Половина од младите Грци добиваат финансиска помош од родителите
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Половина од Грците на возраст меѓу 18 и 35 години добиваат финансиска помош од родителите или од други блиски роднини, покажало истражувањето што го цитира електронското издание на Катимерини.

Само 15% од невработените млади во Грција мислат дека е можно да најдат работа во следните 6 месеци, а 41% се подготвени да заминат во друга држава за да работат.

Грчката младина покажала дека е помалку подготвена да презема ризици, за разлика од своите родители. Младите имаат помалку доверба (од родителите) во институциите; учествуваат помалку во колективни активности и се попасивни во однос на вработувањето и на сопствената иднина.

Во анкетата учествувале 1.500 млади од Грција, од сите делови на државата, како и 500 родители.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×