 40% од компаниите планираат да го зголемат бројот на вработените во однос на минатата година, а само 13% од компаниите планираат кратење на работните места.

Слично како и измината година, односно третина од компаниите планираат годинава да ги зголемат своите инвестиции, а 14% од испитаните компании планираат кратење на средствата за нови инвестиции.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×