Политико: Брисел го расчистува патот за Пекинг на Балканот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Одлуката на Европската Унија да ги одложи разговорите за членство со Албанија и Северна Македонија не можеше да биде со полош тајминг, пишува Џејкоб Мардел, истражувач во Mеркатор институтот за кинески студии, за Politico.eu.

BALKANS-MONTENEGRO-CHINA-EU-ECONOMYСомнителната посвтеност на Брисел кон регионот, отвора можност за Кинеската иницијатива “Појас и пат” да биде понудена како атрактивна алтернатива за земјите кои губат надеж во бескрајното чекање да влезат во ЕУ.

Кина беше синоним за ефтини облеки и шарена пластика. Во Црна Гора, денес, подобро е позната по големи кранови и огромните бетонски столбови, како што се оние на 200 метри високиот мост, долг 1 километар, над реката Морача.

Проектот – дел од амбициозниот план за изградба на автопат од јадранскиот брег до границата со Србија – е предводен од кинеската корпорација за патишта и мостови (CRBC), со заем од Ексим Банка на Кина.

Ова е како изгледа „Појас и пат“ на теренот: кинеските инженерски мускули, заедно со евтини кинески заеми.

Во Црна Гора и во останатиот дел од Западен Балкан, Кина пристигна со мал историски багаж – само куфери полни со пари. Тоа е во значителен контраст со “Западот”, кој има вековна традиција на мешање во локалната политика, а од неодамна – преку ЕУ – ветува многу и не дава многу.

Скапиот градежен проект во Црна Гора не е популарен кај сите, но критичарите ја обвинуваат владата наместо кинезите.

Запрашан од Политико, дали е загрижен за кинеското влијание, инженерот кој работи на проектот, со насмевка одговорил: “ЕУ веќе им кажува на нашите политичари како да гласаат и што да кажат – со Кина ќе биде исто, само за други прашања”.

Црногорците се генерално про-ЕУ, но и тие се „сити“. Тие можеби се повеќе фрустрирани со своите политичари со Брисел, но повеќе се лутат што ништо не се сменило, и дека ветувањата остануваат неисполнети.

„Ова чувство е широко распространето низ целиот Западен Балкан. Секогаш кога разговарам  со луѓето за Кина, темата за интеграција во ЕУ доаѓа порано или подоцна“, пишува Политико.

„Во Северна Македонија, еден локален академик ми кажува дека ги видел истите “глави за разговор” од Брисел на телевизија како го кажуваат истото изминатите пет години“, се вели во текстот.

„Во Босна и Херцеговина, седам во канцеларија на еден локален министер и слушам проповед што се чувствува помалку како политички театар, а повеќе како стенд-ап: “Луѓето се сити од надеж, нема инвестиции, нема вработување. Иднината е непредвидлива, а ЕУ не е толку привлечна како што беше порано”, пишува Политико цитирајќи неименуван босански министер.

Дури и во Албанија, која е извонредно прозападна, како што го опишува Политико, „еден шармантен и мек поранешен политичар“ изјавил: “Постои фрустрација да бидам искрен, секогаш има пари, но не е лесно да се пристапи до нив – нема лесен избор”.

Не е важно чија грешка е. Во крајна линија, луѓето се чувствуваат запоставени, разочарани. По распадот на Југославија, имаше ужасно насилство и економско уништување, но потоа имаше надеж. Сега постои само стагнација, анализира Политико.

Бидејќи ЕУ е отсутна во регионот, Пекинг моментално работи во вакуум, и нуди примамлива парадигма: финансии без обврска, парадигма која работи врз основа на взаемно почитување.

За разлика од Брисел, Пекинг не бара политички услови или внимателно сметководство. Во земјата и на меѓународно ниво, Пекинг дава приоритет на развојот на повеќе детали како што се реформите и човековите права.

На Балканот, тој нуди да изгради национални проекти кои ЕУ нема да ги допре: фабриките за јаглен во Босна и Србија, автопатот во Црна Гора.

На конференцијата за иницијативата “Појас и пат”, на која беше домаќин Белградскиот универзитет и финансирана од кинеската амбасада во Белград, еден од академиците-организатори изјавил дека “меѓу Русија и Европа од двете страни, ја гледам Кина како трет пат”.

„Во Босна и Херцеговина, одам по бреговите на Миљачка со еден млад преведувач кој ги прикажува кинеските туристи околу Сараево. Зборувавме за Кина, но ненадејно, по кратка тишина, вели: “Знаете, долго време беше Русија наспроти Западот. Западот е сеуште Западот, а Балканот сé уште е Балкан, но Кина е свежо лице “, се вели во текстот.

Кина не може да обезбеди алтернатива на интеграцијата во ЕУ. Не е близу во натпреварот со европската трговија и инвестиции. Но, присуството на Пекинг во регионот е ново. Кина е богата. Оптимист е за иднината. Таа дава надеж. Таа е вкоренета во празнините што Брисел ги остави меѓу очекувањата и реалноста.

Во Северна Македонија, Владата го смени името на целата земја за да ја смири Грција и да го олесни патот за евентуално пристапување. Од далеку, ова може да изгледа како мала концесија, но решавањето на деценискиот спор за името меѓу Грција и Македонија е неверојатно емотивно прашање.

На неодамнешната посета на земјата со цел да се испитаат двата автопати кои ги гради кинеската компанија Синохидро, слушам дека безброј луѓе се жалат на тоа што владата го промени името на земјата. Владата изврши чин на огромна политичко самоповредување заради интеграцијата во ЕУ, и сега и’ е кажано да чека бидејќи Бундестагот има зафатен летен распоред.

Ако, според коментарите на европскиот комесар за проширување Јоханес Хан, ЕУ е загрижена за влијанието на Кина во европското соседство, таа навистина треба да ја засили својата посветеност кон регионот. За жал, се чини дека го прави токму спротивното.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×