Половина милион патници на аеродромите во Скопје и Охрид во првиот квартал
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Во првите три месеци од годинава  преку  Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, се превезени 480.845 патници, што е пораст од  седум проценти споредено со првиот квартал лани, објави денеска ТАВ Македонија, концесионер на аеродромите.
aerodromСкопскиот аеродром  опслужил 454.448 патници во првиот квартал годинава со 5,6% пораст на годишно ниво, а преку охридскиот се превезени 26.397, што е годишен пораст од 63,9%.
„Првиот квартал од 2019 година го завршивме со речиси половина милион патници на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид. Скопскиот аеродром ја забележа очекуваната стапка на пораст од 5,6 %, што ќе биде и повисока во вториот и третиот квартал од годината, поради отворање четирите нови дестинации, Баден-Баден и Бремен отворени во март оваа година, како и Ларнака и Турку, кои што ќе бидат отворени во јули годинава“, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.
Порастот на бројот на патници за 64 проценти на охридскиот аеродром,  како што наведе Ерсој, е како резултат на трите нови авиолинии отворени во последните шест месеци, Виена во ноември  лани и Малме и Милано  во минатиот месец.
„Со дополнителните четири нови дестинации што ќе се отворат ова лето – Меминген, Дортмунд, Штутгарт и Дизелдорф, очекуваме да ја одржиме високата стапка на пораст на бројот на патници на аеродромот во Охрид, притоа постигнувајќи нови рекорди. ТАВ Македонија, заедно со сите владини тела во областа на воздухопловството, ќе продолжи да работи на развој на мрежата на авиолинии на двата аеродрома. Во исто време, задоволството на патниците ќе остане како еден од нашите врвни приоритети, со фокус на подобрување и иновација на услугите за авиокомпаниите и патниците“, изјави Ерсој.
Според статистичките податоци за патнички сообраќај на ТАВ Македонија, од јануари до март  годинава, најфреквентните дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје се: Истанбул со 10,9 проценти пазарен удел, Цирих (7,5 %), Базел (5,6%), Малме (4,9%), Виена (4,8%), Меминген (3,6%).
Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“  има превезено најголем број од патниците со 67,4% пазарен удел, а потоа следуваат  Туркиш ерлајнс со 8,4%, Германија Глуг со 4,8%, Аустријан ерлајнс со 4,7%, Еделвајс со 2,6% и Пегасус ерлајнс.
Од Меѓународниот аеродром Скопје  13 авиокомпании  обезбедуваат поврзување до 42 редовни дестинации, а од охидскиот 11 авиокомпании опслужуваат пет редовни и осум сезонски дестинации.
ТАВ Македонија ја заврши 2018 година со вкупно 2,3 милиони патници на двата аеродрома, што претставува 16 проценти годишен пораст и со 19.750 летови, односно  проценти годишен пораст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×