Политизираноста го гуши претприемништвото
Објавено на од во Економија

binzis i politika 1Политиката и економијата се силно меѓусебно поврзани. Политичката состојба и култура во едно општество влијае и на целокупната економија, од понудата до потрошувачката, од инвестиции до претприемништво. Неизвесноста, нестабилноста и најмногу, недовербата во политичкиот амбиент и опкружување, ги намалува инвестициите и темпото на економски развој.
Токму затоа ако Македонија сака поголем економски раст, најнапред треба да има промена во политичката состојба и култура, како и во начинот на кој функционираат политичките институции.

 

Политиката и економијата се силно меѓусебно поврзани. Политичката состојба и култура во едно општество влијае и на целокупната економија, од понудата до потрошувачката, од инвестиции до претприемништво. Неизвесноста, нестабилноста и најмногу, недовербата во политичкиот амбиент и опкружување, ги намалува инвестициите и темпото на економски развој.

Токму затоа ако Македонија сака поголем економски раст, најнапред треба да има промена во политичката состојба и култура, како и во начинот на кој функционираат политичките институции.

Теоријата на Адам Пржеворски, полско-американски професор по политички науки, еден од главните теоретичари и аналитичари на демократските општества, теоријата на демократијата и политичката економија, вели: “Oчекуваниот живот на демократијата во земја со приход по глава на жител под 1.000 долари е околу осум години. Од 1.001 до 2.000 долари, просечната демократија може да очекува да издржи 18 години. Но, над 6.000 долари, демократијата трае вечно”

Оттука, ако сакаме демократијата во земјава да потрае би требало да најдеме одговор на прашањата какви политички институции се потребна за да се зголеми економскиот раст или како државните институции можат да влијаат на економските перформанси?

“Политизираното општество секако дека влијае врз инвестициите, како на домашните, така и на странските. Капиталот секогаш бара стабилни државни системи и секако извесна економска политика на среден и долг рок. Најочигледен пример за тоа се случувањата во нашата земја во периодот непосредно пред изборите во декември 2016година, како и периодот потоа кој изобилуваше со политички пазарења, исчекување претседателот на државата да го додели мандатот за составување влада, како и блокираното собрание во текот на летото 2017 година. Сите овие процеси, кои за жал се надвор од контрола на бизнисот и тоа како негативно се одразија (и се уште се одразуваат) на и онака слабата македонска економија. Па така во овој период имавме пад на БДП од 1,8% во вториот квартал од 2017 година, незначителен раст од 0,1% во третиот квартал, за годината да се заврши со вкупен раст од 0,2% на годишно ниво, што е далеку зад перформансите на земјите од најблиското опкружување”, вели Александар Талимџиоски, финансиски и економски аналитичар.


talimdzioskiАлександар Талимџиоски
финансиски и економски аналитичар
Политизираното општество секако дека влијае врз инвестициите, како на домашните, така и на странските инвестиции. Капиталот секогаш бара стабилни државни системи и секако извесна економска политика на среден и долг рок.

 

Анализирајќи минатата 2018година Талимџиоски вели дека среќа е што концентрацијата на внимание насочено кон решавање на спорот со Грција и пропратните процедури, конечно ќе се реши, но сепак, како што додава тој, „економијата ја плати политичката цена со се уште понизок од посакуваниот раст кој се предвидуваше да биде некаде над 3%“ според, како што вели до сега (БДП) растел со 0,9% во првиот квартал, и по 3,0% во вториот и третиот квартал.

Како главни канали за пренос од политичка нестабилност врз економски раст, институциите на системот, меѓудругото задолжени и за распределба на ресурсите, и тоа како се важни за ефектите од политичката нестабилност врз главните двигатели на растот, вкупната факторска продуктивност и физичката и човечката капитална акумулација.

Проблемот е што “економијата” не значи ништо за многу голем дел од народот. Ревизиите на прогнозите за растот на БДП ги оставаат ладнокрвни. Економските модели може да покажат дека, со текот на времето, имиграцијата, конкуренцијата и слободната трговија се добри. Но, “решението” не е многу утешно за лицето што е на погрешна страна од таа равенка – без разлика дали тие се доктори специјалисти, работници во конфекција, или занаетчии итн. Ниту, пак, “со текот на времето” е многу привлечна за луѓето кои не чувствуваат сериозно зголемување на нивниот животен стандард во текот на една деценија. Овие луѓе не сакаат нето бенефиции за економијата како целина во иднина, тие сакаат повеќе пари за себе и сега.
Најлесниот пат да се стигне до тоа е преку отворање на нови бизниси, преку отворање на нови работни место, основање на нови фирми, иновативни производи…На овој план приватниот сектор треба да го има главниот збор.


hristovvИгор Христов
технички директор Fueloyal Inc.
Ниту една влада досега не се заложи за реални мерки кои што позитивно би влијаеле на работењето на стартапите и истите би ги стимулирала. Овде пред се не мислам на финансиска поддршка туку преку законски измени. Државата треба да направи дерегулација на тој сегмент односно да ги одвои малите и средни претпријатија од останатите.

 

На бизнисот му треба слобода

„Ниту една влада досега не се заложи за реални мерки кои што позитивно би влијаеле на работењето на стартапите и истите би ги стимулирала. Овде пред се не мислам на финансиска поддршка туку преку законски измени. Државата треба да направи дерегулација на тој сегмент односно да ги одвои малите и средни претпријатија од останатите. Потоа да се донесе посебен закон за стартапи каде истите комплетно ќе бидат ослободени од даноци во првите 5 години, ослободување од даноци на индивидуалци и компании кои ќе инвестираат сопствени средства во стартапи“, вели Игор Христов, технички директор и Основач на Fueloyal Inc.

Политиката за жал е дел од нашето секојдневие, додава Христов, кој вели дека за среќа поголемиот дел од ИТ компаниите не се директно инволвирани ниту засегнати од дневно политички промени. Затоа што, како што вели тој, голем дел од тој сектор работи на меѓународен пазар.

„Промени во даночните политики, потоа образовните како и законски измени во законите за ДДВ и тоа како влијаат и би влијаеле врз стартапите. Се надеваме дека оваа и идните влади ќе ги земат в предвид сите забелешки на бизнис заедницата пред да донесуваат избрзани одлуки“, додава Игор Христов.

Но, дел од одговорноста Христов ја лоцира и во самите претприемачи.

„Идните претприемачи треба да се охрабрат да почнат со работа и гласно да зборуваат за својата идеја. На Балканот владее фама колку ние сме уникатни и дека доколку се сподели идејата истата некој би ја украл. Ве уверувам дека нема потреба од тој страв. Најважното во идеата е напорната работа и егзекуција. Ако некој може да ја реплицира вашата идеја, тогаш тоа не е доволно добра идеја да го промени светот. Истотака во нашиот регион сите мислат дека парите се најважни за успех на стартапот, но тоа е комплетно погрешно мислење. Парите се важен дел, меѓутоа многу поважно е да имате добар тим, квалитетна идеја и да го погодите тајмингот“, констатира тој.

За успехот на својата компанија, Игор Христов вели дека успешната приказна е во големата визија, пропратено со одличен тим на професионалци од сите полиња потребни за успешен бизнис вклучувајќи технологија, маркетинг, продажба „и секако јасна цел каде се гледаме во следните 5 години“.

За идеите кои се зародиш на претприемништвото, институционалните механизми за поддршка на иновациите и нивна материјализација, како и позиционирањето на нови производи на разговаравме со уште еден претставник на успешна старт-ап компанија кој тврди дека „претприемништвото зависи најчесто од бројноста на идеи, нивната пазарна реализација и можноста одреден систем, односно пазар, да биде катализатор за реализација на одредени бизнис идеи“.

Дражен Котески, докторант по претприемништво и менаџмент на МСП, и менаџер за развој на бизнис во 4Виртус (4Виртус е компанија која изработува најразлични софверски и хардверски решенија и дава услуги во делот на дигитален маркетинг). Во своето постоење има реализирано проекти во повеќе од 15 земји и е добитник на 10тина награди во делот на иновативноста во своето работење. Дел од интерните проекти кои започнале како идеја во самата компанија, прераснале во самостојни бизниси. Тој вели дека за да се развие претприемничата култура посебно е важно да се воспостават механизми кои ќе помогнат за полесна реализација на квалитетните и издржани бизнис идеи.


koteskiДражен Котески
менаџер за развој на бизнис во 4Виртус
Фактот што Македонија е мала како пазар, со ограничен капацитет на апсорпција на производи и услуги дополнително ја комплицира егзистенцијата на одредени бизниси. Тоа е притисок за сите нови бизниси уште од стартот да размислуваат за интернационализација, односно фокус на надворешен пазар.

 

„Овие механизми можат да бидат поставени од страна на самото општество кои институционално ќе ги поддржува иновациите и нивната материјализација, но уште поважно и самиот пазар да воспостави механизми во кои одредени пазарни субјекти зависно од одржливоста на бизнис идејата би биле спремни да ризикуваат и поддржат иновативни бизнис идеи.
Иако имаме и позитивни примери кај нас, стартап екосистемот треба дополнително да се развива. Сепак се работи за процес на кој се рефлектираат многу работи“.

Според Котески, битни елементи се образованието, мајндсетот, критична маса на лица кои веруваат во себе и својата идеја и се спремни да ја реализираат, пристапот до финансии, но и потребни знаења и искуства како изгледа процесот на иновација и нејзина комерцијализација.

Политизираноста, вели тој, “исто така се наметнува како предизвик во работењето, со нејзиниот импакт во развојот на идеи, нивната реализација и конкурентноста, но и отвореноста на пазарот“.

„Фактот што Македонија е мала како пазар, со ограничен капацитет на апсорпција на производи и услуги дополнително ја комплицира егзистенцијата на одредени бизниси. Тоа е притисок за сите нови бисниси уште од стартот да размислуваат за интернационализација, односно фокус на надворешен пазар. Пристапот до квалитетен кадар и негово задржување е исто така еден од најголемите предизвици на сите бизниси. Сепак постојат и позитивни моменти. Македонија веќе има бизнис ангели кои се спремни да инвестираат во одредени идеи, стартап инкубатори па во последно време и акцелератори кои придонесуваат за позитивна претприемничка атмосфера. Дополнително тука е и фондот за иновации како уште еден катализатор на добрите идеи и нивната реализација. Според мене останува да бидат подобрени можеби начините на промоција на сите механизми и пристапот до нив, но и едукација за самиот бизнис процес и интернационализација на бизнисите”, коментира Котески.

Вештините на политичарите во областа на економските политики се мали последниве децении. Повеќето беа привлечени кон политиката од социјални, а не од економски прашања. Во меѓувреме, економијата стана техничка и технократска област.
Како да се заборава дека централната задача на политичарите е да се одржи и зголеми поддршката за претприемнички-ориентирани пазарни економски политики кои се глобална основа на последните децении на просперитет. Усвојувањето демократски режим не е доволно за постигнување на поголем економски раст. Тоа може да се случи само со усвојување на демократија со квалитетни институции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×