Половина од популацијата помеѓу 15 и 29 сака да ја напушти Србија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Србија моментално сака да ја напушти речиси половина од населението помеѓу 15 и 29 години без идеја за враќање, изјави денеска продеканот за соработка на Економскиот факултет во Белград, задолжен за соработка со стопанството, Драган Лончар.
браин драин“Во наредните години, земјата би можела да ја напуштат до 25% од образованото и просперитетно население”, рекол тој на Форумот на Српската ассоцијација на менаџери “Како да се задржат младите во Србија”, пренесува Бета.
Лончар додал дека Србија, според показателот “капацитет да ги задржи талентите” е на 134-та позиција, и според показателот “капацитет за привлекување таленти” на 132-та позиција од вкупно 137 земји, според истражувањето на Светскиот економски форум (СЕФ).
Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) од 2000 година, повеќе од 650.000 луѓе, претежно млади луѓе, ја напуштиле Србија.
Истражувањето на Министерството за образование од 2018 година, покажа дека 25% од учениците сакаат да го продолжат образованието во странство, а 66% од нив сакаат да продолжат да живеат таму.
“Прашањето за одлив на мозоци од Србија е посилно отколку кога било досега, особено со оглед на проценките дека најмалку 35.000 луѓе ја напуштаат нашата земја секоја година, во потрага по подобар стандард и перспектива. Затоа Српската асоцијација на менаџери одлучи да започне серија разговори со бизнисмените, државните институции и факултетите во желбата да ја истакне важноста на сите во својата сфера, да преземат одговорност и да се обидат да создадат услови за подобар живот и работа на младите во Србија “, рече извршната  директорка, Јелена Булатовиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×