Половина милијарда евра од Буџетот за пост – корона развој
Објавено на од во АНАЛИЗА

European Union currency with coronavirus on topСите антикризни мерки на државата

Вкупно 550 милиони евра од Буџетот, или 5,5% од бруто домашниот производ (БДП) е проценетата вредност на сите антикризни мерки што ги донесе Владата последните два месеца како одговор на економската криза која настана поради затворањето на целото општество. Ограничувањето на движењето и полицискиот час несомнено ја втурнаа економијата во рецесија, која според процените на меѓународните финансиски институции ќе се движи од 3% до 4% пад на БДП, но паралелно се носат мерки со цел да го ублажат ударот врз економијата. Економистите оценуваат дека третиот сет на економски мерки кои Владата ги донесе за амортизирање на ударот од пандемијата со коронавирусот, ќе ја поттикне потрошувачката и со тоа на краток рок ќе се забрза економската активност, но велат дека и со вториот пакет се постигнал вистинскиот ефект, со кој, државата им помага на фирмите да ги исплатат платите на работниците и да се сочуваат голем број на работни места. Она што генерално недостасува, според економистите, се мерки со кои би се опфатиле извозно ориентираните компании како и капиталните инвестиции каде што има постојани потфрлања.

 

Вкупно 550 милиони евра од Буџетот, или 5,5% од бруто домашниот производ (БДП) е проценетата вредност на сите антикризни мерки што ги донесе Владата последните два месеца како одговор на економската криза која настана поради затворањето на целото општество.
Ограничувањето на движењето и полицискиот час несомнено ја втурнаа економијата во рецесија, која според процените на меѓународните финансиски институции ќе се движи од 3% до 4% пад на БДП, но паралелно се носат мерки со цел да го ублажат ударот врз економијата.
Последниот трет пакет антикризни мерки, меѓу другото вклучува платежни картички по 9.000 денари за купување домашни производи за околу 100 илјади граѓани што имаат помали приходи од минималната плата; потоа платежни картички и ваучери по 9.000 денари за домашен туризам со кои се таргетираат исто така околу 100.000 граѓани со приходи под минималната плата; викенд без ДДВ за сите граѓани за купување домашни производи; паричен надомест за сите кои останале без работа во март и април; но и неколку мерки за поддршка на бизнисите како бескаматни кредити од Развојната банка во вредност од 31 милиони евра, уште 25 милиони евра од Буџетот за освојување нови пазари и поголема конкурентност, финансирање на обуки, како и повеќе мерки насочени за поддршка на земјоделството.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски, објасни дека овие мерки се очекува на краток и среден рок да поттикнат побрзо закрепнување на економијата.
Merki-koregirana-2„Третиот пакет економски мерки ќе овозможи заживување на македонската економија преку директна поддршка на граѓаните и на стопанството. Истиот содржи краткорочни и среднорочни мерки за ревитализација на македонската економија. Ова се мерки за нова, развојна економија, преку кои ќе ја зголемиме потрошувачката и ќе стимулираме заштита, промоција и раст на домашната економска понуда. Со новата развојна економија ќе ја зголемиме и нашата конкурентност, и во регионот и пошироко. Морам да нагласам дека креирањето на мерките од овој пакет беше направен максимално транспарентно и во целосно инклузивен процес во кој учествуваа стопанските комори, синдикатите, граѓанските организации, како и поединци, експерти во одделни области од социо -економската и финансиска сфера“, истакна Спасовски.
Министерката за финансии, Нина Ангеловска, смета дека освен граѓаните, клучно е што мерките опфаќаат многу бизниси за да може полесно да ги надминат проблемите во пост-кризниот период.
„Со третиот пакет мерки Владата покажува дека мисли на сите, дека има јасно определени цели со кои ќе помогне за нова развојна конкурентна македонска економија и ќе го помогне и приватниот сектор за да биде уште подобар и уште поконкурентен во пост-корона периодот“, истакна Ангеловска и додаде дека за првпат ќе се воведе државна гарантна шема преку Развојната банка, која инаку е веќе воспоставена во голем број европски земји, а во поново време и во Србија и Албанија, со цел да се подобри пристапот до капитал за поголем број претпријатија без разлика на нивната големина.
„Секоја мерка е дизајнирана од реална основа и потребите на стопанството, на приватниот сектор и оваа мерка би имала за цел да го олесни пристапот на приватниот сектор до финансиски средства, со што истите би имале можност да го делат ризикот односно државата да преземе дел од ризикот. Што значи тоа? Тоа значи дека државна гаранција со покриеност од околу 50% во Развојната банка би требало да има почетен капитал од 10 милиони евра со коишто би се ко-гарантирал износ од над 65 милиони евра. Значи, целта е кај компаниите кои потешко би дошле до средства, до кредити коишто ќе им бидат потребни за периодот по закрепнувањето, државата да преземе дел од ризикот, со цел тие полесно да дојдат до средствата што им се потребни за зголемување на конкурентноста за инвестиции за подобрување на ликвидноста“ рече Ангеловска.
Со ребалансот, дополнителни 25 милиони евра се ставени во Ковид програмата на Владата и дел од нив ќе бидат насочени и во државната гаранција, и не само на мали и средни компании туку за сите компании на кои ќе им бидат потребни средства и за зголемување на конкурентноста, за да ги обноват врските со пазарите коишто можеби ги изгубиле.
Merki-koregirana-21Клучните ефекти од мерките
Економскиот советник во Владата, Фатмир Битиќи, наброја неколку клучни ефекти што се очекува да ги дадат овие мерки.
„Ефектите од овој пакет економски мерки се повеќе димензионални, па така резултатите кои ќе се постигнат со нив ќе значат и системски решенија: ќе се поттикне приватната потрошувачка; ќе се зголеми конкурентноста на нашите компании на домашно и регионално ниво; ќе се трансформира и унапреди дел од економијата со воведување на ИТ и друга технологија во нивното работење; ќе се формализира дел од неформалната економија; ќе се зголеми употребата на безготовинските плаќања како инструмент за сузбивање на сива економија; ќе се овозможи модернизација и дигитализација на услугите и процесите. Ефектите од овој нов пакет економски мерки се на сите нивоа, ќе ги осетат сите граѓани и многу ресори во економијата. Ние сме социјална држава и солидарно општество и затоа во мерките може да се пронајде секој – зашто секој треба и секој ќе добие поддршка“, истакна Битиќи.
Владата претходно во два наврати донесе антикризни мерки, меѓу кои и финансирање плати во износ еднаков на минималната плата, односно 14.500 денари за работниците од најпогодените индустрии.
Според процените, од сите досегашни мерки бенефит ќе имаат над 730 илјади граѓани.
Економистите оценуваат дека третиот сет на економски мерки кои Владата ги донесе за амортизирање на ударот од пандемијата со коронавирусот, ќе ја поттикне потрошувачката и со тоа на краток рок ќе се забрза економската активност.
Универзитетскиот професор Марјан Петрески, со којшто разговаравме за сите досегашни антикризни мерки што ги донесе државата како одговор на економската криза, смета дека и со вториот пакет се постигнал вистинскиот ефект, со кој, државата им помага на фирмите да ги исплатат платите на работниците и да се сочуваат голем број на работни места.
Но она што генерално недостасува, според Петрески, се мерки со кои би се опфатиле извозно ориентираните компании како и капиталните инвестиции каде што има постојани потфрлања.
„Третиот сет на мерки е во една сосема во поинаква насока, Владата тоа го комуницира дека се однесува на заздравувањето на економијата и да кажеме дека тоа е коректно. Меѓутоа она што е главно во тој сет на мерки се оние мерки кои што се насочени да ја поддржат потрошувачката, и тоа е во ред и тоа тие ќе го направат на еднократен начин, немаат долгорочен ефект. Би рекол дека дополнително она што е позитивно кај тие мерки е она што беа таргетирани затоа што во други земји, да не одиме подалеку во една соседна Србија, има мерки кои не се таргетирани т.н пари од хеликоптер што е далеку полоша опција од она што го гледаме тука“, вели Петрески.
Во однос на генералната оценка на мерките до сега, според Петрески со вториот сет на мерки се постигнал некаков баланс помеѓу она што им треба на фирмите и она што им треба на работниците.
„Јас мислам дека главното амортизирање на ударот врз економијата беше направено со вториот сет мерки каде што се отиде главно на една мерка онаа која што овозможи фирмите кои се соочуваат со ликвидносни проблеми, државата да им излезе во пресрет преку позајмица или преку грантови средства да ги исплаќаат платите во висина од 14.500 денари по вработен. И мислам дека тоа беше една соодветно димензионирана мерка која што оневозможи да се соочиме со голем бран на отпуштања“, истакна Петрески.
3781774Она што генерално недостасува, според Петрески, е целосен фокус врз економијата на долг рок.
„Ќе спомнам само две групи на потенцијални мерки, тоа е што ќе се случува со извозно ориентираните компании, бидејќи во процесот на заздравување на економијата тие може да бидат еден клучен столб како да ја извлечат оваа економија од подлабока криза и вториот елемент се капиталните инвестиции на државата за кои не сум оптимист, бидејќи во претходните години не се направи ништо за да се промени процесот на планирање и извршување на капиталните инвестиции, ние таму видовме постојани потфрлања“, вели Петрески.
Имајќи предвид дека се распишани предвремени избори и партиите преговараат за конкретен датум, според Петрески тешко е да се каже дали во мерките има или нема популизам, особено што тие се фокусирани врз потрошувачката.
„Од друга страна скоро сите земји тоа го прават, барем да ги залечат краткорочните последици од кризата се фокусираат врз потрошувачката. Така што сега сакам да кажам дека ние ако сакаме да најдеме аргументи дали тие се популистички во пресрет на изборите или не секако ќе најдеме, меѓутоа да гледаме чисто економски“, коментира Петрески.
Професорот оценува дека не може процесот на заздравување на економијата да се помине безболно, затоа и мерките кои досега се преземаа се во насока тој пат да биде пократок.
„Колку во тоа ќе успееме ќе видиме затоа што се уште во целиот овој контекст постојат многу непознати. Ние сега велиме дека сме во фаза на излегување од првиот удар на кризата, но се уште гледаме дека не го правиме тоа доволно брзо. Се уште економијата не се отвора доволно брзо, а не знаеме што ќе се случува на есен. Постојат доста прогнози дека ќе имаме нов пик на епидемијата, со какви потенцијални мерки би се бореле и во македонски услови секако третиот фактор кој што не треба да го занемаруваме е дека треба да одржиме избори во целиот тој контекст“, вели професорот Петрески.
Во однос на процените за движењата во економијата до крајот на годината вели дека ќе зависи од тоа, каков втор бран на корона вирус не очекува.
„Ако тој удар дојде и биде посилен мојата проекција ќе се влоши како економијата ќе заврши но и обратно. Капацитетот на мерките да се борат со првиот удар е солиден и очекувам дека тоа во одредена мера ќе го ублажи падот“, истакна Петрески.
Инаку, прогнозите за економијата годинава се движат од пад на бруто домашниот производ од -3,2% според Светската банка, -3,4% според Владата, -3,5% според Народната банка и ЕБОР, намалување од -3,9% колку што е проекцијата на Европската Комисија, па до рецесија од -4% според ММФ.
Токму притисокот од негативните економски последици, но во исто време задржувајќи го здравјето на граѓаните како врвен императив, ги натераа властите и овде и ширум светот да размислуваат за омекнување на рестрикциите.
Работата од дома можеби и ќе продолжи да биде практика во оние компании каде што е тоа можно, но одредени бизниси се во исчекување да се омекнат најрестриктивните мерки за движење на луѓето за да почнат да работат.

Трет сет антикризни мерки

Трите столба мерки се состојат од поддршка на граѓаните и домашната потрошувачка, на стопанството и неговата конкурентност, како и на земјоделството како една од носечките гранки во земјава. Во првиот столб се предвидени мерки за домашна платежна картичка за социјално ранливи категории и семејства со пониски приходи од 9.000 денари, поттикнување на домашниот туризам со ваучер од 6.000 денари плус платежна картичка од 3.000 денари за лица со пониски примања, ваучери за млади до 29 години за ИТ вештини плус домашна платежна картичка од 3.000 денари, награда за здравствените работници од инфективните одделенија, надомест за работниците коишто го изгубиле работното место поради кризата предизвикана од коронавирусот и македонски шопинг викенд со МојДДВ.
Со вториот столб мерки за помош на стопанството се предвидени мерки за бескаматни кредити со 30% грант, државна гарантна шема преку Развојната банка, финансиска поддршка за приватниот сектор, економијата и индустријата, мерка за модернизација и нови пазари, програма за бизнис и развојни услуги, инструмент за брзо прилагодување и модернизација, кофинансирање настани и конференции со 50% државна поддршка до 30.000 денари.
Кај столбот земјоделие предвидени се поддршка на аграрниот сектор преку Развојната банка, платежни картички за набавка на гориво и механизација, поддршка за преструктурирање кон нови производи во преработка на грозје, овозможување соработка на јавниот и приватниот сектор преку моделирање јавни приватни партнерства во лозарството и тутунскиот сектор, реформа за ефикасност во користење на пасиштата, окрупнување на земјоделското земјиште – нова можност за поголема конкурентност, финансирање микро земјоделски субјекти и модернизација на земјоделството.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×