Половина од германските бизнисмени во Македонија очекуваат подобрување
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Германските компании во Македонија имаат позитивни очекувања дека деловната клима значително ќе се подобри во тековната 2018 и тие се многу повисоки во однос на минатогодишната анкета. Дури 45% од извршните директори очекуваат подобрување, а само 12% од нив очекуваат полоши макроекономски услови. Но, сегашната економска ситуација од страна на анкетираните компании е оценета полошо во однос на минатата година. Само 7% од компаниите ја оцениле моменталната економска состојба како добра, а половина од нив ја оценуваат како лоша.

„Во нашето истражување, на прашањата поврзани со оцена на уловите во сопствената стопанска гранка и ситуацијата во сопствената компанија, резултатите се многу слични на оние од минатата година. Компаниите редовно ја оценуваат сопствената деловна состојба подобро  отколку општата макроекономска состојба. 36% од испитаниците ја оценија сопствената деловна состојба како добра, додека само 10% дадоа негативна оценка“, објаснуваат од Македонско – германското стопанско здружение.

Позитивни промени очекуваат 68% од испитаните компании во однос на зголемување на продажбата, 5% стравуваат од пад на продажбата и тоа е мало подобрување во однос на претходната година. Зголемен извоз очекуваат 48% од производителите оваа година во споредба со претходната година, а само 4% очекуваат пад на нивната извозна продажба.

„Тоа е добар знак, дека поголем дел од компаниите и покрај одредени тешкотии сопствената деловна положба ја оценуваат како добра, односно задоволителна. Во времиња кои се тешки и во политиката и во стопанството, не само во Македонија туку и насекаде во светот, важна е стабилноста и сигурноста на сопствената фирма. Годинава, некој од факторите кои минатите години беа оценети како негативни се подобрени но повторно, испитаниците не се задоволни од сузбивањето на корупцијата и криминалот, правната сигурност и ефикасноста на јавната администрација. И покрај наведените проблеми, сепак е охрабрувачки фактот дека 72% од компаниите кои работат во Македонија повторно би инвестирале во Македонија“, изјави Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија и раководен член на Управниот одбор на Македонско – Германското стопанско здружение додавајќи дека во земјата работат повеќе од 200 компании со германски капитал кои вработуваат 20.000 луѓе, што игра важна улога на  пазарот на трудот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×